Данев веќе нема да го координира ВМРО-ДПМНЕ


Драган Данев нема повеќе да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што со месеци се зборуваше, пред малку доби официјална потврда од самиот Данев, кој на прес-конференција призна оти нема повеќе да биде прв меѓу опозициските пратеници. Поради тоа што излезе на референдумот и гласаше „против“ договорот со Грција, Данев не беше во […]

Милошоски сега му го чува грбот на Мицкоски


Минатиот петок кога во Собранието се гласаше за уставните измени, Антонио Милошоски застана пред новинарите и побара да не се одолговлекува почетокот на седницата и веднаш да се почне со изјаснување. Нагласи дека зборува во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ што беше мало изненадување во тој момент, имајќи […]

ВМРО-ДПМНЕ игра добро испланирано сценарио


Само десетина месеци по влегувањето на „реформското крило“ во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, дојде до нивно исклучување од партиските тела. Костадин Богданов, кој беше дел од Извршниот комитет, се сомнева дека целиот процес околу договорот со Грција, гласањето во Собранието и чистката што следуваше е добро смислено сценарио на врхушката. Жали што во ВМРО-ДПМНЕ отсуствува внатрепартиска […]

Никола Тодоров за „Независен“: Ме исклучија, а не знаеја зошто


Никола Тодоров никогаш не работел спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ, иако за тоа го товарат од партијата од која беше исклучен во вторникот. Точната причина за исклучувањето, како што вели, не ја знаеле ниту сопартијците во општинскиот комитет. Од политичката функција се повлекол бидејќи имал несогласувања како треба да се структурира партијата во иднина. Лоша […]

На исклучените од ВМРО им се приклучува Авировиќ


Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени немаат намера да го вратат мандатот, како што бара матичната партија. Меѓу нив траат последните консултации по што е најавено официјално формирање нова пратеничка група, која самостојно ќе дејствува во Собранието. Засега нивната група ќе брои осум пратеници, но се остава простор за проширување со евентуално […]

И Никола Тодоров исклучен едногласно


До ноќеска по полноќ траела седницата на Дисциплинската комисија на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош каде се расправало за барањето на централата за исклучување од партијата на Никола Тодоров. Повикан бил и ексминистерот за здравство, кој добил шанса да ги искаже своите аргументи. Бадијала, бидејќи петмината „дисплинци“ едногласно одлучиле дека тој грубо дејствува против […]

Мијалков исклучен без можност да се брани


Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини Центар и Карпош во само еден ден ги организираа процедурите потребни за исклучување од партијата на Сашо Мијалков и Никола Тодоров. Ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање воопшто не бил повикан да се брани, додека поранешниот министер за здравство, сепак, ќе добие шанса да образложи зошто одлуката […]

ВМРО-ДПМНЕ десеткувана во парламентот


Почнаа со 51 пратеник, за сега да се сведат на 39, со тенденција за понатамошно раситнување… Осумтемина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои во петокот кажаа „да“ за пристапување кон уставни измени, според засега непотврдени информации може да формираат посебна пратеничка група која, практично, би била четврта по бројност во законодавниот дом, по пратеничките групи […]

ВМРО го слави јубилејот, Ганка го засени Мицкоски


ВМРО-ДПМНЕ ја слави 125-годишнината од формирањето на историското ВМРО. Во амбиент на чистка во партијата, новата зграда на Македонскиот народен театар е претесна да ги прими сите оние што дојдоа да го честитаат јубилејот, но и да му искажат доверба на претседателот Христијан Мицкоски. Сепак, забележливо е отсуството на низа поранешни и сегашни функционери. Покрај […]

Капиталот стекнат за ВМРО-ДПМНЕ по референдумот потрошен со едно гласање


Капиталот стекнат по референдумот – се стопи преку ноќ. Вака во ВМРО-ДПМНЕ се толкува петочното гласање во Собранието со кое е крената рампата за договорот со Грција околу името. Експресното исклучување од партијата на седумтемина пратеници кои ѝ забија нож во грб на партијата е само обид да се поправи штетата, но вистинските предизвици во […]

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ се движи кон изолација


„Останувам на мојот принципиелен став за тоа дека договорот од Преспа има штетна содржина во себе, дека власта погрешно го водеше целиот процес и дека не смееше да биде исклучива спрема опозицијата од самиот почеток. Останувам и на ставот дека јас како пратеник немам право и легитимитет да гласам за промените во Уставот. Како што […]

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата пратениците кои гласаа „за“


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (ИК) на вечерашната вонредна седница донесе одлука да ги исклучи од партијата седумте пратенци кои гласаа за измена на Уставот на Република Македонија заради имплементација на Договорот од Преспа, информира вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски. -Оние седум пратенци од ВМРО-ДПМНЕ кои постапија спротивно на партискиот став и волјата на граѓаните, […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави нов договор со Грција


ВМРО-ДПМНЕ ќе прави нов договор со Грција кога ќе дојде на власт. Уверени се дека и наредната влада во Атина ќе биде подготвена одново да преговара со цел договорот да биде прифатен од сите граѓани во двете држави, со што и регионот би впловил во стабилни води. Ова се пораките што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар […]

Мицкоски бара да се обрати во Собранието


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара да му се дозволи се обрати во парламентот, дознава „Независен весник“. Според нашите информации, писменото барање е доставено до собраниските служби и се очекува одговор од претседателот Талат Џафери. Досега не се случило лидер на партија, кој не е пратеник, да зборува во законодавниот дом на Македонија. „Почитувани, со […]

Заев: Подготвен сум да ја платам цената


Четиринаесетминутниот говор на премиерот Зоран Заев, во кој апелираше за амнестија и помирување меѓу политичките партии за насилствата од 27 април, го засени првиот ден од вчерашната расправа во Собранието каде единствена точка на дневниот ред беа уставните измени по договорот со Грција. Тој рече дека тежината на историската одлука и на одговорноста лежи врз […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во собраниската сала


Речиси целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е моментно во собраниската сала, каде што само што почна седницата за пристапување кон уставни измени. Прв говорник е поранешниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Во салата се појави и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој побара да биде ослободен од денешеното судско рочиште за случајот […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оставени на бришан простор


Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеби владее единство во однос на ставот да не се гласа за уставни измени согласно со договорот со Грција, како што тврдат од партиското раководство. Затоа, пак, според тврдењата на соговорници од пратеничката група, кај голем дел од парламентарците владее и незадоволство од односот на партиското раководство. Независно од поделбите што […]

Јанушев: Јанева и Заев нема да ме исплашат


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги отфрла сомнежите на Специјалното јавно обвинителство за незаконска набавка на кинеските автобуси додека беше директор на ЈСП „Скопје“. Во изјава за „Независен весник“, тој тврди дека новите истраги на Катица Јанева се дел од политичките притисоци и прогонот што го приредува власта. „Ова е и начин да се […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација кај Мицкоски


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени е закажан во 14 часот. Претресот по […]

Рангелова: Нема да гласам за уставните измени


„Јас со крената глава и достоинствено на референдумот гласав ’против’ Преспанскиот договор и тоа е во рамки на партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ – секој да одлучи по сопствено убедување. Јас дејствувам транспарентно во партијата и за мојот став дека сум против апстиненција или бојкот го информирав Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и не се каам поради […]