ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи укинување на акцизата за дизелот од 3,5 денари


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи намалување, односно укинување на дополнителната акциза за дизелот од 3,5 денари која што од 1 јануари оваа година ја воведе Владата на Зоран Заев и министерот Тевдовски, најави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Според Ѓорчев се работи за големо, огромно оптеретување и за граѓаните и за стопанството. “Откако Заев и […]

(Видео) Јанушев: СДСМ се фали со автопатот на ВМРО-ДПМНЕ


Пуштањето на автопатот Демир Капија – Смоквица доцни цели осум месеци. Доколку СДСМ го ставеше политиканството во втор план и се посветеше на интересите на граѓаните, овој автопат ќе беше во употреба уште во август минатата година и граѓаните ќе можеа побргу и побезбедно да се движат по патниот коридор 10, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, […]

СДСМ: Централизираните набавки ќе овозможат заштеди


Преку лошите и погубни политики кои имаа за цел единствено остварување на нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништен здравствен систем, потценет медицински персонал и погазени права на пациентите, а здравството во Македонија беше едно од најсмртоносните во Европа, се вели во соопштението на СДСМ. “За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, којашто набавуваше лабораториска опрема која […]

(Видео) Мицкоски: Јавниот долг е 4,786 милијарди евра


Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев во тесна спрега со министерството за финансии продолжуваат да ве лажат. Министерството за финансии грубо ја манипулира јавноста во Република Македонија кога стануваа збор за состојбата на државниот и јавниот долг во Република Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Според Мицковски вкупната состојба на јавниот долг […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во ЕЛЕМ вработува партиски кадри без оглас


Додека АД ЕЛЕМ се соочува со пропусти во производството и загуби, раководството на претпријатието наместо во нови инвестиции и развојни проекти парите ги троши за вработување на партиски кадри, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ. „СДСМ без распишан оглас за вработување ги вдоми во АД ЕЛЕМ на државна плата синот на Мирослав Грчев, човекот за кој […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски си поигруваат со чувствата на граѓаните


Изживувањето со граѓаните, поигрувањето со нивните судбини, попречување на правдата и злоупотреби на судските процеси беа главна одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ, партија којашто и денес како опозиција продолжува со ниското, приземно ниво на злоупотреба на човечки трагедии, се вели во соопштението на СДСМ. “За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека времето кога […]

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски се фали со наши проекти


Земјоделството е во очајна состојба, а земјоделците осиромашуваат и се соочуваат со проблеми како никогаш досега.Наместо министерот за земјоделство, Љупчо Николовски да ги решава проблемите на земјоделците тој се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има аплицирано за овој проект за набавка на нови возила уште во 2011 година, се вели на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Декларативните заложби за ЕУ интеграција на власта не се доволни


ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на денешната прес конференцијата на премиерот Зоран Заев. „Враќањето на безусловната препорака за отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е позитивен сигнал кој треба да резултира и со безусловно доделување на датум за преговори. Тоа би била вистинската награда за сите напори во реформите кои ги реализираше […]

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните осиромашуваат и живеат се потешко, економијата тоне


Граѓаните осиромашуваат и живеат се потешко, економијата тоне, а владата мести тендери за богатење на сметка на буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Владата на криминален и нетранспарентен начин фаворизира компанија блиска до врвот на СДСМ. „Да биде скандалот поголем покрај штимањето на тендери се менува и тендерска документација кој е веќе објавена. СДСМ најпрво […]

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната Влада доцни со реформите


Поминаа 11 месеци, а владата сеуште го нема реализирано планот 3 – 6 – 9, кој според рокот што сами си го зададоа требаше да биде завршен уште во февруари, односно пред 2 месеци. Владата денес призна дека е неспособна и дека и по два месеци доцнење, реализирала само 90% од планот за реформи 3 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Има низа пропусти во предлог-законот за високо образование


