ВМРО-ДПМНЕ: Правото да важи еднакво за сите


“Македонија нема да биде демократска земја се додека се притвараат луѓе само заради тоа што имале храброст гласно да го кажат своето мислење и јавно да се спротистават на политиките со кои не се согласуваат. Во Македонија нема да има атмосфера за конструктивна дискусија се додека пратеници, уметници, доктори, архитекти, актери, оперски пејачи и полициски […]

СДСМ ја чека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието по празниците


СДСМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието по новогодишните празници и заедно со парламентарното мнозинство да работи во интерес на граѓаните. – Убедени сме и се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушти старите практики за деструкција и кочење на процесите и оти веднаш по Новата година ќе се врати во Собранието и заедно со […]

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во парламентот


Христијан Мицковски, како лидер на опозицијата која е разединета по неодамнешниот конгрес со Валандово, се соочува со првата поголема дилема по преземањето на функцијата: дали да ги врати своите сопартијци во парламентот или да продолжи да дејствува вонинституционално – во ситуација кога сѐ уште не е надмината ситуацијата поради која ВМРО-ДПМНЕ прогласи „тивок бојкот“ на […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за пратенички прашања


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на утрешната седница посветена на пратенички прашања, изјави за МИА привремениот координатор на парламентарната група Влатко Ѓорчев. Ова решение е донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. – […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќат во Собранието


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќат во Собранието, потврди за Телма привремениот координатор на пратеничката група Влатко Ѓорчев. Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ е донесена попладнево откако Кривичниот суд одлучи  денеска да го продолжи за уште 30 дена притворот и домашниот притвор на уапсените, меѓу кои се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, полициски функционери, полицајци и симпатизери на опозицијата, […]

Заев очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре да се вратат во Собранието


Премиерот Зоран Заев очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на утрешната седница посветена на пратенички прашања. Доколку утре не дојдат, како што вели, седницата ќе биде многу кратка бидејќи немам намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство. На вчерашната средба со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан […]

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште без одлука за учество во работата на Парламентот


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено одлука дали ќе учествува во работата на Парламентот. На денешната прес-конференција во партиското седиште, пратеничката Дафина Стојаноска, рече дека се уште се во тек внатрепартиските разговори за тоа дали да се вратат во собраниските тела и на седниците. Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува дека координаторите на […]

Осумте принципи – пат без хендикеп


Костадин Богданов Република Македонија е држава која има уставна определба да се развива како парламентарна демократија. Тоа пред сѐ подразбира политичките партии, чинители на тој парламентаризам, да бидат однатре структурно и функционално демократски поставени. Само така може да се гарантира демократскиот карактер на државата. Од друга страна, пак, од партиите со внатрешен демократски дефицит не […]

Димовски веќе не е прв вмровец во Собранието


Долгогодишното заштитно лице на пиар-стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, го презеде првиот чекор по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на партијата. Имајќи предвид дека не се согласуваше со начинот на кој беше организиран конгресот во Валандово и дека јавно застана зад обвинувањата дека Никола Груевски ја користи целата партиска машинерија за да му помогне […]

Мицкоски се всели во кабинетот на Груевски


Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска му го предал партискиот кабинет на новоизбраниот лидер на партијата Христијан Мицкоски. Груевски му посакал успех во работа на Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се, како што е […]

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред распад


По неколкумесечен опозициски стаж, пратеничкото јадро на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е пред распад. По игра на случајот, ова раслојување се интензивира токму на петгодишнината од „црниот понеделник“ во парламентот – настан што тогаш, од позиција на власт и на моќ, го предизвика ВМРО-ДПМНЕ која, пак, сега е соочена со внатрепартиски расцеп, што може да се […]

ВМРО-ДПМНЕ на крстосница


Иако очекуван, изборот на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја става најголемата опозициска партија на крстопат меѓу посакуваното обединување и поход кон власта и реалното незадоволство и фракционерство на дел од поранешните и актуелните функционери. Конгресот во Валандово, а уште повеќе реакциите по него, ја доловија сликата дека ерата после Никола Груевски ќе биде […]

Дали анонимниот ќе го засени незаменливиот?


Кога кон крајот на септември 2016 година на чело на ЕЛЕМ беше поставен професорот од Машинскиот факултет, Христијан Мицкоски, никој не можеше ниту да претпостави дека петнаесетина месеци подоцна ќе го наследи „незаменливиот“ Никола Груевски на челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ. Анонимен за поголемиот дел од членството и неприфатлив за радикалниот дел, сталожениот и умерен доктор […]

На ливчето немаше друг избор освен „За“ Мицкоски


За „Кинески систем“ и „византиски игри“ во Валандово, обвинуваат дел од делегатите на ВМРО – ДПМНЕ, на кои што воопшто не им се допадна начинот на кој беше организиран конгресот каде се избра наследник на Никола Груевски. Тие го сметаат конгресот за нелегитимен, посочувајќи конкретни примери, со кои, наводно, се гледа како партиската машинерија работи […]

СДСМ: Црниот понеделник не смее да се повтори


СДСМ потсетува дека денешниот датум, 24 декември, ќе останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија. „Никола Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари и пратеници. Таквите долгогодишни политики на сеење страв и омраза од страна […]

Љубчо Георгиевски: Треба да му се даде шанса на Мицкоски


Љубчо Георгиевски, поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го поддржува изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на партијата. „Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во Вмро. Треба да му се даде шанса…“, напиша […]

(ВИДЕО) Мицкоски: Политичката одмазда мора да стане минато


Македонија мора да оди напред. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговиот избор. – Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Правичноста е најбитна. Судиите наместо да бидат мета на политички притисоци, треба […]

Заврши гласањето: Христијан Мицкоски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Христијан Мицкоски на денешниот 16. вонреден конгрес е избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја доби довербата на делегатите со огромно мнозинство. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласале за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња се неважечки. Претходно денеска, како што пренесе „Независен весник“, Никола Груевски на конгресот во […]

Груевски: Предавниците на ВМРО-ДПМНЕ се виновни за поразот на изборите


Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ чија неотповиклива оставка денеска беше потврдена на вториот ден од 16. Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Валандово, како една од причините за изборниот пораз на локалните избори ја наведе нелојалноста, односно, како што рече, предавството на луѓе од партијата. – И во моите средби со кандидатите за градоначалници […]

Груевски прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Никола Груевски на конгресот во Валандово беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и му беше доделена плакета за благодарност за неговата работа во партијата. Груевски рече дека жали што партијата е истовремено нападната однадвор, но и под внатрешен притисок и неразбирлива реакција од неговите членови. – Останав цврст и стабилен и при најтешките удари, […]