ЕУ се согласи да ги намали емисиите на ЦО2 од возилата за 35 отсто


Министрите за екологија и животна средина на земјите членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа договор за намалување на штетните емисии на јаглерод диоксид од возилата за 35 отсто до 2030 година. Постигнатиот компромис е под нивото што го бараше Европскиот Парламент од 40 отсто, како и под барањата на повеќе земји членки, како Франција и […]

Зголемен интензитетот на сообраќајот на Евзони, но и во земјава


На грчко македонската граница, на граничниот премин Евзони за излез од Грција денеска се чека околу два часа. На границата се формирани неколку колони возила од кои најмногу се со македонски и српски регистарски таблички. Забележливи се и туристи од Босна и Херцеговина, Романија и Унгарија кои денеска заминуваат од Грција. На грчката граница, заедно […]

Итната помош ќе добие 12 нови возила


Министерството за здравство почна јавна набавка на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош. Дополнително се очекуваат уште три возила од донација. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил. Ова ќе значи зголемување на капацитетите на здравствените установи со возила за Итна медицинска помош, кои ќе бидат распределени во […]

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Богородица“


На граничниот премин „Богородица“ има зголемен интезитет на возила, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Над 6.000 Македонци заминаа на продолжен викенд во Грција


На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила поради продолжениот викенд во Македонија, но не се чека подолго од десетина минути. Во изминатите 24 часа од земјата излегле 12.000 патници од кои 6.500 се македонски граѓани. – Гужвата од возила и автобуси во моментот е голема, но задржувањето на патниците не е подолго од […]

Три лица фатени како оштетуваат возила кај дискотека во Градски парк


Вчера во 02.30 часот, кај дискотека во Градски Парк, полициски службеници ги забележале лицата К.П. (23), М.С. (21) и Н.В. (20), сите од Скопје, како се движат и со нозе удираат по паркираните возила и ги оштетуваат. Полициските службеници се упатиле кон нив за да ги спречат. Кога ги забележале полициските службеници, лицата почнале да бегаат. […]

Опожарени две возила во Аеродром


Две возила ноќеска биле опожарени на паркинг во скопската населба Аеродром. Како што соопшти МВР, изутрината во 04:23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, З.Н. пријавил дека на паркинг на бул. „Јане Сандански“ забележал опожарено патничко возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Б. од Скопје. Од пожарот било зафатено и […]

Голомразица на патиштата


На патиштата утринава сообраќајот се одвива по влажни коловози, а наместа има остатоци од кашест снег. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Авто мото сојузот на Македонија информира дека се уште важи забраната за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар.  

Украдени десет акумулатори од пет возила


Десет акумулатори од пет возила се ујрадени во Росоманско ноќта меѓу 24. и 25. овој месец, од страна на непознати сторители, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Штета од околу шеесет илјади денари претрпеле двајца сопственици на товарни моторни возила, соопшти Додевски. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Драстичен пад на увозот на стари автомобили


Македонците помалку купуваат автомобили. Податоците на царинската управа на Македонија покажуваат драстичен пад на увозот на половни автомобили од почетокот на годината. Статистиката покажува дека од јануари до октомври годинава увезени се вкупно 18.256 половни автомобили, што е за околу 4.000 возила помалку споредено со истиот период минатата година. Во исто време импортерите на нови […]

Девет лица се повредени викендов во сообраќајки во Скопје


Девет лица биле полесно повредени во пет од вкупно 22 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 17 сообраќајни несреќи била причинета материјална штета, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Сообраќајната полиција викендов открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, […]

Од денеска не возете без зимска опрема


Обврската за носење зимска опрема за возилата почнува од денеска. За возачите на автомобили, теренски возила и на лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а возачите на автобуси и на тешки камиони, покрај тоа, треба да поседуваат и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег. Казнувањето […]