Поради скината цевка населбата Бутел без вода


 Поради скината цевка од страна на фирма на улица „Бутелска“ бб до Општината Бутел, прекин во водоснабдувањето попладнево имаат корисниците од населба Бутел. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 17:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

Дел од Карпош утре, а дел од Студеничани задутре ќе останат без вода


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека: На ден 18.10.2022 година (вторник), поради поврзување на нова и стопирање на стара водоводна мрежа на ул. Букурешка 103, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: ул. […]

Во делови од Скопје водата денеска со намален притисок


Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известуваат дека денеска, како резултат на дефект на ЕВН, без струја се пумпите во Рашче, Кондово и бунарите во Лепенец и Нерези. Заради овој прекин на снабдувањето со електрична енергија, во некои делови од градот водоснабдувањето ќе биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе се нормализира по санaцијата на дефектот од […]

За 20 односно 60 отсто поскапуваат водата и комуналиите во Прилеп


Цената на водата се зголемува за 20, а на комуналиите во просек за 60 отсто. Ова се одлуки на прилепските јавни претпријатија кои ги доставија до општинскиот совет. Зголемените цени се за октомвриските сметки кои прилепчани ќе ги добијат во ноември. И во двете претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комуналец“ посочуваат дека причина за зголемувањето […]

Во централна Кина црвен аларм поради недостиг на вода


Во централната кинеска провинција Џиангси за првпат е прогласен „црвен аларм“ поради недостиг на вода, бидејќи нивото на водата во најголемото кинеско езеро Појанг падна на рекордно ниско ниво. Појанг е витален извор на вода за најголемата кинеска река Јангце, а поради сушата во последните три месеци нивото од 19,43 метри падна на само 7,10 […]

Без вода утре ТЦ „Буњаковец“


Поради дефект на приклучна цевка 6/4“ на улица „Стефан Јакимов – Дедов“ број 4, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Владимир Полежиновски“, како и ТЦ „Буњаковец“. Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Селата Буковиќ и Копаница без вода, прекинато водоснабдување и на дел од улицата „Марко Крале“


Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на крстосницата на „Бутелска“ со „Марко Крале“, денеска од 08:30 часот, па до завршување на активостите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Марко Крале“. Како што информираат од ЈП „Водовод и каналзиација“, воедно денеска поради изведување на зафати за реконструкција на резервоарот во село Копаница, […]

Егзопланета оддалечена 100 светлосни години од Земјата можно е да е покриена со вода


Меѓународен тим на истражувачи откри егзопланета која би можела целосно да биде покриена со вода. Станува збор за планетата TOI-1452b, која е оддалечена околу 100 светлосни години од Земјата и се наоѓа во соѕвездието Змеј. Таа е поголема и помасивна од Земјата и се наоѓа во т.н. населлива зона, што значи дека температурата е соодветна […]

Во Велика Британија рестрикции во водоснабдувањето поради сушата


 Британската водоводна компанија „Јоркшир вотер“ денеска најави воведување на одредени рестрикции од 26 август. Причината е што делови на северна Англија имале најмалку врнежи откако почнале да се евидентираат, пред повеќе од 130 години. „Екстремно топлото и суво време предизвика реките во Јоркшир да исчезнуваат и нашите резервоари да бидат околу 20 отсто пониски, отколку […]

Австрија има најчиста вода за капење во Европа


Според извештајот за водите за капење, речиси 85% од местата за капење во Европа се рангирани како „одлични“. Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во јуни објави извештај за квалитетот на европските води погодни за пливање. Според него, прогласена е најдобрата земја во Европа за пливање, а интересно, таа нема ни море. Според извештајот, речиси […]

Без вода дел од Драчево и „Јадранската магистрала“


Дел од корисниците лоцирани на улиците „Малешевска“, „Аилска“, „Јакупица“, „Румена Хаџипанзова“ и „Бранко Заревски“ во скопската населба Драчево, како и на „Јадранска магистрала“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекините се поради улични дефект на улица „Јустинијан Први“ број 2 во Драчево и на улица „Качанички […]

ЗНМ бара конкретни мерки од МВР против лицето што ги спречило новинарите на Алсат да си ја вршат работата


ЗНМ бара итна реакција од општина Сарај за вчерашната случка со екипата на Алсат, каде што тие, од страна на локалните жители биле спречени да снимаат. Вчера напладне новинарската екипа на телевизијата Алсат во состав Мелихате Рустеми (новинарка) и Бојан Костовски (снимател) биле спречени да ја вршат својата работа. Екипата пристигнала во селото горно Свиларе […]

Холандија официјално прогласи недостиг на вода


Холандската Влада денеска соопшти дека на национално ниво има недостиг на вода предизвикан од топлото и суво лето, што доведе до рекордна суша во поголемиот дел од континентот. Властите формираа тим за подготовка на мерки за управување со расположливите водни ресурси и побараа и од граѓаните да се вклучат во штедењето вода. – Недостигот на […]

Над 90 проценти од домаќинствата користат вода од водовод, а над 12 илјади флаширана


Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење над 91 процент користат вода од јавен водовод, додека над 12 илјади или над два проценит од домаќинствата користат флаширана вода за пиење, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупно […]

Во Романија најавија ограничувања за вода за пиење


Дел локални администрации ќе треба да наметнат ограничувања за користење на водата за пиење, затоа што многу се троши кога поединци со таа вода си ги полеваат градините, изјави романскиот министер за животна средина, води и шуми, Тањош Барна.Како што додаде министерот, кризен штаб на Владата ќе ги следи регионите засегнати од суша и ќе […]

Делови од Батинци и Центар денеска без вода


Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите од скопското село Батинци, а од 9:25 часот и дел од корисниците во близина на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Општина Центар. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето во Батинци е поради дефект на приклучна цевка на […]

Водата во Скопје е безбедна за пиење


 ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека според физичко-хемиските и микробиолошките испитувања од 55 мерни места во Скопје водата е безбедна за пиење. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 јули до 15 јули зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 55 мерни места во […]

АДКОМ: Ако Владата не помогне, ќе „скокнат“ сметките за вода


Во име на здружението АДКОМ кое ги обединува јавните комунални  претпријатија, даватели на комунални услуги кои функционираат на територијата на целата држава упатуваме јавен апел до владата за помош, за справување на последиците од тешката економска криза која се чувствува и во нашето работење. Поради енормниот раст на трошоците за струја, растот на цената на […]

Без вода дел од скопско Тафталиџе


Поради дефект на ф-100 милиметри на улица „Копенхагенска“ број 4, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Софиска“, „Стокхломска“ и „Његошева“ во скоспката населба Тафталиџе. Водоснабдувањето, како што информираат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот. 

Утре улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓорѓов“ ќе останат без вода


Утре, 07.07.2022 година, поради дефект на 2 затворачи ф-80 мм на „Народен фронт“ 3 ќе има прекинато водоснабдување. Во најавата на Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација се наведува дека корисниците на дел од ул. „Народен фронт“ (од број 3 до број 17) и „Васил […]