Македонскиот мјузикл „Као какао“ ќе го отвори битолското културно лето „БитФест“


Македонскиот мјузикл „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, на 19 јуни ќе го отвори најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“. На прес-конференција во Битола, директорот на ЈОУ Културен информативен центар (КИЦ)-Офицерски дом, Димитар Михајловски, изјави дека за прв пат битолскиот […]

Новиот албум на Влатко Стефановски – „Muscle Memory“ во продажба од 20 март


Новиот авторски албум Muscle Memory на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски ќе се најде во продажба од 20 март, како компакт-диск и како дигитално издание. За љубителите на винили, Croatia Records, матичната дискографска куќа на Влатко, подготвува и лонг плеј плоча. Новиот студиски албум носи девет нови композиции кои стилски се движат помеѓу прогресивен рок и […]

Влатко Стефановски со награда Порин за посебен придонес во хрватската музика


Македонскиот гитарист со меѓународна кариера Влатко Стефановски е добитник на наградата Порин за посебен придонес во хрватската музика (Porin Special Merit Award), што ќе биде доделена на 27 март годинава во сплитската сала „Грипе“.  „Кроација рекордс“ денеска соопшти дека оваа награда го препознава исклучителниот уметнички опус на Стефановски кој ја обликуваше регионалната музичка сцена, вклучително […]

Влатко Стефановски со нов инструментален албум Guitar sings, дел од проектот „Hitmaker“, во чест на Ѓорѓе Новковиќ


Влатко Стефановски, еден од најценетите гитарски виртуози на овие простори, стои зад сите инструментални верзии на песните од големиот проект Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ, кои се веќе достапни како ново дигитално издание на Croatia Records, најголемата дискографска куќа во регионот. Станува збор за целосна колекција од десет безвременски хитови во целосно инструментално руво, отсвирени во […]

Влатко Стефановски како изненадување на концертот на Звјездан Ружиќ на отворањето на 45. „Скопско лето“


Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ настапи на отворањето на Скопско лето на 21 јуни во преполниот Куршумли ан. На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот проект „Пијанотрон“ ја почестија публиката во Скопје со вечер за паметење! Покрај тоа што публиката уживаше во авторската музика на Ружиќ, пропратена со […]

Незаборавен сценски спектакл во Белград со Влатко Стефановски и „Танец“


  Двата најпознати македонски музички бренда, угледниот гитарист Влатко Стефановски и националниот фолклорен ансамбл на Северна Македонија „Танец“, синоќа во Коларчевата задужбина во Белград, пред преполна сала направија незаборавен сценски спектакл, јави дописникот на МИА од Белград. -Првиот ваков заеднички настап го имавме минатата есен во Скопје, после тоа следеа вакви концерти во Охрид, во […]

Во Белград утре гостуваат двата најпознати македонски бренда – Влатко Стефановски и Танец


  Уникатниот спој на звукот на Влатко Стефановски и „Танец“, двата најпознати македонски музички бренда, гарантираат незаборавен сценски спектакл во Белград. Угледниот гитарист и националниот фолклорен ансамбл на Северна Македонија ќе настапат утре, на 25 септември во Коларчевата задужбина, од 20 часот, јави дописникот на МИА од Белград. -Првиот заеднички настап го имавме пред дваесетина […]

„Кавијар” од Македонија : Влатко Стефановски за првпат со концерт во Тирана


  Влатко Стефановски, легенда, светско, а наше во саботата вечер, за прв пат во својата богата кариера настапи во Тирана, Албанија. На сцената, виртуозниот гитарист и автор, во својот оригинален стил донесе беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци, во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас. А, […]

Во продажба „Greatest Hits Collection“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски


Само неколку уметници од нашиот регион успеаја да постигнат забележителен успех на светската сцена и да го направат својот бренд препознатлив. Ова, се разбира, одлично му одеше на Влатко Стефановски, виртуоз на гитара, кој поради својот уникатен талент и израз го обиколи светот, настапувајќи на сцени од сите големини – од помали, како соло акустични перформанси, […]

Драмите на Горан Стефановски преведени на италијански јазик-внука му Ана го исполни ветувањето


„Пред многу години му ветив на чичко ми Горан дека еден ден ќе ги преведам неговите драми на италијански јазик и благодарна сум им на сите оние кои ми помогнаа да го одржам ветувањето“, напиша на социјалните мрежи Ана Стефановска, ќерката на нашиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и внука на познатиот македонски драматург Горан […]

