Висар Вишка потврди, ќе биде советник во министерство за култура


Актерот Висар Вишка ќе биде дел од новиот кабинет на министерот за култура Асаф Адеми. Информацијата за „Независен весник“ ја потврди лично актерот. Тој ќе биде советник на новиот министер, но подетално не кажа кои ќе бидат неговите надлежности. Асаф Адеми вчера ја презеде функцијата министер за култура од неговиот претходник Роберт Алаѓозовски.

Висар Вишка ќе го прогласи за отворен ИТФ „Лица без маски“


Актерот Висар Вишка ќе има воведен говор и ќе го прогласи за отворен Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ на 11. издание што утре започнува вио Домот на АРМ во Скопје во 20 часот. Годинешнотот мото на фестивалот кој ќе се одржи од 12 до 16 април е „Најди начин“. Ќе бидат изведени вкупно седум […]