ССМ утре ќе ја блокира Владата од 11 часот за зголемување на платите


 Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот.  Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите […]

Владата демантира: Законот за заштита од пушење не се одложува


  Владата демантира дека фазната примена значи одложување на имплементацијата на Законот за заштита од пушење, како што шпекулираа медиумите викендов. „Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и […]

Собранието на Косово ја избра новата, трета влада на Албин Курти


Собранието на Косово на синоќешната вонредна седница ја избра новата Влада предводена од Албин Курти. За избор на Владата, на чие чело Курти ќе биде по трет пат, гласаа 66 пратеници, против беа 49, а воздржани немаше. Против изборот на Владата на Курти гласаа пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово […]

Владата вечерва расправала за Реформската агенда


Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните, објави Мицкоски на Фејсбук страницата. Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес […]

Владата го усвои Предлог законот за јавно обвинителство – ќе овозможи ли избор на најквалитетни кадри?


Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Предлог законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото. Донесувањето на овој закон, како што соопштија од владината прес-служба, претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и […]

Владата прогласи кризна состојба поради неможноста за набавка на мазут, ќе трае 7 дена


Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што […]

Со остварување на сите цели од Националната развојна стратегија 2024-2044, сепак ќе бидеме под европскиот просек


Дури и Македонија комплетно да оствари сѐ што е предвидено со Националната стратегија 2024-2044, за 20 години ќе има раст од нешто над 4 до 4,6 отсто, што сепак ќе биде под европскиот просек. Од Владата, од каде инсистираат на промовирање и запознавање на јавноста со оваа стратегија, ваквите песимистички очекувани резултати од Националната стратегија […]

Падна владата на Бугарија


  Владата на премиерот Росен Жељасков си поднесе оставка по повеќенеделните протести во земјата. Десетици илјади граѓани протестираа против корупцијата и непотизмот во земјата-членка на ЕУ, а повод за незадоволството беше владиниот буџет за следната 2026 година. На синоќешните протести во Софија имаше 150.000 луѓе. Опозицијата поднесе интерпелација за работата на владата за која требаше […]

Косово не формира влада – претседателката го распушти парламентот


Косовската претседателка  Вјоса Османи денес ја потпиша одлуката за распуштање на собранието, откако претходниот ден не успеа вториот обид за формирање влада, а изборите за новиот парламент треба да се одржат на крајот од годината, јавуваат регионалните медиуми. Потпишувањето на декретот за распуштање на собранието доаѓа откако политичките лидери не успеаја да постигнат никаков договор […]

Владата им нареди на инспекторите да влезат во Град Скопје и во „Комунална хигиена“


Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци: Се задолжуваат Државниот комунален […]

Макрон остана сам со кризата по падот на уште една влада во Франција


  Премиерот Себастијан Лекорну и неговата влада поднесоа оставка во понеделник, длабоко влошувајќи ја француската политичка и економска криза што ги потресува финансиските пазари и фрла сериозни сомнежи врз способноста на претседателот Емануел Макрон да владее. Лекорну, кој беше назначен пред само 27 дена, се повлече само неколку часа откако ги именуваше клучните членови на […]

Огромен руски напад на Киев, за прв пат погодена и зградата на владата


  Најголемиот руски воздушен напад во текот на ноќта во војната ја запали главната зграда на украинската влада во Киев и остави три лица мртви, вклучувајќи и едно бебе, соопштија украинските власти во неделата. Русија го погоди главниот град на Украина со беспилотни летала и ракети, повредувајќи 18 лица и запалувајќи десетици згради, вклучувајќи ја […]

Кризната состојба продолжена за 30 дена


Владата денеска донесе одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. „Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии“, велат од Владата. Имено, поради […]

Поради горештините, бремените и постарите од 60 години се ослободени од работа


Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, како и овозможување работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е […]

Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк


Владата на денешната седница ја усвои Информација за отпочнување активности за основање Мултифункционален научно-технолошки парк, чија цел е поттикнување постојан раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари. Како што информира владината прес-служба, согласно претходно направената анализа е утврдено дека […]

Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката


Владата и Црвениот крст ќе ја зголемуваат соработката и наскоро ќе има средба за да се договорат заедничките активности, најавија по денешната средба премиерот Христијан  Мицкоски и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.  – Утврдивме заеднички дека е потребно на повисоко ниво да ја зголемиме соработката помеѓу Владата и Црвениот крст. Дадов збор дека […]

За 26,4 милиони Владата ќе ги оценува медиумите и дали вестите се позитивни или негативни


  Владата ја избра компанијата која треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание и ќе овозможи да се прави оценување на објавените вести дали се позитивни, негативни или неутрални. За 26.415.480 денари компанијата Клипинг ќе го изработува софтверот, а на јавниот повик се јавиле само две компании. Времетраењето на договорот е 12 месеци, односно […]

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците


Владата информира дека за една година исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци. – Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците. Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно, а не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени. […]

Отчет за сработеното во првата година на Владата


Отчет за сработеното во првата година на Владата ќе одржат вечерва владините претставници во Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски вчера на својот Фејсбук профил соопшти дека за една година покачиле пензии и плати, градат патишта, обезбедиле над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработиле 1000 полициски службеници и нагласи дека развојот е возможен и на дофат, […]