  Предлог – законот за високо образование е недоследен, со низа пропусти кои не значат унапредување на образованието, бидејќи суштински оставаат недоречености и назадувања во одредени области, сметаат во ЦМРО-ДПМНЕ. Партијата поднесе 17 амандмани на овој предлог. – Амандманите се во насока на зголемување на буџетот кој е предвиден за финансирање на универзитетите и самостојните […]

ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во реформите: полесно се усогласуваат со СДСМ отколку меѓу себе


Ден по нападите и критиките што си ги разменија за време на седницата за доверба на Владата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачките СДСМ и ДУИ вчера во парламентот донесоа со консензус неколку од законите од реформскиот пакет. Речиси без дискусија и со по 86 и 87 гласа „за“, попладнето беа донесени три закони за кои е […]

Тенко мнозинство и истенчена опозиција


Десетина пратеници помалку отколку при конституирањето на парламентот во декември 2016 година за коалицијата „За подобра Македонија“ и тенко мнозинство на власта помогнато од „птици преселници“ од актуелната опозиција. Тоа е билансот од завчерашното гласање за доверба на Владата. Со 62 гласа „против“, двајца воздржани и 40 „за“, пропадна иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за изгласување недоверба […]

Интерпелацијата ja подели ВМРО-ДПМНЕ


Легитимно право на опозицијата да ја руши Владата или алиби за враќање во Собранието и давање легитимитет на власта поради претходно направен договор меѓу партискиот лидер Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев? Членовите на ВМРО-ДПМНЕ не се начисто што точно сакаше да добие новото раководство во ситуација кога беше апсолутно јасно оти не се во […]

„Старата гарда“ на ВМРО-ДПМНЕ исклучена од дискусијата за интерпелацијата


Дел од поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ не се пријавени за дискусија на собраниската седница за доверба на Владата која е во тек. Според наши информации, на списокот на говорници од ВМРО-ДПМНЕ што утрото му бил доставен на спикерот Талат Џафери ги нема имињата на поранешниот претседател на парламентот Трајко Вељаноски, на екскоординаторот на пратеничката […]

(Видео) Ѓорчев пак набројува: бев во Аеродром, во Тетово, во Гостивар…


Во познатиот манир, како што своевремено набројуваше во која сѐ општина ВМРО-ДПМНЕ остварила изборна победа, пратеникот Влатко Ѓорчев се обрати попладнево од собраниската говорница, на седницата за интерпелацијата против владата. Овој пат, тој набројуваше во кои општини бил во изминатите неколку дена. „Во последните пет дена, бев во пет општини во државата. Бев во Тетово, […]

Двете Беси против интерпелација, Авировиќ оди во власта?


Многу понеизвесен од гласањето за доверба на Владата, кое ќе се случи вечерва во Собранието, ќе биде исходот од кревањето рака „за“ и „против“ работата на Заев во редовите на опозицијата. Барањето за интерпелација, која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе без потписи од сите пратеници, предизвика сомнежи за евентуално неединство во коалицијата „За подобра Македонија“. Само 41 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Не баравме потписи од пратениците во куќен притвор


Барањето за интерпелација за работата на Владата, која што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе до Собранието без потписи од сите пратеници, предизвика реакции во јавноста околу евентуалното неединство во опозицијата. Документот го потпишаа 41 пратеник од вкупно 48 колку што во моментов има коалицијата „За подобра Македонија“ откако тројца пратеници преминаа на страната на власта. Од ВМРО-ДПМНЕ […]

Расправата за доверба во Владата ќе почне утре претпладне


За утре, со почеток во 11 часот, спикерот Талат Џафери ја закажа 42. собраниска седница, на која единствена точка на дневниот ред е прашањето за доверба на Владата што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата на оваа тема треба да трае до полноќ, кога би се реализирало гласањето. За евентуално изгласување недоверба на кабинетот […]

И ВМРО-ДПМНЕ знае дека не паѓа Владата


В среда пред полноќ, кога во Собранието би требало да се гласа за доверба на Владата, речиси никој не верува дека опозицијата ќе успее да собере 61 рака што ќе гласа против работата на премиерот Зоран Заев и на неговиот тим. Поднесената интерпелација од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше со цел да се најде причина за […]