Во здравството треба да се вработат 2.300 лица, најмногу доктори


Во здравствениот систем во државата треба вкупно да се вработат околу 2.300 луѓе, најмногу доктори. Во Агенцијата за вработување има регистрирано 1.100 невработени медицински сестри и нешто помалку од 200 доктори, покажала анализата на Министерството за здравство. Во медицинските центри низ државата, без градот Скопје, се потребни 380 доктори. – Сите да можеме да ги […]

Филипче: Новата генерација приватни специјализанти ќе добие плата


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека приватните специјализанти, запишани на јануарскиот конкурс 2018 година, во јуни ќе добијат мајска плата. Новата генерација приватни специјализанти побара ист третман за сите специјализанти, се до донесување на стабилно и вистинско долгорочно решение за сите засегнати. – За нас докторите на приватна специјализација, секој следен ден поминат […]

Потпишан Договор за унапредување на здравјето и намалување на смртноста на мајките и новороденчињата


Заедничко имплементирање на мерките за унапредување на здравјето на мајките и на новороденчињата и придонес за намалување на нивната смртност, треба да овозможи Договорот кој денеска во Владата го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче и директорката за население на ОН (УНФПА) за Македонија Доина Болога. Со Договорот се обезбедуваат вкупно пет милиони денари. Половина […]

Филипче: Немаме обврска да ѝ плаќаме пенали на банката за Клинички центар


Пред две недели имавме состанок со Банката на Советот на Европа. Останува делот од парите што беа посветени на Клиничката болница во Штип, а ние се откажуваме од делот што беше наменет за градење на Клиничкиот центар во Скопје во рамки на сегашниот кампус. Во однос на Банката ние немаме обврска за плаќање на никакви […]

Македонија одобри 1,5 милион евра за програмите за ХИВ, трипати повеќе од лани


Собранието на Република Македонија усвои буџет од 95 милиони денари (1,5 милиони евра) за програмата за превенција, третман, грижа и поддршка за ХИВ и 30 милиони денари (половина милион евра) за програмата за контрола на туберкулозата во Македонија. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на отворањето на состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа, […]

Македонија домаќин на состанок на министри за здравство на ЈИЕ


Македонија денеска е домаќин на состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа. Покрај министри, ќе учествуваат и заменици министри за здравство и државни секретари во ресорните министерства од Бугарија, Романија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Косово, Албанија и Србија. Состанокот ќе го отворат министерот за здравство Венко Филипче и извршниот директор на […]

Филипче најави контроли во сите бањи


Во сите бањи ќе има контроли. Тоа што сега го забележавме во Катлановска бања го санкциониравме на начин што се забрани здравствена дејност и ги упативме луѓето да ги завршат работите согласно законските регулативи. Како било досега навистина не можам да одговорам. Не секоја бања е регистрирана како приватна здравствена установа, туку како ДОО или […]

Жан Митрев Клиник доби државна акредитација за квалитет


Zan Mitrev Clinic ја доби државната акредитација за квалитет од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи. Директорот на Агенцијата, Анте Поповски, му го предаде уверението за стекнатиот степен на акредитација на директорот на клиниката, доктор Жан Митрев. Тој потенцира дека ова е уште еден доказ дека целата работа се движела по […]

Филипче бара тројца советници за плата до 55 илјади денари


Министерството за здравство бара тројца посебни советници кои ќе бидат вработени во кабинетот на министерот Венко Филипче. Според објавениот оглас, платата за секој од нив е од 35.000 денари до 55.000 денари. Советниците ќе бидат ангажирани за прашања поврзани со имплементација и креирање на здравствени политики и меѓународни проекти. Според барањата во огласот, кандидатите треба да […]

Филипче ќе ги убедува родителите дека вакцините се квалитетни


Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата, потврди вчера Гоце Чакаровски, заменик-министер за здравство, по бурата во јавноста што ја предизвика министерот Венко Филипче откако најави дека од септември, вакцината ќе биде услов за упис во градинка и во училиште. Тоа предизвика паника кај родителите бидејќи идната недела […]

