УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер


Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да […]

Облачно со повремен дожд и слаб ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд. За кратко време се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен. […]

Ветерот откорна делови од покривите на две згради во „Областа“ во Битола (фото)


Битола – Ветерот во Битола предизвикува голема материјална штета на објекти во Битола. Напати и со брзина од 60 до 70 километри на час откорна делови од покриви на две згради во „Областа“ во Битола и предизвика штети и на паркирани автомобили. (А.Б)

Значителен пад на температурата со засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.  Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. […]

Постудено време со мала облачност и силен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје сончево со […]

Променливо облачно со ветер од северозападен правец


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти […]

Ветерoт и сончевата енергија ќе произведуваат повеќе од една третина од глобалната енергија до 2030 година


Енергијата на ветерот и соларната енергија се на пат да сочинуваат повеќе од една третина од изворите на електрична енергија до 2030 година, според денеска објавениот извештај на американскиот институт „Карпести планини“ („Rocky Mountain“). Султан ал-Џабер, претседател на следниот самит на ОН за климата КОП28, повика оваа година тројно да се зголеми производството на енергија […]

Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде променливо облачно […]

Облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер


Времето денска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје oблачно со […]

Времето утре нестабилно со пороен дожд и ветер


Времето утре ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до […]

Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец, попладне повремен локален снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до […]

Снег, ветер и магла на Шапка, Тетово, Гостивар, Маврово, Крива Паланка


Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен изутринава има на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во североисточните и […]

Утре ветер до 80 километри на час, преодно стабилизирање од четврток


Променливо облачно време, со ветер што наместа ќе достигнува 80 километри на час, со локален слаб снег ќе има и утре во земјава. Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потполно време. Умерен до засилен ветер од северозападен […]

Ветер со брзина од 90 километри на час во Скопје


Во Скопје вечерва дува ветер со брзина од 90 километри на час. Засега не се пријавени материјални штети. Од Управата за хидрометеоролошки работи за МИА информираат дека нестабилното време со дожд и грмежи се движи од северозапад кон Пелагонија и Прилеп.

Какво време не очекува утре?


Нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува за утре УХМР. Како што соопшти, локално процесите се очекува да бидат поинтензивни. – Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

Се менува времето: Од утре облачно со поројни дождови и ветер


Облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи. Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален […]

Силен ветер, дожд и грмежи се најавени за денеска


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во раните утрински часови на запад, а околу пладне во источните делови од земјава каде за кратко време можно е да наврнат над 15 л/м2. Во попладневните часови ќе има и сончеви периоди. Утринската температура […]

Сообраќајот отежнат, одрони и забрани за камиони на дел од патиштата


Поради отстранување одрони во близина на село Истибање сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин. Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Ѓавато и Стража, како и на патните правци Маврово-Дебар и село Шипковица- Попова Шапка. Поради појава на магла видливоста на патот село Шипковица-Попова Шапка е намалена […]

Ќе дува ветер со брзина од 100 километри на час


Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од јужен правец, чија брзина на моменти ќе достигне околу 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе има локален дожд уште претпладне, а попладне и во вечерните часови врнежите ќе се […]

Попладне чекаме ветер да го расчисти Скопје


Попладне се очекува расчистување на маглата и загадувањето во Скопје. Од УХМР најавуваат дека околу пладне и попладне ќе почне да дува ветер кој ќе придонесе кон расчистување на маглата и загадувањето, а од утре ќе има и дожд. Нивото на ПМ 10 честичките во изминатото деноноќие во Центар не се спуштило под 200 микрограми. […]