Вонредна состојба од поплави во четири бугарски општини – црвено предупредување на дел од земјата


Нивото на реката Места нагло се зголеми во областа околу Черна Места во општина Јакоруда во Бугарија, поради што локалните власти ја следат ситуацијата, додека веќе се распоредени екипи за итни случаи и тешка механизација, објави Новините. Градоначалникот Мехмед Вакљов изјави дека во моментов нема непосредна закана, но дека три надојдени реки во клисури во […]

Перу воведува вонредна состојба во Лима поради растот на криминалот


Владата на Перу ќе воведе вонредна состојба во главниот град Лима и соседниот град Калјао, објави премиерот Густаво Адриансен. Одлуката е донесена поради растот на криминалот, а војската ќе биде ангажирана за поддршка на Националната полиција, јавува државната телевизија ТВ Перу. Вонредната состојба ќе биде официјално воведена во текот на денот, а владата веќе го […]

Српската Влада донесе Одлука за прогласување елементарни непогоди во 56 градови и општини


 Владата на Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за прогласување елементарна непогода во 56 градови и општини во државата. На седницата на Владата беше донесен заклучок за формирање Работна група за координација на активностите за санирање на последиците од поплавите и подготовка на државна помош и програми за обнова по поплавите што ја погодија […]

Славески: Нема доволно потписи за вонредна седница на Советот на Скопје за загадувањето


  Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески апелира на соодветна државна реакција и имплементација на координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град. Славески во писмената реакција до јавноста исто така информира дека нема собрано доволен број потписи за свикување вонредна седница на Советот на Град […]

Во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници


Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници. Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми. Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус. – Подготвени сме за наш одговор […]

Вонредната состојба во Молдавија продолжена за 45 дена


 Молдавскиот парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба за 45 дена поради ситуацијата во Украина. Информацијата ја соопшти претседателот на Парламентот, Игор Гросу. Властите во Молдавија ја воведоа вонредната состојба на 24 февруари. Комисијата за вонредни ситуации предложи продолжување за уште 45 дена почнувајќи од 24 јуни, а тоа го поддржа и Владата. Премиерката Наталија […]

Од полноќ Унгарија е во вонредна состојба


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан воведе втора вонредна состојба, овојпат поради санирањето на последиците од војната во Украина, а првата вонредна состојба поради Ковид-19 завршува во вторник следната недела, јавуваат новинските агенции. „Светот е на раб на стопанска криза. Унгарија мора да остане на страна од оваа војна и да ја штити финансиската состојба на […]

Парламентот на Украина ја продолжи воената состојба до 25 април


Украинскиот Парламент денеска ја продолжи воената состојба во таа земја за уште 30 дена, поточно до 25 април. Воена состојба беше воведена на 24 февруари во Украина, за период од 30 дена, откако Русија, како што се наведува, ја започна инвазијата врз Украина. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа испрати закон до Парламентот со кој […]

СЗО одлучува за продолжување на вонредната состојба во јавното здравство


Светската здравствена организација (СЗО), со помош на независен комитет од експерти,  денеска ќе одлучува дали да ја продолжи глобалната вонредна состојба во јавното здравство, јави ДПА. Сегашната „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“ е во сила речиси две години поради пандемијата на коронавирус. Тоа е највисокото ниво на тревога што може да го […]

Во Лондон прогласена вонредна состојба поради преполните болници


Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска објави вонредна состојба за да им помогне на болниците во градот да се справат со зголемениот број пациенти со Ковид-19 поради варијантата Омикрон, која брзо се шири. Како што пренесуваат локалните медиуми, преземањето на овој чекор ќе овозможи поблиска координација меѓу различните владини служби, бидејќи Велика Британија вчера го […]

САД: 16 сојузни држави го тужат Трамп поради вонредната состојба


Шеснаесет американски сојузни држави, предводени од Калифорнија, ја тужат администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп поради одлуката да прогласи вонреднa состојба, со цел да се обезбедат средства за изградба на ѕид долж американско-мексиканската граница. Тужбата, поднесена во Окружниот суд во северниот дел на Калифорнија, доаѓа само неколку дена откако Трамп во петокот повика на […]