Два пожари на Водно, Ангелов: Во прашање е вандализам


Утрово на 1 септември избиле два пожари на Водно, а од еден од нив бил зафатен и планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ што се наоѓа на врвот на ова планина на територијата на Скопје. Забележан е и трет инцидент – искршено стакло на продавницата што се наоѓа во склоп на Милениумскиот крст на врвот на Водно. […]

Пожар во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на Водно


Пожар изби во планинарскиот дом ,,Даре Џамбаз” на врвот на Водно. Екипи на пожарникарите од Скопје се упатија кон врвот. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов замина кон местото на пожарот, а најави повеќе информации за десетина минути.

Ина Многуфина ја искара Арсовска, па ЈСП се јави со објаснување за неработењето на жичницата до Водно


Инфлуенсерката Ина Многуфина, која на социјалните мрежи има голем број следбеници, објави статус во кој вели дека денеска била на Водно, но жичницата не работела, и посочи дека никаде немало објавено дека жичницата нема да работи. Откако инфлуенсерката Ина Многуфина ја искара градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека никаде нема информација оти жичницата до Водно […]

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно


Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно. Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час. – Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во […]

Повозрасен вљубеник во природата скршил нога на Водно – организирана спасителна акција


Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), за повредено лице – со скршена нога на патека на Водно, Секторот за операции и координација со Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ги контактираше институциите што би помогнале, освен Црвениот Крст, бидејќи нивната спасителна служба е […]

Пет лица, турски државјани, се изгубиле на Водно откако се стемнило – евакуирани се


Петмина турски државјани останале на Водно откако се стемнило, па се изгубиле. Се јавиле на бројот на итни случаи 112, по што биле безбедно симнати од планината. – По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, […]

Вчера се трагаше по лице кое се лизнало и паднало на Водно


Регионалниот ЦУК Скопје, извести дека од Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава, вчера попладне, при што родителот побарал помош за синот, кој одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал. Телефонот му бил бил исклучен, а повикувачот не знаел, точно во кој дел може да […]

Арсовска проверува како се чистат велопатеките на Водно


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска направи увид во отпочнувањето на активностите за санација и одржување на двете велосипедски патеки на Водно. Со санацијата на велосипедските патеки повторно ќе се овозможат оптимални услови за нивно користење, а ќе се зголеми и безбедноста на велосипедистите.    – Посветено работиме согласно со програмата на сите активности […]

Прекин во испораката на топлинска енергија во дел од населба Водно


 „ЕСМ Дистрибуција на топлина“ соопшти дека работи за решение на прекинот на испорака кај дел од потрошувачите во скопската населба Водно. – Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок. Дополнително, „ЕСМ Снабдување со топлина“ ќе изврши проценка од аспект на ефектите врз потрошувачите и компанијата и […]

Вандали ги уништиле клупите и летниковците на Водно


Викендов, на Средно Водно, биле уништени дел од клупите, масите, летниковците, дрвените мостови и друго.   – По вандалското однесување на несовесни граѓани за време на викендов на Средно Водно, кога беше направена штета врз урбаната опрема, нашите екипи излегоа на терен и веднаш ги реконструираа парковските елементи во парк – шумата.   Од таму […]

Портокалова тревога, температурата до 43 степени – Водно спас од горештините


 До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс. Особено топло ќе биде денеска и во вторник и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Максималната тенпература денеска ќе биде во интервал од 36 […]

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот урбанистички план на Водно


Советот на Општина Центар на 26-та Седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот Урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022.    Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/2020; 111/23) предвидува изработување на урбанистички проект вон опфат на урбанистички планови на земјоделско, […]

Еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија


Над 100 учесници од заедницата за е-трговија и останати ентузијасти успешно ја спроведоа еко-акцијата во која се собираше отпадот од пешачките патеки на планината Водно. Еко-акцијата, која беше во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, имаше за цел да го поттикне единството во секторот за е-трговија и паралелно да влијае на зачувување […]

Си сечат дрвја на Водно, Герасимовски со сите надлежни на терен


Денеска, надлежните од Општина Центар, спречиле нелегална градба и понатамошна сеча на дрвја. Како што соопштија од Цетар, инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар при вршење на вонреден инспекциски надзор, по пријава на граѓани, затекнаа исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост. На предметената локација не се затекнати сторители, а дел […]

Жичницата на Водно од утре ќе работи два часа подолго – од 10 до 20 часот


Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утре, поради празникот 1 Мај, ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 20 часот. – Од мај жичницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, […]

Герасимовски: „Маркеза“ почнала да гради за да ја задржи правосилноста на градежната дозвола


Откако по пријави на граѓани општината беше информирана дека на Водно има повторно градежни активности, денес на терен излегоа инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар. По извршениот увид, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала. Што се […]

Герасимовски подготвува иницијатива за конфискација на дивоградбите


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24 рече дека на негово барање, општината подготвила иницијатива за конфискација на дивоградбите затоа што во моментов нема законска можност тоа да се направи. Герасимовски напомена дека во општината има неколку бесправни објекти чие уривање бара преголеми средства кои општината ги нема. […]

Жичницата од утре ќе работи еден час повеќе


Од утре, сабота (1.04.2023 год), жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен […]

Посебен режим на сообраќај на Водно


Поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска, со почеток во 10 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно. Како што информира МВР, рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до манастирот „Св. Пантелејмон“ […]

Скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување на Водно


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело […]