Шефот на „Визер“ предупредува: Проблемите со патувањето допрва ќе следат


  Нема брзо решение за проблемите на воздухопловната индустрија, вели извршниот директор на „Визер“, Јожеф Варади. Шефот на унгарската авиокомпанија рече дека воздухопловната индустрија и владите ја потцениле брзината на закрепнување од Ковид-19 и во интервју за „Политико“ тврдеше дека „неверојатно некорисните“ штрајкови на работниците ги влошиле проблемите. Бројот на летови низ Европа значително се […]

„Визер“ е прогласена за најодржлива ниско-буџетна авиокомпанија на World finance sustainability awards 2022


Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, е прогласена за најодржлива нискобуџетна авиокомпанија на World Finance Sustainability Awards 2022 година, соопштија од компанијата. World Finance им честиташе на победниците што помогнаа да се донесат трансформативни промени, а особено ја пофали континуираната посветеност на Wizz Air за одржливост, особено нејзината амбициозна програма за обновување на возниот […]

Кога резервирате карта за „Визер“, прочитајте ги условите


Пред да летаат со „Визер“, патниците треба внимателно да ги прочитаат условите за превоз на веб-страницата на превозникот. Само така ќе ги знаат правата и обврските, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Таму не се обратил никој од осумтемина патници кои минатата недела, и покрај тоа што имале резервирани седишта на летот со унгарската нискобуџетна […]

„Визер“ издава двојни билети за наше добро


Авиокомпанијата „Визер“, која добива субвенции од државата, потврди дека издава двојни билети, но минимално, за што повеќе патници да можат да патуваат. „’Визер’, во согласност со практиката на авионската индустрија и применливата легислатива за заштита на потрошувачите, дозволува минимално пребукирање на своите најпопуларни рути, со цел да овозможи повеќе патници да патуваат, наместо некои седишта […]

Осум патници извисиле поради двојни билети на „Визер“


Осум патници извисиле на саботниот лет од Берлин за Скопје. Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ на патнициte со регуларни резервации им рекла дека не може да влезат во авионот затоа што нема место. А меѓу осумтемина имало и лица со дипломатски пасоши. „На аеродромот ‘Шенефелд’ имаа проблем мојата сопруга, која има дипломатски пасош, една нејзина колешка и […]

Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен


На Скопскиот аеродром денеска ќе биде одбележано почнувањето на новите летови од и до германските градови Баден-Баден и Бремен на кои линии ќе лета  нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. На свеченоста се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во државава. Согласно со […]

Рајанер и Визер не смеат да наплаќаат повеќе за поголем рачен багаж


Италија им изрече парични казни на авиопревозниците Рајанер и Визер за нивните нови правила за рачен багаж. Агенцијата за заштита на конкуренцијата во Италија (АГЦМ) соопшти дека таксите од пет до 25 евра, кои компаниите ги наплаќаат на патниците, за да земат поголеми куфери во авионот, претставуваат прекршување. Рајанер е казнет со три милиони евра, […]

Потпишување договор со „Визер“ за субвенции на евтини авиолинии


Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии ќе потпишат денеска министерот за транспорт Горан Сугарески и претставници на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. Тоа е трет Договор за субвенции за авиолинии меѓу македонската Влада и „Виз ер“. Во наредните три години на авиокомпанијата треба да и бидат исплатени пет милиони евра. Субвенционираните летови од аеродромите во Скопје […]

„Визер“ ќе ги поскапи авионските билети


Основачот на авиокомпанијата „Визер“ Јожеф Варади им порача на клиентите да уживаат во ниските цени на авионските билети, затоа што нема уште долго да останат толку евтини. На конференција во Виена тој рече дека предвидува поскапување на билетите во наредната година. – Цените ќе се стабилизираат – истакна Варади. Унгарската авиокомпанија оваа пролет се стационираше […]

Нова авиолинија Охрид – Виена со „Визер“


На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ утре попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена. Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што оперира од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон […]

Авион принудно слета во Романија поради закана од бомба


Романија- Романските власти соопштија дека авион на компанијата „Визер“, кој летал од Грузија кон Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана од бомба. Авионот Ербас А320 на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен кон Романија. Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјави дека авинонот, откако го напуштиле 173-та патници, е […]

Птица удрила во авион на „Визер“ и го вратила во Скопје


Патниците што во неделата попладне полетале со „Визер“ од Скопскиот аеродром за Париз, кусо време по полетувањето, пак се вратиле на аеродромот „Скопје“. Причина за тоа бил удар на птица во авионот, кога тој го надлетувал Косово. Од М-НАВ го потврдија настанот. „На 16 септември, воздухопловот на ‘Визер’ со број на лет 241, на релација […]

Визер го објави летниот распоред, карти од 599 денари


Водечката авиокомпанија во Македонија Wizz Air, објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на wizzair.com. Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели почнувајки од 599 денари па нагоре. Во следните две […]

Холандска студија: Националниот авиопревозник чини 2 милиони евра годишно


Домашна авиокомпанија, која би летала на регионални дестинации со турбопроп-авиони, би требало да добива структурна финансиска поддршка од два милиони евра годишно, во спротивно нема да може да се одржи во генерално високоризично пазарно опкружување. Ваков модел не ја исклучува можноста за одржлив национален превозник во партнерство со авиопревозник од Блискиот или Далечниот Исток. Сепак, […]

Новата субвенционирана авиокомпанија може да добива пари од повеќе места


За да може да им додели финансиска поддршка на авиокомпаниите, Владата подготви посебна уредба во која се дефинирани критериумите, начинот на доделување и документацијата што треба да ја достават превозниците. Уредбата е излезена во „Службен весник“ од 29 мај, а изменета и дополнета е само после 20-ина дена. Изготвувачот заборавил дека авиокомпанијата пред сите други […]

Од 1 јуни директна авионска линија Скопје-Варшава


Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и […]

Македонија и Визер ќе ги објават плановите за годинава


Концесионерот на македонските аеродроми ТАВ Македонија и нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска ќе ги презентираат постигнатите резултати во минатата година и плановите за годинава. Договорот на македонската Влада со „Визер“ која добива субвенции од државата, истекува во јуни годинава,  а финансиската поддршка од државата за нискобуџетни авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани […]

„Виз ер“ отвара нова авионска линија од Охрид за Виена


Ниско-буџетната авиокомпанија „Виз ер“ од ноември ќе воспостави директна авионска линија од Охрид до Виена. Од компанијата „ТАВ Македонија“ што управува со аеродромите во Скопје и во Охрид, појаснија дека „Виз ер“ на дестинација Охрид – Виена ќе оперира три пати седмично односно секој вторник, четврток и недела, по стартна цена на авио-билетите од 19,99 […]

Авион на Визер принудно слетал во Софија поради удар од гром


Авион на компанијата Визер, кој летал од Грузија до Кавала, бил принуден да слета на аеродромот во Софија поради удар од гром, јави грузиската телевизија Рустави – 2. Во авионот  имало 170 патници и членови на екипажот. Никој не е повреден. На аеродромот во Софија, како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, во моментот се […]