Зголемени температури во следните неколку дена, да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето


Од утре до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство денеска апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури. Граѓаните да престојуваат во затворени, […]

Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата


Најсмртоносните екстремни временски настани не се она што се мисли, бидејќи, барем во САД, екстремните жештини секоја година убиваат повеќе луѓе отколку било кој друг тип на несреќа, вклучувајќи ги поплавите, ураганите и торнадата, пишува американскиот портал за вести Ен-Би-Си. Жештината е наречена и „тивок убиец“ бидејќи нејзиното влијание врз човечкото тело не е секогаш […]

Високите температури загрозувачки за сите земјоделски култури, наводнувањето неопходно


Високите температури кои деновиве на некои места надминуваат 40 степени, се загрозувачки за сите земјоделски култури. Предизвикуваат поизразено губење на почвената влага, а растенијата се принудени интензивно да транспирираат. Како што велат агрометеоролозите, при недостиг на вода во текот на растот и развојот на културите може да дојде но намалување на приносот и квалитетот и […]

Топлотен бран затвори туристички атракции во САД, во Вашингтон и Бостон 38 степени


Десетици милиони луѓе во големите градови низ североисточниот дел на САД вчера беа изложени на рекордно високи температури кои се очекувани бидејќи топлотен бран го зафати поголемиот дел од земјата од крајот на минатата недела, а некои туристички атракции денеска треба да бидат затворени. Се очекува температурите во Вашингтон и Бостон да се искачат до […]

Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток


Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15.08.2024 година (четврток). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и […]

Портокалово ниво на опасност од високи температури, денеска до 41 степен


Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно денеска и утре затоа што, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде особено топло и дневната температура наместа ќе надминува 40 степени. Во Скопје максималната температира ќе достигне 41 степен. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево и многу […]

Ослободување од работа, избегнување сонце, светла облека… Еве кои се препораките на МЗ за горештините


Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат […]

Портокалово ниво за опасност од високи температури, промена на времето од петок


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб […]

„Зевс“ пристигнува од срцето на Африка: „Европа ја очекуваат надреални температури“


Во Европа пристигнува антициклонот „Зевс“, чие влијание најпрво ќе биде најизразено на југозапад, а потоа ќе се прошири и низ западна, централна и северна Европа. „Зевс“ ќе ги рашири своите пипци од срцето на Африка низ речиси цела Европа. Иако температурните отстапувања „по висина“ во споменатите делови на Стариот континент ќе бидат доста високи, поради […]

Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури


 Мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури ќе важат и утре и задутре (26 и 27 јули). Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури и усвои соодветни мерки и препораки со важност за следните два дена, а со цел намалување на ризиците од високите температури […]

До среда земјата во портокалово ниво на опасност од високи температури


До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР. УВ индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10. Во земјата утре ремето ќе биде сончево и многу топло […]

Северната хемисфера на Земјата погодена од високи температури и невремиња


Десетици милиони луѓе вчера беа засегнати од пеколните температури што ја зафатија северната хемисфера, во Калифорнија беснееја разорни пожари, додека Азија ја погодија невообичаени бури, што е нов доказ за климатските промени. Во Европа, каде, според експертите, климатските промени се двојно побрзи од светскиот просек, неколку земји се посебно погодени. Во Италија за 16 градови […]

Рекордно топло време на северната страна на Алпите на првиот ден од 2023 година


  Рекордни температури беа измерени на северната страна на Алпите во Швајцарија и Лихтенштајн на првиот ден од 2023 година. Во малиот северен швајцарски град Делемон и главниот град на Лихтенштајн, Вадуц, во неделата се измерени над 20 степени Целзиусови, објави Метеоњуз. Претходниот рекорд во јануари беше измерен на 12 јануари 1993 година во Луцерн […]

Македонија во портокалова фаза- Министерството за здравство со препораки


  Територијата на целата држава следните четири дена, од четврток до недела, ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури. Како што соопштија од Министерството за здравство, се препорачува ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се бремените […]

По најавите ва високи температури, екипи на Црвениот крст ќе патролираат низ Скопје


По најавите за екстремно високи температури кои ќе го зафатат градот Скопје и околината, 30 обучени волонтери со возила на Црвениот крст ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот – автобуски постојки, амбуланти, пазари… во текот на работните денови во периодот од 21 до 28 јули. На овие локации, како […]

Прогноза: Летово нѐ очекуваат пеколни температури


Во целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. На територијата на Република Северна Македонија голема е веројатноста за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности, односно можат да достигнат и до 3°C, покажуваат прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи.  Согласно податоците на УХМР, регионалните предвидувања за врнежите се дека на […]

Молњи предизвикуваат шумски пожари во Австралија


Околу 1.000 пожарникари се борат со десетици шумски пожари кои се надвор од контрола во јужниот дел на Австралија во екот на најжешкото лето во историјата на земјата. Дневните жештини ги натераа термометрите да се искачат до 40 степени во текот на викендот, а принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во државата Викторија. […]

Времето ќе не разболи: В среда температура до 19 степени


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека идната недела се очекуваат повисоки дневни температури. Во среда дневната температура ќе достигне до 19 степени. Во понеделник утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната од шест до 12 степени, во вторник од три до осум степени и од 10 до 15 степени, […]