Дел од Скопје утре без вода поради дефект на цевка


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека утре од 9:00 часот без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Охридска“ и „Петричка“ во населбата Водно. Прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Охридска“ број 50 и ќе трае до целосно санирање на дефектот.

Жителите од улицата „Шекспирова“ утре без вода поради дефект на шахта


ЈП Водовод и Канализација информира дека утре (2 септември) поради дефект во шахта на ул. Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Емиратите воспоставија водовод за вода за пиење во Појасот Газа, 10 милиони литри ќе влегуваат дневно


Вчера во Кан Јунис, со поддршка на ОАЕ, беше воспоставен водовод долг 6,7 километри по должината на египетската граница со цел да се достави десалинизирана вода до Појасот Газа. Овој цевковод ќе снабдува вода за пиење густо населени области во округот Маваси и делови од Рафа. Омар Шатат, заменик-директор на Водоводот на крајбрежните општини, го […]

Вистинската вистина: Системот „Ѓавато“ не работи, Дојранското Езеро е драматично повлечено (Галерија)


  Вистинската вистина не била во Владата, како што тврди премиерот Христијан Мицкоски. Туку во фактите на теренот. Кај Дојран. Пред неколку дена премиерот Мицкоски навредливо во стил а-ла Вучиќ се обиде да ја омаловажи новинарката која го праша што станува со системот „Ѓавато“ од каде треба да се напојува Дојранското Езеро, одговарајќи ѝ со […]

Жителите на Осло се повикани да штедат вода: Туширајте се поретко


Жителите на Осло се замолени да ја ограничат потрошувачката на вода, бидејќи нивоата на резервоарите се моментално ниски. Одделот за вода на општина Осло ги замоли жителите и бизнисите во градот да преземат чекори за намалување на потрошувачката на вода, затоа што нивоата на резервоарите остануваат ниски. Агенцијата за водоснабдување и канализација (Vann- og avløpsetaten) […]

Улман: Не смее да се дозволи да се губи вода


Модернизација на водоводните мрежи, намалување на техничките и финансиските загуби, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на перформансите на јавните комунални претпријатија, сето ова се клучни елементи за поодржлива инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните. Вака денеска заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ги претстави целите од проектните активности вредни 7.5 […]

Скопје кубури за вода, апел за рационално користење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до сите жители на Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ и денеска се продолжува […]

Инженерот Димовски објасни зошто Скопје нема вода пред советниците во Град Скопје! Послушајте го!


Полнењето базени, полевањето и нерационалното трошење вода се причина што делови од Скопје деновиве намаат вода или имаат намален притосок. Поради ова, денеска и во Советот на Град Скопје се расправаше, а од „Водовод и канализација“ дојдоа двајца експерти, инженери кои објаснија каде е проблемот, но понудија и решенија.  Зоран Стојанов – оперативниот директор на […]

Цели населби во Скопје имаат проблеми со снабдувањето со вода – Владата не може да помогне


Прашан дали Владата може да се приклучи во решавањето на проблемот со снабдувањето со вода во делови на Скопје поради дивите приклучоци и нерационалното трошење, министерот за локална самоуправа, Златко Перински упатува дека ингеренциите се во Градот Скопје, согласно Законот за локалната самоуправа и Законот за води. -Владата нема никакви ингеренции. Ова е кулминација од […]

Десеттина пелагониски села без вода


 Десеттина пелагониски села утрово се без вода поради технички  зафат на регионалниот водовод, односно спојување на стара челична цевка со ново изведена цевка Ф400. Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата. -Фирмата изведувач  БВ инжинеринг-Битола го  затвори регионалниот водовод, за да […]

(Видео) Со денови „поплавена“ постојката кај Цветен пазар – никој не ја сопира водата


Повеќе денови истекува вода од отворен вентил на последна „23-ка“, во близина на Цветен пазар во Скопје. Водата тече по тревникот меѓу паркингот и автобуската станица, но претекува, па патниците кои чекаат автобус не можат да седнат на клупата на постојката, затоа што има вода пред неа. Оние кои секојдневно чекаат автобус таму, велат дека […]

Зголемена потрошувачката на вода за пиење во вечерните часови во Штип


Високите дневни температури деновиве ја  зголемија потрошувачка на вода во Штип, покажуваат анализите на Филтер станицата во Штип. Раководителката на Филтер станица при ЈП „Исар“-Штип, Тања Глигорова вели дека најголема потрошувачка има во вечерните часови кога се наводнуваат и бавчите. Филтер станицата, како што додава, располага со доволно вода за да се покријат потребите на […]

Скопјани, само во еден ден, потрошиле 140 олимписки базени со вода


ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека и покрај секојдневните апели и превземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Скопјани во еден ден потрошиле 140 олимписки базени со вода […]

Без вода дел од корисниците на „Партизанска“


Поради дефект на затворач Ф 80мм, без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од булевар „Партизанским одреди“, зад објектот на поранешното СЈО во Општина Центар, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Во скопски Сарај енормно голема потрошувачка на вода, опасност од сериозен дефект, зафатот ќе трае 10 часа


Поради енормно голема потрошувачка на вода во општина Сарај, технички се јавува преоптоварување на системот за фреквентна регулација на четирите електромоторни погонски единици во Пумпена станица Сарај, информираат од Центар за управување со кризи. Неопходен е технички софтверски зафат со проценето време од минимум 10 часа, во кои нема да работи ПС Сарај, хидрофор Глумово, […]

Без вода корисниците од Усје


Поради уличен дефект денеска од 09 часот без вода се корисниците од населеното место Усје.  – Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“. 

Мобилни екипи ќе дистрибуираат вода, флаери и ќе мерат притисок


Црвениот крст на Град Скопје подготви акциски план, кој опфаќа теренски активности во насока на справување со топлотните бранови. Согласно со искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Скопје, ќе се дистрибуираат вода, флаери со совети, ќе им се мери притисок на граѓаните што ќе се пожалат на […]

Без вода дел од Општина Бутел


Без вода денеска од 8:10 часот се дел од корисниците од улиците „Боро Кралевски“ и „АФЖ“ во општина Бутел. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 милиметри на улица „Боро Кралевски“ без број. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. 

„Водовод и канализација“ апелира за рационално користење на водата


ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата. „Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку […]

Без вода дел од корисниците на Влае


 Корисниците од населба Александрија во Влае ќе немаат вода поради изведувње водоводен приклучок на ул. „Aцo Шопов“ бр. 76. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до завршување на зафатот.