Скопјани послаа светлина на последната патека за Владо Јаневски (фото/видео)


Речиси четири часа обожувателите на песните  на големиот македонски пејач и текстописец Владо Јаневски, ги пееја неговите песни, од „Нусе“, до „Чаирска романтика“, незаборавната „Некогаш и негде“ и „Само дома си е дома“. Не ечеше вечерва пред СЦ „Борис Трајковски“. Песните беа испеани со љубов, сентименталност и носталгија, со почит кон Јаневски, кој нè напушти […]

Почина познатиот хирург и професор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование Весна Јаневска


По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари […]

Вечер со писателот Владо Јаневски во ДПМ


Низ разговор за трите негови последни романи, вечер во седиштето на Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 19 часот ќе биде претставен писателот, поет, сликар и стрип-автор Владо Јаневски Станува збор за романите  „Кој го уби Едгар Алан По“ („Или-Или“,, 2024), „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, 2022), „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, […]

Поетот и писател Владо Јаневски добитник на наградата „Стојан Христов“ на СВП


 Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Жири-комисијата во состав Митко Гогов, претседател и Иван Шопов и Игор Трпески членови од пристигнатите пет книги, одлучи […]

Промовиран „Кој го уби Едгар Алан По“ на Владо Јаневски, психолошки роман со магична реалистичност


Новиот роман на писателот Владо Јаневски, „Кој го уби Едгар Алан По“ беше промовиран во кафе-книжарницата „Буква“ и веќе може да се најде во книжарницата „Или – Или“ . За романот зборуваше писателката Анета Тасова, а извадоци од романот читаше поетесата Емилија Тодорова. Авторот Јаневски пред публиката го претстави издавачот Ненад Стевовиќ. Се работи за […]

Промоција на романот „Кој го уби Едгар Алан По“ на Владо Јаневски


 Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечер ќе биде промовиран најновиот роман „Кој го уби Едгар Алан По“ на писателот Владо Јаневски, во издание на издавачката куќа „Или-или”. Рецензентката на романот Анета Тасова пишува дека самиот наслов на романот доволно интригира и фрла сенка врз смртта на еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник […]

„Сите ние сме суетни по малку“: Владо Јаневски приреди тричасовна журка во Филхармонија


Третиот од четирите закажани и распродадени концерти на македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски синоќа прерасна во тричасовна журка во која уживаа и присутните во преполната сала на Филхармонија, но и десетчлената екипа и самиот Јаневски.   „Вие сте единаесеттиот член на бендот“, повтори неколку пати еден од најдолговечните и најпопуларните пејачи на домашната естрада кого […]

Владо Јаневски со нова балада: „Откако си негова“ бара зрела убавица како Вера Мештеровиќ


Мис на Македонија за 1996 година Вера Мештеровиќ ја игра главната улога во спотот на новата песна на Владо Јаневски „Откако си негова“ што беше промовирана денес во Скопје, а е во режија на Дарио Јанковиќ. Промоцијата воедно беше и прес-конференција за претстојниот концерт на Јаневски на 16 март во ВИП Арената „Борис Трајковски“ , […]

Вера Мештеровиќ е убавицата од новиот спот на Владо Јаневски „Откако си негова“


Мис на Македонија за 1996 година Вера Мештеровиќ ја игра главната улога во спотот на новата песна на Владо Јаневски „Откако си негова“ што ќе се промовира денес во Скопје, а е во режија на Дарио Јанковиќ. Промоцијата воедно ќе биде и прес-конференција за претстојниот концерт на Јаневски на 16 март во ВИП Арената „Борис […]

Владо Јаневски, поп-ѕвезда: Во мојот живот сѐ беше музика


Поп-ѕвездата Владо Јаневски (57) е во топ-форма и не старее. Како и неговите песни кои со текот на годините прераснаа во евергрини. Зар има некој што не ги знае „Црно тиквешко“, „Чаирска романтика“ или пак не се пронашол во оние добропознати стихови „Некогаш и негде…“ И по 25 години кариера, не се чувствува како ѕвезда, […]

(Видео) Владо Јаневски сними спот за „Главен град на тагата“: Дунавка е класа манекенка


Манекенката Дунавка Трифуновска ја игра главната женска улога во новиот спот на поп-ѕвездата Владо Јаневски за песната „Главен град на тагата“ денес промовирана во Скопје. „Таа е класа лик и му дава убавина на спотот“, вели Владо. Тој додаде дека другите девојки во видеото се избрани според тоа што се обични, нормални, и токму поради […]

Илинденски концерт на Владо Јаневски во Охрид


Поп-ѕвездата Владо Јаневски по пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид , во Антички театар, по одложениот во јуни. Вечерта на Илинден (2 август)  од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера. […]

Поради влошено здравје: Одложен концертот на Владо Јаневски на 1 јуни


Одложен е концертот на Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, соопшти организаторот „Авалон“. Како причина се наведува влошената здравствена состојба на поп-ѕвездата. „Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по […]

Владо Јаневски се појави во јавноста


Поп-ѕвездата Владо Јаневски кој ретко се појавува во јавноста денес, заедно со поп-пејачката Каролина Гочева и Никола Перевски- Пере од „Нокаут“ присуствуваше на одбележувањето на 25 години од работењето на „Авалон продукција“ во МНТ. „Авалон“ досега има издадено 35 музички изданија на регионални изведувачи но и странски лиценцирани изданија. Сепак, доминантна дејност  од 2000 година […]

Концерт на Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ


Поп-ѕвездата Владо Јаневски се враќа на сцената со концерт на 1 јуни на стадионот на АРМ. Организаторот „Авалон продукција“ го најавува како најголем во неговата кариера. Авалон Продукција и Владо Јаневски ја обновија својата соработка по пауза од повеќе од десет години. Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која […]