Жичарницата до Водно во функција од Нова година


По две години откако престана со работа жичарницата до врвот на Водно, Градот најавува дека таа ќе профункционира околу Нова година. – Во моментот се проверуваат техничките можности, потоа следува хортикултурно уредување, затоа што две години била запуштена, а на крај ќе треба да се дезинфицираат кабините – рече новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие […]

За викендот нема автобуси до Водно, нема да работи ниту Жичницата


Поради одржување на ридски натпревар во автомобилизам на Водно, во сабота и недела нема да сообраќаат автобусите на линиите 25, 25А и 25Б, соопшти ЈСП Скопје. За време на викендот нема да работи ниту Жичницата на Водно.

Алпинистичко-спасувачка показна вежба „Водно 2019“


Алпинистичко-спасувачка показна вежба „Водно 2019“ денеска ќе одржат припадниците на МВР во непосредна близина на големиот паркинг кај жичарата на средно Водно. На настанот, што се спроведува во рамки на активностите по повод одбележувањето на Денот на полицијата, припадници на хеликоптерската единица при МВР ќе извршат симулација на спасување лица заглавени во гондолите на жичницата […]

Жичарницата на Водно утре нема да работи до 12 часот


Жичарницата на Водно утре нема да работи до 12 часот поради одржување на „Алпинистичката вежба – Водно 2019“. – Времениот прекин на работата на Жичарницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата што ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи […]

Времен прекин на автобуските линии кон Водно поради манифестацијата „Прв до врв“


Поради одржување на манифестацијата „Прв до врв 2019″  утре од  девет до 10:30 часот нема да сообраќаат линиите кон и од Средно Водно. Времен прекин ќе има на линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно), соопшти Јавното претпријатие Скопје.

ТВ 24: Иванов преку синот купил два стана на Водно


Претседателот на државата Ѓорге Иванов купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син. Во катастарската документација, до која дојде ТВ 24,  стои дека за двата стана постои преддоговор за купородажба, зашто зградата е се уште во градба. Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 […]

Патот до Водно поплочен со „шпиони“?


Тврдењето на кандидатот за шеф на државата на владејачката коалиција Стево Пендаровски дека го следи тајна разузнавачка служба, односно структури „блиски до една голема опозициска партија“, беше повод за првиот, барем засега, директен „вербален контакт“ преку медиумите со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Таа излезе со реакција за јавно искажаниот сомнеж на Пендаровски користејќи го, […]

Уште три дена за потписи: Кон Водно ќе трчаат само тројца


Трката за претседател на државата најверојатно ќе остане на три кандидати, бидејќи мали се шансите на Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река да им се придружи уште некој од заинтересираните за наследник на Ѓорѓе Иванов што собираат потписи. На три дена до крајот на рокот, за Филип Петровски се потпишале 1.288 граѓани, […]

Водно се копа без мерки за заштита од ерозија


Изградбата на гасоводот на Водно продолжува без да се води сметка за безбедноста на работниците, обвинува граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“. Оттаму реагираат дека багерите во моментов се наоѓаат на работ на бездна, длабока и над 160 метри, во правец кон селото Шишево, а не се применуваат никакви мерки за заштита од ерозија. Заштитата од […]

Сончев Град го нема, ама Водно остана уништено


Кај новиот кружен тек во Сопиште крај Скопје стои табла „Нерези“, што покажува да свртите десно. Отприлика еден километар нагорнина по нов асфалтиран пат и ете сте на Водно. И тоа со автомобил на другиот крај од планината што до пред неколку години беше незамисливо. Сега и тој дел е урбанизиран, па добивате впечаток дека […]

Шилегов: Гасоводот е како бременост што не може да се прекине


Еколошките здруженија и институциите се сретнаа уште еднаш на дебата за трасата на гасоводот низ Водно и повторно излегоа убедени, секој во своите ставови. Договорија нова, трета по ред средба, но овој пат во организација и под услови на невладините организации. На втората дебата, која се одржа на Средно Водно, се соочија „Го сакам Водно“ […]

Екологистите и институциите вкрстија аргументи за Водно


Само 1,7 хектар шума од 2.500 хектари, колку што има на Водно, ќе се исечат за да се изгради магистралната делница на гасоводот кон Западна Македонија. Ова, според директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, е многу малку за да се смета дека со проектот се уништува планината. За екологистите, пак, секој зафат во заштитеното подрачје е […]

Шилегов: Прекинати се активностите на Водно


Градоначалникот Петре Шилегов денеска ги повика претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно, како и претставниците на граѓанските здруженија кои покажаа загриженост на дебата што ќе се одржи во понеделник (03.09.2018 година) во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје. Тој информираше дека се прекинати сите градежни активности за […]

Забранет пристапот до багерите на Водно


Знак за забрана за движење утрово ги пречека екологистите кои кампуваат на Водно, пред багерите што расчистуваат пат за трасата на магистралниот гасовод. Активистите на предупредувањето од МЕР реагираа со сличен натпис и побараа да не бидат вознемирувани додека уживаат и медитираат во природа. „Игра на мачка и глушец. Тие нам со табла, ние ним […]

Гасовод да има, но не низ Водно


Екологистите не прифаќаат гасоводот да поминува низ Водно. Коалицијата „Го сакам Водно“ е против и скратување и изменување на трасата и инсистираат Владата да понуди алтернативен пат за делницата 5 која треба со гас да ја снабдува Северозападна Македонија. „Кажуваме силно да за гасовод, но не низ Водно. Владата вчера најави почнување на градежните работи […]

Жицницата ќе работи и во вторник, превозот до Водно бесплатен


Жичницата на Водно во вторник ќе работи со вообичаено работно време и покрај тоа што станува збор за последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот. Од ЈСП Скопје велат дека одлучиле позитивно да одговорат на барањето на граѓаните жицницата „да не земе слободно“, затоа што станува збор за неработен ден (Богородица), поради […]

Тргнете ги багерите од Водно


Да се тргнат багерите од Водно, додека не се донесе издржано и заеднички прифатливо решение за трасата на магистралниот гасовод кон Гостивар, побараа вчера екологистите од Владата. Тие алармираа дека градежните машини деновиве повторно сечат дрвја на сртот, каде што биле узурпирани околу 200 метри шума. Побараа целосно да се дислоцираат бидејќи се сомневаат дека […]

Гасоводот останува на Водно, екологистите изненадени


Гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар ќе поминува на Водно, одлучила Владата. Според директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, гасоводот ќе се гради по спорната рута во заштитеното подрачје, но со мали измени на самиот врв на Водно каде што има високостеблеста шума и намалување на ширината на работниот појас од 25 […]

Ставаме крај на бетонирањето на градот


Неполна година откако стана градски татко, Петре Шилегов се соочува со наталожените, но и новосоздадените проблеми на Скопје. Загадувањето на воздухот, нехигиената, претераната урбанизација, сообраќајниот метеж се вечно актуелни теми во главниот град. Во наследство го доби и античко-барокниот проект „Скопје 2014“, а на негови плеќи паѓа одговорноста да го најде вистинското решение што ќе […]

Водно не е само шума


Магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар и кракот кон Косово, по сѐ изгледа, дефинитивно ќе се „вдоми“ во парк-шумата Водно. Иако, засега, Владата не соопштува кое е конечното решение на работната група составена од претставници на МЕР, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и граѓанските организации, сите изјави што ги слушнавме деновиве одат во таа насока. Владата […]