Скопје Синема сити: Изложба на концертните плакати од личната колекција на Влатко Стефановски


Во периодот 2 – 7 септември, на локации како Музеј на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се организира 5.-то издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. Петтото издание на фестивалот ќе се состои од филмови со теми поврзани со гитарата како инструмент. За време на 5 дена, ќе […]

Влатко Стефановски е крал на тезгите: Гитарскиот виртуоз најбаран летово


Со интимен или експониран концерт, сам, во трио, или со две гитари или оркестар, еден или повеќе гости, со публика во темница или преку ден, на отворено, на стадион или во филхармонија, со пријатели, за пријатели и непознати, фанови или дипломатски кор, како ментор, учител или музички амбасадор, во Скопје, низ Македонија или низ регионот, […]

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички: Празник на гитарите


Пред преполн Антички театар, во магична атмосфера, големите виртуози на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ синоќа приредија  прекрасен роденденски концерт за 59. „Охридско лето“. Публиката што ја имаше од сите генерации, уживаше во беспрекорната изведба на двајцата уметници со светско реноме, а  пеејќи ги песните што се изведуваа, ги наградуваше Стефановски и Тадиќ и […]

Роденден на „Охридско лето“: Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички


Фестивалот „Охридско лето“ веќе по традиција својот роденден 4 август го одбележува со несекојдневни доживувања, нудејќи содржини малку поинакви од вообичаениот фестивалски концепт, со концерти насочени кон привлекување поширок аудиториум. Нашата најреномирана и најголема музичко-сценска манифестација овој 59-ти роденден ќе го прослави вечерва со концерт на познатите уметници на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ […]

Влатко Стефановски и Лоба со настап во чест на Илинден во Крушево


Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ почнува вечерта на 31 јули кога во Крушево, по 18 часот традиционално пристигнува Коњаницата пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево. Официјално, манифестацијата почнува на 1 август. Ќе бидат положени свежи цвеќиња пред споменикот на Даме Груев, на гробот на Питу Гули и на гробот на Тоше Проески […]

Влатко Стефановски ќе настапи на Д-фест во Дојран


Музичката легенда со неверојатна техника за свирење гитара Влатко Стефановски летово првпат ќе настапи пред фестивалската публика во Дојран со акустичен концерт. Некогашниот член и еден од основачите на „Леб и сол“ ќе ги забавува посетителите на фестивалот со неговиот препознатлив стил на музика, во звукот на етно, рок, џез фјужн и блуз. Фестивалот годинава […]

Вера, надеж, љубов: Влатко Стефановски со вонсериски концерт за пријатели


Концертот во интимна атмосфера на македонскиот вонсериски гитарист Влатко Стефановски  синоќа во луксузниот комплекс Старо Буре, во Кучково се претвори во незаборавна журка и ноќ за паметење со најмоќните негови песни отсвирени само за оние кои имаат вера, надеж и љубов. Влатко, со неговиот бенд „Влатко Стефановски Трио“ кој  го сочинуваат и Јан Стефановски (18) […]

Кралеви за победа: Стинг и Влатко ја славеа шампионската титула на „Вардар“


Наш, гитарски виртуоз, Влатко Стефановски и светски, кој не се симнува од музичкиот врв, Стинг , синоќа, со цела Македонија на Градскиот стадион ја славеа шампионската титула на РК „Вардар“ . Во амбиент на еуфорија на улиците на Скопје, засиленото полициско обезбедување и немањето паркинг за жива глава, скопската фаца од Дебар маало беше одлично, […]

Стинг на Градски стадион со продукцијата од „Егзит“: Најамбициозен проект без гратиси                                             


Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“. Истоимениот, нов албум, излегува задутре, изјави организаторот „Авалон продукција“ на денешната прес-конференција пред концертот на 2 јуни, на Градскиот стадион. -За нас, концертите од светски калибар ни се празници. Концертот на Стинг е досега наш најамбициозен проект, […]

Интимен концерт на Влатко Стефановски Трио


Присуствувајте на концерт во интимна атмосфера на македонскиот вонсериски гитарист, Влатко Стефановски. Заедно со неговиот бенд, „Влатко Стефановски Трио“, ќе ви приредат вечер вредна за паметење. Концертот ќе се одржи на 08.06.2019 (Сабота) со почеток во 21:00 часот во прекрасниот и луксузен Комплекс Старо Буре, Кучково. Бидете дел од незаборавен настан и слушнете ги најмоќните […]