Индија ги намали дополнителните акцизи за горивата, и Виетнам презема мерки


Индија ги намали специјалните дополнителни акцизи за бензинот од 13 на три рупии по литар, а за дизелот од 10 на нула рупии по литар. Одлуката на Владата во Њу Делхи е во насока на поддршка на енергетскиот сектор поради неповолното влијание на војната на Блискиот Исток врз снабдувањето со нафта и природен гас. Индија […]

Виетнам ги продава чантите „Хермес“ и јахтата на жена осудена за проневера на 27 милијарди долари


Две чанти „Биркин“ и луксузна јахта се меѓу средствата што ги поседува тајкунот Труонг Мај Лан, кои виетнамските власти сега се обидуваат да ги продадат како дел од напорите за враќање на милијардите што ги проневерила. Таа отслужува доживотна казна затвор за проневера и ѝ е наредено да врати 27 милијарди долари. Агенцијата за спроведување […]

Виетнам ја гради првата фабрика за чипови, до 2030 година сакаат да обучат 50.000 инженери


Државната телекомуникациска компанија „Виетел“ во петокот започна со изградба на првиот објект за производство на чипови во Виетнам, како дел од поширокиот план на Ханој за воспоставување сопствен систем за производство на полупроводници. Објектот од 27 хектари го гради „Виетел“ во технолошкиот парк Хоа Лак Хи на периферијата на главниот град. Работата и трансферот на […]

Откако ги опустоши Филипини, тајфунот Калмаеги „удри“ врз Виетнам


Тајфунот Калмаеги денеска го погоди брегот на Виетнам, откако претходно ги опустоши Филипини. Виетнамските централни провинции Дак Лак и Џа Лај се погодени од обилни дождови и ветер со брзина до 149 километри на час. Тајфунот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се шест аеродроми и откажани се стотици летови. Околу 268.000 војници […]

Виетнам одбележува 80 години независност


Десетици илјади луѓе денеска се собраа во Ханој за да присуствуваат на масовна воена парада по повод 80-годишнината од прогласувањето независност од страна на тогашниот претседател Хо Ши Мин. Тенкови, лансери за проектили, амфибиски возила и друга опрема поминаа покрај трибините на плоштадот Ба Дин, каде што револуционерниот лидер прогласи независност од француската колонијална власт […]

Се трага по 20 деца: 34 жртви по превртувањето на туристички брод во Виетнам


Триесет и четири лица загинаа откако туристички брод се преврте за време на бура во Виетнам, објавија светските агенции. На бродот имало 53 лица – пет членови на екипажот и 48 патници. Трагедијата се случила во заливот Ха Лонг. Дванаесет лица се спасени. Меѓу нив било и 14-годишно момче кое останало во водата четири часа. […]

Повеќе од 18 мртви и 40 исчезнати по превртување на туристички брод во Виетнам


Најмалку 18 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати откако туристички брод се преврте во заливот Ха Лонг во Виетнам, објавија денеска локалните медиуми. Бродот, кој превезувал повеќе од 50 патници, се превртел поради ненадеен силен дожд што го погодил додека бил во посета на место на светското наследство на УНЕСКО. -Туристичкиот брод […]

Компанија на Трамп гради луксузен комплекс вреден 1,32 милијарди евра во Виетнам


Виетнамскиот премиер и Ерик Трамп, син на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера одржаа церемонија по повод поставувањето камен-темелник на луксузен станбен комплекс вреден 1,5 милијарди долари (1,32 милијарди евра), со три терени за голф со 18 дупки, во близина на Ханој, главниот град на Виетнам, објави NBC. Семејната компанија на американскиот претседател, „Организацијата Трамп“ и […]

Словачкиот премиер Фицо е пронајден. Се наоѓа во Виетнам во луксузен хотел каде едно ноќевање чини 6.200 евра


  Поминаа две недели откако Словаците последен пат знаеја каде е нивниот премиер. Канцеларијата на Владата одбиваше сподели оваа информација со јавноста каде е премиерот Роберт Фицо. Сепак, неговото последно видео откри дека се наоѓа во луксузен хотел во Виетнам. Последната вест за неговите патувања беше посетата на Москва. Премиерот на социјалните мрежи сподели неколку […]

Потврдена смртната казна на Тронг Ми Лан заради најголемата проневера во Виетнам од 12,5 милијарди долари


Суд во Хо Ши Мин денеска во жалбена постапка ја потврди смртната казна за Тронг Ми Лан, главна актерка на најголемиот финансиски скандал во Виетнам досега. Судиите утврдија дека нема причина да се ублажи смртната казна на тајкунката со недвижности изречена во понизок суд, во случајот со голема проневера, кој беше од таков обем што […]

Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281


Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281, а 67 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите, цитирани од ДПА. Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години. Повеќе од 1.900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со […]

Се урна мост во Виетнам, возила паднаа во реката


Обилните дождови продолжија во северниот дел на Виетнам откако тајфунот „Јаги“ ја погоди таа земја, кој предизвика лизгање на земјиштето, поплави, големи материјални штети, прекин на електричната енергија, а загинаа најмалку 21 лице и 299 се повредени, објавија денеска државните медиуми. Сообраќаен мост над надојдената Црвена река во провинцијата Фу То утрово се урна. Неколку […]

Претседателот на Виетнам поднесе оставка речиси една година по преземањето на функцијата


Виетнамската комунистичка партија ја прифати оставката на претседателот Во Ван Туонг, објавија британските медиуми, повикувајќи се на владата.  Според владиното соопштение, Туонг ги прекршил партиските правила, додавајќи дека „слабостите“ што тој ги признал негативно влијаеле на јавното мислење за него, што влијаело на угледот на партијата и државата. Централниот комитет на партијата, највисокото тело за […]

Кој е виетнамскиот производител на автомобили што вреди повеќе од „Фолксваген“ и од „Форд“


  Виетнамскиот производител на електрични возила „Винфаст“ (VinFast) направи голем бум со својата котација на американската берза на Волстрит. Како компанија стана повредна од „Фолксваген“ и „Форд“. Станува збор за еден од најголемите виетнамски производители на автомобили, чии акции се зголемија за 270 отсто на првиот ден од тргувањето на Волстрит. Почетната цена на акциите […]

Топлотен бран ги зафаќа земјите низ светот: Во Виетнам измерени рекордни 44 степени


Виетнам регистрираше рекордна висока температура од 44 степени Целзиусови, што ги натера метеоролошките експерти и властите да им сугерираат на жителите да останат во затворен простор во најтоплите делови од денот. Научниците велат дека глобалното затоплување дополнително ги фаворизира високите температури. Националниот центар за хидрометеоролошки прогнози соопшти дека виетнамскиот рекорд бил измерен во затворен простор […]

Потврдена смртта на момчето кое падна во окно на градилиште во Виетнам


Виетнамските медиуми објавија денеска дека е потврдена смртта на 10-годишното момче кое за време на новогодишната ноќ паднало во тесна шахта на градилиште. Локалните власти велат дека спасувачите поминале речиси 100 часа обидувајќи се да го ослободат Ли Хао Нам од окното во потпорен столб длабок 35 метри, забиен во земјата, но без успех, пренесе […]

Дете во Виетнам два дена заглавено во шахта, спасувачите не можат да стигнат до него


  Спасувачи во Виетнам се обидуваат да ослободат 10-годишно момче заробени длабоко во тесно окно на градилиште. Ли Хао Нам барал старо железо кога паднал во шуплината во окраината ДОнг Тап во новогодишната ноќ, јавија локални медиуми. Тимови спасувачи сега се борат да го ослободат и впумпуваат кислород во потпорен столб длабок 35 метри за […]

Виетнам: Во пожар во караоке бар 12 загинати и 11 повредени


  Во пожар што во текот на претходната ноќ избувна во караоке бар во место во близина на Хо Ши Мин на југот на Виетнам, 12 лица загинаа, а 11 се повредени, соопштија локалните власти. „Спасувачките екипи се на лице место во потрага по жртви“, изјави неименуван локален функционер. Според него, причината за пожарот се […]

Почина претседателот на Виетнам Чан Даи Кванг


Виетнам – Претседателот на Виетнам Чан Даи Кванг по тешко боледување почина денеска во 61-та година во воена болница во Ханој. Тоа го соопшти државната виетнамска новинска агенција, не наведувајќи повеќе детали. Кванг последен пат се појави во јавност на седница на Политбирото на владејачката Комунистичка партија и приемот за кинеската делегација во средата. За претседател […]

Зделки за 12 милијарди долари беа договорени за време на посетата на Трамп на Виетнам


За време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ханој, виетнамски и американски компании потпишаа договори вредни 12 милијарди долари. Во договорите се вклучени и зделките со двете најголеми виетнамски авиокомпании – „Виетнам ерлајнс“ и „Виетџет ер“. Договорите се во висина од 2,1 милијарди долари. Трамп на средбата со виетнамскиот премир Нгуен Суан Фук […]