Орбан изјави дека „расите не треба да се мешаат“ и предизвика општ гнев


  Унгарскиот екстремно десничарски премиер Виктор Орбан го критикуваше „мешањето“ на европските и неевропските раси, во говор што веднаш предизвика гнев кај опозициските партии и европските политичари. „Ние [Унгарците] не сме мешана раса… и не сакаме да станеме мешана раса“, рече Орбан во саботата. Тој додаде дека земјите каде што се мешаат европските и неевропејците […]

Орбан веќе ја постави сцената за нови битки со ЕУ


  БУДИМПЕШТА – Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе остане на главната маса на ЕУ – што значи повеќе судири околу основните вредности на блокот и поголем притисок за да се заземе цврст став кон Москва. Десничарскиот популистички лидер го освои четвртиот последователен мандат на изборите во неделата, при што неговата владејачка партија Фидес ќе заземе […]

Орбан: Санкциите против Русија имаат цена


Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за државното радио. – Санкциите имаат цена бидејќи тоа е меч со две острици и таа цена ќе ја платиме на краток рок, рече Орбан во интервјуто, додавајќи дека Владата […]

Трамп го поддржа Орбан за изборите оваа пролет


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан во неговата кандидатура за четврти последователен мандат на функцијата. Унгарскиот лидер „навистина ја сака својата земја и сака безбедност за својот народ“, рече Трамп во изјавата во понеделникот. „Тој направи моќна и прекрасна работа во заштитата на Унгарија, запирањето на илегалната имиграција, создавањето […]

Новиот сопственик на Еуроњуз поврзан со Орбан


Португалската компанија која ќе стане мнозински сопственик на паневропската телевизија Еуроњуз има долгогодишни лични и професионални врски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше критикуван за влошување на медиумскиот плурализам во Унгарија.   Таткото на извршниот директор на инвестициската компанија „Алпак капитал“ и поранешен пратеник во Европскиот парламент Марио Давид, е долгогодишен соработник и советник […]

Макрон во Будимпешта бара „заеднички јазик“ со Орбан за безбедноста на ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на неговата денешна посета на Будимпешта, вети дека ќе работи со унгарскиот премиер Виктор Орбан за области од взаемен стратешки интерес. Иако ги призна своите политички несогласувања со лидерот на Унгарија, Макрон сепак најави дека ќе бара заеднички јазик со Орбан за стратешката автономија на Европа. Говорејќи пред новинарите […]

Протести во Будимпешта против Владата на Орбан


Во Будимпешта денеска протестираа илјадници граѓани против новиот закон за работа и, како што наведуваат, „авторитативната Влада на националистичкиот лидер Виктор Орбан“. Денешните протести под името „Среќен Божик на господинот премиер“ се четврти по ред во последната недела што ги организираат левичарските опозициски партии, група студенти и граѓани кои се против Владата на Виктор Орбан. […]

Хан ќе бара објаснување од Орбан за азилот за Груевски


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил. – Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што […]

Каде оди ВМРО-ДПМНЕ? Ученикот го надмина учителот…  


Кога пред околу десет месеци Христијан Мицкоски го наследи Никола Груевски на партискиот трон, веројатно, ретко кој очекуваше дека новиот лидер на  ВМРО-ДПМНЕ ќе успее за толку кратко време да навлече толу голем револт од меѓународната заедница, за што на неговиот претходник му беше потребна безмалку една деценија владеење – и тоа со манири кои […]

Унгарците масовно против Орбан: „Врати ни ја демократијата“


Десетици илјади Унгарци протестираа денес против владината контрола врз медиумите, која, како што велат, му помогна на премиерот Виктор Орбан во неодамнешната убедлива изборна победа. Ова е втор масовен протест против Орбан од изборите на 8 април, а демонстрантите ги повикаа опозициските партии да се здружат против десничарската националистичка партија Фидес, која освои две третини […]

Орбан: Остваривме историска победа на парламентарните избори


Унгарскиот претседател Виктор Орбан прогласи победа откако прелиминарните резултати од парламентарните резултати покажуваат дека избирачите му дале доверба за трет последователен мандат, и четврти од 1998 година. Коалицијата на Фидес и помалиот партнер христијански демократи, убедливо победија на изборите и најверојатно освоија двотретинско мнозинство односно 133 од 199 места во парламентот, јавија локални медиуми. – […]

Се очекува Орбан по трет пат да стане премиер


Унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува на парламентарните избори в недела да го добие својот четврти, од кои трет последователен, мандат на премиерксата функција. Според последните анкети на јавното мислење, спроведени во пресрет на парламентарните избори, се очекува коалицијата на конзервативната полулистичка партија Фидес – Унгарска граѓанска алијанса на Орбан и на Христијанско демократската народна партија […]

Орбан: Не ветувам дека ќе има пензија ако примиме мигранти


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „не може да вети“ дека Унгарија ќе има пари за зголемување на пензиите, детските додатоци или даночни олеснувања за семејствата со деца, „ако земјата биде приморана да прими мигранти со трошоци од девет милиони форинти (28.900 евра) по мигрант годишно“. Орбан во видео прилог, кој го објави на својата […]

Орбан против „Соединети европски држави“


Формирање на „Соединети европски држави“ еднакво е на претворање на регионот во „континент за имигранти, вклучувајќи ја и Унгарија како нивна дестинација“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој, во својот говор пред Унгарската академија на науките во Будимпешта, предупреди дека има обиди за намалување на надлежностите на земјите-членки на Европска унија со цел да […]

Средба Борисов-Орбан: Сега е шансата да го интегрираме Балканот во ЕУ


Бугарското претседателство на Советот на ЕУ се одвива добро – тука дојде половина Европа и тоа покажува колку важна улога игра Бугарија во европската политика, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан по средбата во Софија со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. – Разговаравме за иднината на Европа со посебен акцент на Балканот, безбедноста на границите […]

Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со унгарскиот премиер Орбан


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, денеска оствари средба со Премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, г-дин Виктор Орбан, кој беше придружуван од министерот Антал Роган. На средбата,  како соопштила  досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ беше оценета како одлична и од двете страни се потенцираше дека […]

Орбан: По Брегзит, ЕУ да се прошири кон Балканот


По напуштањето на Велика Британија, Европската унија треба да се прошири кон Балканот, изјави денеска во Виена унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц. – Гледаме дека Велика Британија ја напушта ЕУ и затоа се соочуваме со нови предизвици, а Унгарија не крие дека активно се залага за проширување на ЕУ, […]