Владите на Македонија и на Албанија на заедничка седница во Подградец


Владите на Република Македонија и на Република Албанија денеска во албанскиот град Поградец ќе одржат заедничка меѓувладина седница на која ќе се разговара за повеќе теми за унапредување на билатералната соработка. Се очекува да стане збор за прашања од областа на инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, за олеснување и интензивирање на размената на стоки […]

Самка Ибраимовски се сели од Влада во Собрание


Министерот без ресор Самка Ибраимовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, најави дека ќе ја напушти министерската функција и ќе биде пратник во Собранието. Ибраимовски, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место. На последните парламентарни избори Самка Ибраимовски беше […]

Владата чека министер како што Заев чекаше мандат


Александра М. Митевска Една навидум техничка работа, каква што изгледаше кадровската смена во Министерството за здравство – кога Арбен Таравари влезе во трка за градоначалник на Гостивар, се развива деновиве во бескрајна приказна чиј главен јунак, веројатно, дури на крајот ќе ѝ стане познат за публиката. Ако продолжи со истото темпо како и во изминатите […]

Бошњаковски: Се разгледуваат можностите за меѓународна истрага за „Дива населба“


Владата ги разгледува можностите за меѓународно толкување или истрага на сите околности поврзани со случајот „Дива населба“. – Се прави анализа на севкупните аспекти на настанот. Ова е чувствително прашање и за Република Македонија и за Република Косово. Владата на Република Македонија ги разгледува можностите за меѓународно толкување или истрага на сите околности поврзани со […]

Заев: Кога ќе има решение за министрите, јавноста ќе знае


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека веднаш штом ќе има решение за новите членови во Владата јавноста ќе биде известена, не изнесувајќи информации дали синоќа се одржал најавениот состанок со коалициските партнери. – Знаете дека има испразнети пратенички места кои треба да бидат пополнети од ДИК. ДИК е во оставка, но треба да продолжи да […]

Владата го усвои Дополнетиот предлог буџет за 2018


Дополнетиот предлог на буџетот за 2018 година со прифатените амандани од комисиската расправа во Собранието е усвоен на денешната редовна седница на Владата Во Дополнетиот предлог, како што информирал на седницата министерот за финансии Драган Тевдовски, се направени зголемувања на финансиски средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, од 200 милиони денари кај […]

Коалицијата „О2“ ќе ја тужи државата ако не издвои повеќе средства за заштита на животната средина


Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција за чист воздух“ бара Владата да го зголеми буџетот за заштита на животна средина за 2018 година од 0,4 проценти од БДП, колку е планиран, на најмалку 2,5 проценти. Во спротивно, оттаму најавуваат покренување постапки против Република Македонија за кршење на ратификуваните конвенции, Устав, човекови и права на децата, со поднесување […]

Денеска во Скопје и во Валандово ќе се протестира против рудниците


Пред Владата денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи протест за итно запирање на изградбата на рудникот Казандол. „Иако живееме во Скопје, негативните последици од рудниците ќе ги чувствуваме и ние. Рудниците се проблем на целата земја! Екстрактивизмот не е живот, тој го уништува животот! Да покажеме солидарност со нашите сограѓани, да покажеме […]

Македонската прохибиција не издржа


Министерството за економија во наредните два месеца ќе работи на измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот, а ќе се овозможи продажба и во киосци со поседување лиценца. Иако трговците бараа и укинување на лиценците за продажба на алкохол, според првичните информации […]

Според Владата најголем загадувач на воздухот е греењето на дрва


Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот. Ова е заклучокот од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем кај нас. – Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот, […]

Влада: Институциите имаат кредибилитет да ги расветлат случувањата во Собранието


Владата смета дека институциите имаат целосен кредибилитет и одговорност да ги расветлат случувањата во македонското Собрание од 27 април годинава поради потребата од правда и владеење на правото, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Сметаме дека институциите имаат должност да го расветлат случајот заради потребата од правда и владеење на правото во Република Македонија […]

Катастарските услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто


Владата на денешната седница ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот. Како што соопшти владината прес-служба, со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто.

Разговори со ЗТЕ: Владата бара техничко решение за мерката поврат на ДДВ за граѓаните


Новите смарт технологии што ги лансира компанијата ЗТЕ, позитивните ефекти што ги генерираат над 100 градови во Кина со нивната примената и идните планови за инвестиции на компанијата, биле тема на разговор на средбата на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев со директорот на  ЗТЕ за Југоисточна Европа, Линг Жи, во […]

Врвот на СДСМ расправа за промените во Владата


Централниот одбор на владејачката СДСМ, како што јавуваат од таму, расправа вечерва. Според неофицијални информации, тема на дискусија треба да бидат престојните промени во Владата, за да се пополнат испразнетите места по локалните избори. Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека името на новиот министер за здравство би требало да се знае до крајот на овој […]

Заев вели дека за неколку дена Владата ќе биде комплетирана


Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање рече дека верува оти за неколку дена ќе се предложи министер за здравство во Собранието на Република Македонија, министер без ресор за странски инвестиции и заменик-министер за образование и наука. – Верувам дека за неколку дена ќе се предложи министер за здравство овде во Собранието, министер без ресор […]

Владата ќе одговара на прашања од пратениците


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 23. седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања. Премиерот Зоран Заев и министрите првпат по формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците. Седницата за поставување пратенички прашања Парламентот започнува да ја одржува по 100 дена од формирањето на Владата, но поради […]

Утре е првата седница за пратенички прашања со новата Влада


Премиерот и министрите утре се на отчет пред пратениците. На утрешната собраниска седница на дневен ред се пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува по 100 дена од новата Влада, но беше одложена поради локалните избори. Според собранискиот Деловник, седница за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. Овојпат е поместена за […]

Ден на албанската азбука, Хазби Лика прави свечен прием во Владата


Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Владата ќе организира свечен прием по повод Денот на албанската азбука, 22 Ноември со кој се одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана. Како што соопшти Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на настанот ќе учествуваат доајени на албанското образование […]

Донесени одлуки за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници


Владата на Република Македонија на денешната 39-тата седница ја разгледа и ја усвои предлог–одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано […]

И СЈО стана дел од работната група за исполнување на барањата на Прибе


Владата денеска донесе одлука да ја дополни работната група за исполнување на препораките на Рајнхарт Прибе во однос на прислушкувањето и враќање на владеењето на правото. Оваа одлука, како што информираат од владината прес-служба, е донесена врз основа на увидената потреба во нејзината работа да бидат вклучени и претставници од Јавното обвинителство за гонење на […]