Филипче на неформална средба на министрите за здравство од ЕУ во Софија


Министерот за здравство Венко Филипче престојува во Софија каде што учествува на неформална средба на министрите за здравство од Европска унија, на покана од бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев. Министерството за здравство на својата веб страница објави дека ова е прва ваква покана, како и присуство на министер за здравство од Република Македонија на […]

Филипче: Македонија имаше одличен степен на имунизација, но веќе не е така


Со години нашата земја имаше одличен  степен на имунизација, но за жал сега не е така, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче на музичкиот хепенинг кај Школка во парк по повод Светската недела на имунизација. Според него, постои голем ризик дел од болестите кои со години наназад се искоренети, да се вратат назад, односно […]

Нови вакцини, промена на вакциналниот календар и нови правила за заштита на децата


Со две нови вакцини за пнеумокок и рота вирус се осовременува календарот за имунизација, со што Македонија станува лидер во регионот на поле на имунизацијата. Тие вакцини од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата. Ова денеска на средба со новинарите го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе бидат […]

Лиценци за приватните клиники: Жан Митрев побарал дозвола за трансплантации


Министерството за здравство ќе им доделува лиценци на приватните клиники во Македонија за во нив да се прават трансплантации на органи за кои сега се оди во странство, одлучи Владата. Приватните клиники допрва треба да се изјаснат дали тие трансплантации можат да ги прават кај нив. – Пациентот, кога ќе добие конзилијарно мислење од тројца […]

Зголемени коефициентите за дежурства и ноќен труд на здравствените работници


Дежурствата и ноќниот труд на докторите, медицинските сестри, транспортерите, гипсерите и протетичарите од мартовската плата ќе се исплатат по нови покачени коефициенти. Ова го соопшти вечерва Министерството за здравство по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со претседателите на Самостојниот синдикат на Клинички центар Горан Беговиќ и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална […]

Клиниката за психијатрија со нова опрема и реновирано болничко крило


Нова апаратура за неурофидбек (метода со која се мерат мозочните бранови и се влијае на нив), за транскранијална магнетна стимулација (процедура која има ефект во редукција на симптомите на депресија), како и реновирано болничко крило беа промовирани денеска на Универзитетската клиника за психијатрија, во пресрет на 7 април, Светски ден на здравјето. По тој повод, Клиниката […]

ФЗОМ даде аванс за да се одблокира сметката на Клиниката за гинекологија


Сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе биде одблокирана со средства што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Изутрината имале состанок со директорот на ФЗОМ и проблемот веќе е решен. Авансот е во висина колкава што е сумата за блокираната сметка. Филипче посочи […]

Филипче: Се бара решение за блокирањето на сметката на Гинекологија


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека попладнево ќе се сретне со директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска и со претставници од Министерството за финансии, во врска со блокирањето на сметката на Клиниката, поради исплата на извршни судски решенија. – Одлуката за симнување пари од сметката по тужба за некој случај […]

Трета среќа за Клинички центар: И нов ќе се гради и стариот ќе се крпи


Ќе се прават улици низ скопската населба Бардовци како подготовка за новиот клинички центар, но ќе се реновираат и некои од постојните клиники во сегашна државна болница. Така паралелно ќе се „турка“ да функционира најголемата здравствена установа во државата, додека да се изгради новиот и модерен медицински град, кој во петокот го најави министерот за […]

Филипче: Нов Клинички мора да има, наскоро ќе се знае како ќе се финансира


Во тек се преговори со кредитори и за кратко време ќе се знае како ќе се финансира изградбата на Клиничкиот центар-Скопје на новата локација во близина на болницата Бардовци. Министерот за здравство Венко Филипче е дециден дека според сите испитувања, модерен Клинички центар не може да се изгради на постојната локација. – Тоа што требаше […]