Тинејџер од Штип возел 114 км/ч на улица каде е дозволено 50 км/ч


Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час На 06.04.2025 во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип. При контрола на патниот сообраќај […]

Возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило


Во саботата, во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци. Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин. Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по […]

Возел 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час


Во неделата, во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од с.Вруток, гостиварско.   При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е […]

Возач од Никуштак возел 108 км/ч на пат каде е дозволено 40 км/ч


 Дваесет и едногодишен жител од селото Никуштак вчера бил приведен, бидејќи управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место, каде е дозволена брзина од 40 километри на час. Како што соопшти МВР, вчера во 11:30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на […]

Премиерот Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош


Премиерот Христијан Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош во Кочани кој почина по помошта што ја пружи на повредените во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. – Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ […]

Возач се забил со џип во минувачи во германски Mаjнхајм – има мртви (видео)


Голема полициска акција е во тек во германскиот град Маjнхајм, откако возач со својот автомобил удрил во група луѓе. Според првичните информации, се работи за црн теренец кој со голема брзина влетал во луѓе при што биле повредени неколку лица, од кои некои потешко. Полицијата потврди дека најмалку едно лице загинало. Локалните медиуми објавија дека […]

Возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол, добил 18 месеци затвор


Судот во Стара Загора осуди 47-годишен возач на 18 месеци затвор поради управување на возило со 3,04 промили алкохол во крвта, соопшти судскиот прес-центар. Осудениот, идентификуван со иницијалите Б.Е., призна вина и ќе плати казна од 500 лева (околу 250 евра), како и 2.120 лева – вредноста на возилото со кое управувал во алкохолизирана состојба. […]

ОЈО: Возачот што ја прегази девојката на „Партизанска” бил без дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за –Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило […]

Луда одбрана на возач на „тесла“: „И да сум ја убил жената, автопилотот беше вклучен“


Еден возач на „тесла“ (42) кој првично негираше дека убил жена кога ја удрил со својот автомобил, сега вели дека „не може да се сети дали ја прегазил“. Ако и ја удрил жената, вели тој, причината за тоа е што автопилотот бил вклучен додека ги проверувал мејловите, така гласи одбраната на овој возач пред судот […]

Поднесена кривична пријава против возачот кој го возел Палевски до Турција


Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. […]

Словенија: Возачите не смеат да имаат алкохол во крвта, казните за несреќи од пијани возачи и до 130.000 евра


Пратениците на Словенија едногласно донесоа заклучок за националната програма за безбедност на сообраќајот на патиштата за следните седум години. Според усвоената резолуција, во наредните години, меѓу другото, би се проширувале зоните со ограничување до 30 км/ч, а се планира и намалување на дозволената количина на алкохол во крвта на 0,0. Словенечкиот парламент едногласно ја усвои […]

Две години и три месеци затвор за возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“


  Единствена казна затвор од две години и три месеци одреди судијката Марија Клетничка од Основниот кривичен суд Скопје за 21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ во Скопје удри десетгодишно дете кое од ударот почина на самото место, а тој избега. На обвинетиот, […]

Приведен возач со 3,53 промили алкохол во крвта, се онесвестил и застанал на автопат


Во понеделникот, во 23 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско.   Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот.   Тој […]

Пијан дошол во полициска станица – да се извини што возел под дејство на алкохол


За жал, кога луѓето се под дејство на алкохол, тие ретко можат да ги согледаат сопствените способности и да донесат рационални одлуки. Некои ќе влезат во автомобилот и на тој начин ќе ги загрозат другите и себеси. Еден пијан возач имал грижа на совест, но на погрешен начин. 38-годишникот многу испил, па додека возел почувствувал […]

На возач му се слошило, излетал од патот, констатирана смрт од Итната помош


Шеесетгодишник од тетовско Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот. Несреќата се случула утринава околу 6 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино. -Во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно машко лице од с.Теарце, излетало надвор од […]

Вчера се бараше со хеликоптер, денеска и со кучиња трагачи возачот кој со „голфот“ падна во Вардар


На третиот ден од потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот „голф“ што излета во реката Вардар кај тетовско Желино денеска се вклучени и кучиња трагачи. Освен тоа ќе се прави обид со допирање на протокот на вода во реката Вардар да се намали водостојот и олесни потрагата. Претставниците на надлежните институции проценуваат дека […]

Брисел: Возачот на комбе кој се залета во локали обвинет за обид за убиство


Возачот на комбето коешто во петокот се залета во тераса на кафуле и ресторан на брза храна во центарот белгиската престолнина Брисел, ќе биде обвинет за обид за убиство, јавува новинската агенција Belga. Белгиското државно обвинителство во саботата го потврди обвинението, но одби да го коментира идентитетот на обвинетиот маж. Белгиската полиција во петокот во […]

РСБСП: Возачите да не возат кога се уморни и под дејство на алкохол


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) преку соопштение апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да не возат кога се уморни, да не возат кога се под дејство на алкохол и да не ја пречекоруваат препорачаната брзина. Возачите кога се упатуваат на подолги патувања, како што се […]

ЈСП го суспендира возачот на „24-ка“ што нападна патник


ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот. Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на […]

На 4 години зголемена казната за возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“


Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на Јордан Ѓоргиев, кој со своето возило ја усмрти Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната ќе бидат образложени во пресудата. Претходно казната беше изречена […]