ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе го соопшти својот став за референдумот


ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе ја информира јавноста за нејзиниот став за референдумот, рече  лидерот најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во изјава за телевизија Телма. Додаде дека промовираат нов пристап на политички волонтеризам. „Не станува збор ниту за страв, ниту за желба, ниту за купување време. Ова е текс на договор на документ со кој што граѓаните на […]

ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни до среда каква пропаганда ќе води


Ако до среда не одговори на писмото на спикерот на Собранието, Талат Џафери, за тоа каква јавна пропаганда ќе води за референдумот – пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без пари, вели потпретседателот на Собранието и член на координативното тело за референдумот, Горан Мисовски за „Независен весник“. Рокот што им го даде Џафери на пратеничките […]

Мицкоски откри дека ВМРО нема да бојкотира


Во само неколку минути телевизиско интервју лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги фрли во вода поддржувачите и бојкотирачите на референдумот за името. Едните ги нарече статистичка грешка, а вторите ги измеша со фекалии. Предизвика низа реакции поради што од партијата дообјаснуваат оти идејата била поинаква, односно дека претседателот, анализирајќи ги резултатите што ги добива партијата […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од парите за референдумска кампања


ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од владините средства за референдумска кампања. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски преку фејсбук статус побара парите да се инвестираат во тетовското училиште, посочувајќи дека кампањата ќе ја водат со свои сили и средства. „Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, доколку постои можност делот од средствата кои се потврдени за ВМРО-ДПМНЕ […]

Интервју со Костадин Богданов: ВМРО-ДПМНЕ не треба да го бојкотира референдумот


Костадин Богданов од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, смета дека некој што десетина години се залагал за референдум околу договореното за името не смее сега да се затскрива зад народот. Тој објаснува дека доколку некој е против не е патриотски да седи дома и да им остави простор на […]

Најниската цена клучна кој ќе го добие тендерот


Тендерот тежок 660 илјади евра на Службата за општи и заеднички работи при Владата, за хортикултурно одржување и уредување на 20 државни објекти низ државава, е за површина од 133.654 квадратни метри и за период од три години. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски објасни дека наведената сума во тендерот е само проценка и дека не значи […]

ВМРО-ДПМНЕ нема став, ама сака пари


Многу непознати остануваат да лебдат и по одлуката на Владата да му додели 1,3 милион евра на Собранието како овластен предлагач за кампања за референдумот. Кој ќе биде видот на јавната пропаганда на парламентарците, како таа концептуално ќе се изведе, ќе ги искористат ли сите повластени цени кои Собранието ги добива како овластен предлагач – […]

Богданов: Време е за третата генерација на ВМРО-ДПМНЕ


Костадин Богданов од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, смета дека некој што десетина години се залагал за референдум околу договореното за името не смее сега да се затскрива зад народот. Тој објаснува дека доколку некој е против не е патриотски да седи дома и да им остави простор на […]

Власта со тужби ќе се брани од ВМРО-ДПМНЕ


Со тужби против ВМРО-ДПМНЕ и нејзините портпароли, министри во Владата и директори ќе се бранат од обвинувањата што доаѓаат од оваа партија за наместени тендери, проблеми со лекови или текстови со лажна содржина. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека заканите се залудни. Најмалку пет тужби за период од десетина дена најавија министри и директори против ВМРО-ДПМНЕ, нејзините […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште нема став за едно од најважните прашања во историјата на Македонија


ЕУ и НАТО значат владеење по правила, ред и закон, дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат за референдумот? На 40 денови до референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за иднината, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште немаат јасен став за едно од најважните прашања во историјата на независна Македонија, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа земјоделците – пропаѓаат 20.000 тони сливи


СДСМ ги излажа земјоделците. Зоран Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт откупот на земјоделските производи ќе биде загарантиран, а откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи. Сега нема само што не се тепаат кој повеќе да откупи, туку целото земјоделско производство скапува по нивите, а земјоделците не знаат како ќе преживеат, велат […]

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо на работа, луѓето од СДСМ се посветени на криминал


СДСМ ќе го пушти истото стерилно соопштение, што докажува дека раководството наместо на работа е фрлено на криминал и корупција. Стандардно, веројатно за половина час од сега СДСМ ќе го пушти истото, ископирано, стерилно и безидејно соопштение со тези кои се преповторуваат и се уште еден доказ за летаргијата во нивната партија. И не дека […]

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ лаже за донација на лекови со краток рок


 Министерството за здравство го демантира обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ  за донација на лекови со краток рок на употреба од невладина организација во сопственост на министерот за здравство Венко Филипче, отфрлајќи го како лажно тврдење и инсинуации на опозициската партија. „Ширењето лажни вести, лаги и пропаганда од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните портали е со цел оцрнување […]

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев зел уште еден тендер


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека вицепремиерот Кочо Анѓушев преку неговите фирми добил уште еден државен тендер. „Вицепремиерот Кочо Анѓушев нема намера да прекине да зема од парите на граѓаните преку неговите фирми. Попусто постојат закони за судир на интереси, џабе граѓаните се бунат. Кочо ’четири очи’, нема институција, а да не може да ја опслужи. Најновите […]

Во ВМРО-ДПМНЕ и гласови „за“ договорот со Грција


Теми врзани со тековната економско-политичка состојба беа предмет на расправа на вчерашната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето околу референдумот не беше отворено ниту на оваа седница. Извори од врвот на партијата признаваат дека за претстојното изјаснување околу договорот за името со Грција, всушност, не било расправано ниту еднаш досега во високите партиски тела. […]

„Титаник“ заврши за денеска, утре пак


Во Кривичниот суд заврши денешното рочиште на кое беа слушани „бомбите“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети неколку поранешни функционери за изборите во 2012 година. Во дел од „бомбите“ беа слушнати разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер и поранешниот генерален […]

Мицкоски веќе нема да го предводи ЦК на ВМРО


По критиките од јавноста и од општинските организации, ВМРО-ДПМНЕ ќе го менува партискиот статут, кој деновиве е испратен на сондажа по месните комитети низ државата. Предупредувањата дека ќе дојде до уште поголема централизација во ВМРО-ДПМНЕ, до пополнување на органите и телата најмногу со луѓе блиски на претседателот и најтесното раководство,заедно со одредби што не водат […]

Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, референдумот ќе почека


Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е закажана за утревечер во седиштето на партијата, но, на неа, не се очекува расправа околу (не)учеството на престојниот референдум за договорот со Грција околу името. Според нашите сознанија, на маса ќе се стават тековните обврски и случувања, поврзани пред се со „Работното лето“ на опозицијата, планираните активности, како […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името


Владеачката СДСМ му порача на ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името со Грција, одговарајќи на обвинувањата дека со него се брише македонскиот идентитет. „Во Член 1 од договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е ‘македонско’, а официјален јазик е ‘македонски јазик’. Во договорот е појаснето значењето на терминот […]

Опозициското „работно лето“ замина на годишен одмор


Случувањата околу лидерските средби, закажаниот референдум без постигнат договор меѓу партиите, илинденските празници, летните одмори, но и внатрешните рововски битки го „оладија“ планираното „работно лето“ на ВМРО-ДПМНЕ. Кога на 15 јули од плоштадот во Кавадарци, лидерот Христијан Мицкоски се закани дека ќе расчисти со криминалите на премиерот Зоран Заев, никој не претпоставуваше оти триесетина дена […]