ВМРО-ДПМНЕ нема да прославува в сабота, ама ќе протестира в недела


Опозицијата нема да се приклучи на прославата во сабота по повод добивањето на поканата, иако нејзините пратеници во Комисијата за одбрана и безбедност ја поддржаа денеска идејата за донесување собраниска декларација за поддршка на пристапниот процес на Македонија во НАТО. Ден по прославата што ја организира владата во 15 градови во земјава, односно во недела, […]

ВМРО-ДПМНЕ стравува од избори во пакет со референдумот


Да се врати концептот на преодна влада кој беше договорен во Пржино – во екот на политичката криза во државата. Ова е практично едно од барањата што ги поставува опозицијата како услов за деблокада на изборот на новиот состав на ДИК, покрај измените на Законот за финансирање на партиите. Иако до редовните парламентарни избори има […]

Амнестијата поважна од интеграцијата


Александра М. Митевска Со блокадата на изборот на новиот состав на ДИК виси закажувањето на референдумот. Со одолговлекувањето на референдумот ќе доцнат уставните измени. Со пролонгирањето, пак, на овие две клучни етапи од спроведувањето на договорот со Грција, ќе се развлечка и зачленувањето на Македонија во НАТО – и покрај поканата што ќе ја добиеме […]

ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски веднаш да си поднесе оставка


СДСМ и Оливер Спасовски се обидоа да сокријат убиство. Преку нивните медиумски перјаници се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дека ништо не се случило. Бруталната ликвидација ја квалификуваа како насилство,се вели  во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „МВР и Оливер Спасовски грозоморниот чин за малиот 21-годишен, веќе починат за жал, Никола Саздовски – Саздо се уште се […]

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да не ги замајува земјоделците


Министерот Љупчо Николовски во две реченици се демантира самиот себе. Прво вели дека штетите не се големи, а веќе понатаму дека комисиите се уште не ја утврдиле штетата. Тоа значи  дека комисиите нема да работат според теренскиот увид и реална проценка туку по негов налог, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Повторно Николовски лицемерно вели […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за да се изберат членови на ДИК, амнестија нема да има


ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже одговорност и да престане да ги блокира реформите, обидувајќи се да го кочи напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО. Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои […]

ВМРО-ДПМНЕ го почнува работното лето од Кавадарци


По двомесечна подготовка, ВМРО-ДПМНЕ започнува со активностите околу „Работното лето“. Вкупно 1.500 работни тимови од по четири лица заминуваат во секој дел од Македонија за да им објаснуваат на граѓаните дека политиката на владата на Зоран Заев е штетна. Се бараат предвремени парламентарни избори, по можност заедно со претседателските најавени идната пролет, а ќе биде […]

Не се проблем изборните правила, туку кривичните прогони


ВМРО-ДПМНЕ ги дочека своите пет минути за политичко пазарење и за блокада на спроведувањето на договорот со Грција. Изборот на новиот состав на ДИК е неизвесен, а со тоа виси и распишувањето на референдумот за името. Во меѓувреме, опозицијата почна да излегува со барања за амнестија на нејзини функционери и поддржувачи, за што првичен мотив […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да го кочи изборот на ДИК


СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека продолжува со деструктивните политики на штета на граѓаните и државата. Како што велат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите и се обидува да го кочи напредокот на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО. „Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ последниов период намерно блокира неколку собраниски комисии на кои се расправа за реформски закони. ВМРО-ДПМНЕ ја блокира и постапката […]

СДСМ: Бадијала сонува Мицкоски


Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април, нема да има, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ по повторениот повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се амнестираат осудените или осомничените за настаните на 27 април минатата година. „Наместо да им […]

Мицкоски повторно побара амнестија за 27 април


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го искористи денешниот говор на протестниот собир во Струмица да повика уште еднаш на амнестија на осудените или осомничени за настаните на 27 април за Македонија да продолжела напред. Мицкоски како и во неколкуте последни дена, тврдеше дека пресудите за обидот за убиство на Зијадин Села биле политички реваншизам. „И не заборавајте никогаш […]

ВМРО – ДПМНЕ маршира во Струмица


Опозициската ВМРО- ДПМНЕ го почна мирниот протестен марш во Струмица. „Заев со леснотија се откажа од целокупната историја. За жал човекот кој денес е премиер, нема чувство за припадност и потврди дека Република Македонија не му значи ништо. За да престанат штетите, Заев треба да замине од власта која не ја заслужува“, се наведува во […]

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, другите не сакаат да слушнат


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе побара амнестија за обвинетите за ланските случувања во Собранието, но според реакциите вчера тешко дека ќе добие поддршка од политичките противници. Напротив, тие прилично недвосмислено порачуваат оти не може да има амнестирање за насилствата што лесно можеа да резултираати со човечки жртви. За донесување Закон […]

Спасовски е за ВМРО-ДПМНЕ гласноговорник на владиниот картел


Изјавата на Оливер Спасовски е изјава на гласноговорник на криминалниот картел на власт. Илјада пати да повтори дека договорот со Грција е позитивен за Македонија нема да го промени фактот дека овој договор е капитулантски и штетен и директно го загрозува македонскиот идентитет, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, залудно Спасовски говори за евроинтегративен пат […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев и пратениците кои гласале за Договорот за името


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, против Никола Димитров, против Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласале за Договорот со Грција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Во кривичната пријава се гонат по четири основи за сторени кривични дела: Велепредавство, загрозување на независноста, здружување […]

ВМРО-ДПМНЕ: Министерот Николовски продолжува да ги лаже земјоделците


Министерот Николовски продолжува бесрамно да ги лаже земјоделците. Тој  не гледа проблем ни кога цената на бостанот се движи од 2-3 денари кога се враќаат пратки со домати од странство, заради карантински болести, а на повидок е повторно враќање на голема количина со праски, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Уште една голема лага се […]

МВР ги отфрла обвинувањата за деградирање припадници на специјалните единици


Министерството за внатрешни работи соопшти дека се неточни и ги оцени како крајно манипулативни обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека без причина се деградираат припадници на специјални единици и обучени професионалци, со тоа што, како што тврди опозициската партија, им се делат решенија за пониски работни места и позиции. – По денешната прес-конференција на политичка партија, на […]

ВМРО-ДПМНЕ: МВР деградира припадници на специјалните единици


СДСМ ја загрози државата на политички, економски, а сега ја доведува во опасност и на безбедносен план. Без никаков респект и без никаква оправдана причина, Министерот Оливер Спасовски се пресметува со припадници на специјалните единици, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Се делат решенија на десетици припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар” и припадници […]

Кога ВМРО-ДПМНЕ му суди на судството


Александра М. Митевска По принципот речено-сторено, опозицијата навистина го почна ова лето онака како што најави пред извесно време – работно. Ако се суди според соопштенијата што се „штанцаат“ секојдневно и масовно во белиот дворец и прес-конференциите што последователно се одржуваат, може да се каже дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е доследна на правилото 24/7, кое […]

СДСМ: Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи


Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи, Македонија оди напред, никој нема да ја закочи македонската иднина. На ВМРО-ДПМНЕ и беше потребна дополнителна прес-конференција за да ја покрие безидејноста и немањето аргументи на нивната пратеничката група Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат аргументи и настапуваат само со ширење невистини и клевети не може да се покрие […]