ВМРО бара ОБСЕ да гарантира за изборите


ВМРО-ДПМНЕ бара ОБСЕ да го зголеми бројот на набљудувачи за време на претседателските избори во земјава, со што би се спречило евентуалното полнење кутии. Во најголемата опозициска партија стравуваат дека власта подготвува фалсификат на волјата на граѓаните особено што не се прифаќа нивното барање за предвремени парламентарни избори, кои би придонеле за засилен мониторинг на […]

Мицкоски со Јанша: Во Македонија нема правна држава


По средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски замина во Љубљана каде се сретна со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша. „Во разговорот се осврнавме на повеќе теми од регионално и билатерално значење. Дискутиравме и за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии. Како лидер на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Клинички ќе чини 480 милиони евра


ВМРО-ДПМНЕ реагира дека новиот Клинички центар „Мајка Тереза“, кој треба да се гради во Ѓорче Петров, ќе чини 480 милиони евра што е четири пати повеќе од трошокот што претходната влада го планираше за изградба на капиталниот објект. „За потсетување, оваа власт го раскина договорот за изградба на новиот Клинички центар, вреден 128 милиони евра, […]

Силјановска: Без поделба на власта нема демократија


Професорката Гордана Силјановска-Давкова попладнево ја почна внатрепартиската кампања за претседателски кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. За почетна станица го одбра Општинскиот комитет во Ѓорче Петров, каде пред насобраните членови и симпатизери на најголемата опозициска партија ги презентираше својот план и визија. „Сакам да ги убедам и нив, како и сите граѓани дека натпартиски кандидат е […]

Ѓорчев во Белата куќа, Силјановска ја освојува белата палата


Директорот на скопската депонија „Дрисла“, Горан Ангелов, е меѓу деветтемина кандидати за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен градоначалник на Виница во два мандата, а поради успешноста и ефикасноста беше назначен и за претседател на Асоцијацијата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Директно учествуваше во започнувањето на процесот на децентрализација и […]

Лидерот на младите вмровци ја поддржа Силјановска: Ќе биде одличен претседател


Новоназначениот лидер на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески отворено застана зад кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска-Давкова за претседател на државата. Тој вели дека бил нејзин студент по Уставно право и ја смета за голем педагог, чесен и одговорен човек кон секоја работа која ја работи. „Професорката е синоним за одбрана на Уставот и […]

Директорот на Дрисла се кандидира за претседател


Директорот на скопската депонија „Дрисла“, Горан Ангелов е меѓу деветмината кандидати за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен градоначалник на Виница во два мандати, а поради успешноста и ефикасноста, беше назначен и за претседател на Асоцијацијата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Директно учествуваше со започнувањето на во процесот на децентрализација. […]

Ланските фаворити ги снема: ВМРО излезе со нови играчи


Доколку претседателските избори се одржеа минатата пролет, ВМРО-ДПМНЕ ќе размислуваше дали да настапи со Трајко Славески или со Зоран Ставрески. Двајцата економисти имаа највисок рејтинг во внатрепартиските анкети во април и мај, а убедливо зад нив беше Срѓан Керим. Девет месеци подоцна, ниту еден од нив не е во игра за наследник на Ѓорѓе Иванов. […]

Мицкоски на собранието на ЕПП во Брисел


 Денес и утре, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел. На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од ЕПП, чиј што член е ВМРО ДПМНЕ. „Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, […]

Силјановска пристигна во белиот дворец


Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ што ќе биде поддржан на партиската конвенција во Струга закажана за 16 февруари. Пристигнати се осум кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат најдоцна до вторник, бидејќи дел од апликациите би можеле да стигнат и по пошта. Кандидатурите ќе бидат разгледани […]

ВМРО-ДПМНЕ прими осум пријави за претседател на државата


Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари. До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле […]

Ѓорчев и Силјановска во директен дуел во Струга


Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска и Филип Петровски поднесоа кандидатура за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните апликации ќе бидат разгледувани од партиска комисија, па веќе во понеделник и официјално ќе биде соопштено кој ќе влезе во интерната трка за наследник на Ѓорѓе Иванов. Информациите од партијата велат дека Петровски, кој отворено се спротиставува […]

Менуваат име за да крадат – потврдено!


Последниот извештај на „Транспаренси интернешенл“ не е никакво изненадување за мене, а верувам и за мнозинството граѓани на Македонија, од проста причина што корупцијата ја гледаме секаде околу нас. Ја има од најниските сектори, каде што буквално не можете да извадите документ ако не го „почестите“ шалтерскиот службеник кафе, виски или пари, или немате некој […]

Џафери има време да распише предвремени избори до 20 март


Во Социјалдемократскиот сојуз и натаму траат консултациите и разговорите во раководните органи на партијата дали да се оди на предвремени парламентарни избори. Сè погласни се гласовите „за“, односно да се прифати барањето на опозицијата и на 5 мај, заедно со вториот круг од претседателските избори, да избираме и пратеници, односно нова влада. Изминатата недела се […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не ја гледа бедата од луксузот и воздухот во Гармиш


ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешното интервју на премиерот Зоран Заев за „Цивил медиа“ и му порачува ти бедата во која живеат македонските граѓани не може да ја види поради чистиот воздух и луксузните хотели во Гармиш, Германија каде што престојува на зимски одмор. Според опозицијата, две години откако Заев е на власт, Македонија е понижена и посрамена, […]

Мицкоски: Не сме против примена на јазиците на етничките заедници, но треба да се почитуваат Уставот и законите


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Охрид каде присуствуваше на осветувањето на водите на Охридското Езеро во негово лично има и во име на партијата на Синодот на пресветото монаштво на МПЦ, на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Богојавление  – Водици, посакувајќи им успеси, насмевки за нив и нивните […]

За ВМРО – референдум ќе бидат изборите


Во ВМРО-ДПМНЕ и вчера ги повторија барањата за итно распуштање на парламентот, распишување предвремени избори, кои би се одржале заедно со претседателските, и формирање техничка влада што ќе ги спроведе според пржинскиот договор. Иако фокусот им го одвлече службеното објавување за двојазичност на земјава, во партијата ги продолжуваат подготовките за претстојните избори, каде што, според […]

СДСМ се мисли за избори, се плаши да не згреши како во 2005 година


„Да не ја пропуштиме шансата како во 2005 година кога бевме на власт, а не спроведовме предвремени избори, па наредната година изгубивме на редовните“. Вака размислуваат во Социјалдемократскиот сојуз по барањата што им ги достави ВМРО-ДПМНЕ за распишување вонредни парламентарни избори, кои би се одржале заедно со претседателските кон крајот на март или почетокот на […]

Изгласан договорот со Грција


Со 81 глас „за“, македонското Собрание ги усвои амандманите на четири члена од Уставот и со тоа го прифати договорот за името со Грција. Откако парламентот во Атина ќе го ратификува процесот, нашето ново име ќе биде Република Северна Македонија, а ќе има и други интервенции во уставот. За возврат, Македонија уште годинава ќе добие […]

Мицкоски ги викна пратениците во партија за да не седат во Собрание


За денес попладне претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет и состанок со пратеничката група на партијата. Во текот на денот, тие ќе бидат во постојано заседавање каде ке се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени. Од партијата брифираат дека се вршат жестоки притисоци од власта и премиерот Зоран Заев […]