Од утре започнува аплицирањето за субвенции за велосипеди и електрични тротинети 


    Град Скопје утре на градската веб страница ќе објави два Јавни повици за Cубвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето  на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година, на кои граѓаните ќе можат да аплицираат.   […]

Во Аеродром 497 граѓани добија субвенции за тротинети и велосипеди


Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска ги потпиша решенијата за доделување паричен надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет. Од објавувањето на повикот, па се до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање на овие субвенции поднесоа 549 граѓани, од кои вкупно 497 ги имале поднесени сите потребни документи и ќе добијат надоместок. Ова е прва […]

Аеродром, Центар и Гази Баба делат субвенции за велосипеди и тротинети


Аеродром, Центар и Гази Баба се скопските општини кои ќе делат значителни суми за субвенционирање на средствата за алтернативен сообраќај.  Од општина Аеродром информираат дека наскоро ќе објават јавен повик за субвенционирање велосипеди и електрични тротинети, за што од буџетот се издвоени 1.680.000 денари. Советот на Општина Аеродром на последната седница ја донесе одлуката со која аеродромци […]

Ако градите во Аеродром, ќе мора да планирате паркинзи за велосипеди


Инвеститорите во Општина Аеродром во рамки на градежните парцели во иднина ќе мора да планираат паркинзи за велосипеди при изградба на сите нови станбени, деловни и јавни објекти. Оваа одлука на последната седница ја донесе Советот на Општина Аеродром во согласност со Законот за градење, Законот за локалната самоуправа и соодветниот Правилник за урбанистичко планирање […]

Првпат Гази Баба субвенционира велосипеди


За прв пат на територија на општина Гази Баба се воведени субвенции за купување на велосипеди. Во тек е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување велосипеди во 2022 година, соопштија од Општината. Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на […]

Паркинзи за велосипеди во станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар


Паркинзи за велосипеди кај сите нови станбени, деловни и јавни објекти во рамки на градежна парцела треба да планираат инвеститорите, според одлуката изгласана на  седница на Советот на Општина Центар. Општина Центар ги задолжува инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да […]

Карпош субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети


  Започнувајќи од понеделник, 21.03.2022 година, Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање до 30 отсто од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и 30 отсто од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на […]

Град Скопје повторно субвенционира купување велосипеди


Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето (11.03.2019 година) на Јавниот повик, заклучно со […]

Франција воведува регистрација на велосипеди за да намали кражби


Франција – Француските велосипедисти наскоро ќе мора да ги регистрираат своите велосипеди, бидејќи француски власти сакаат да ја зголемат нивната употреба и да намалат кражби, објавија медиумите. Тој предлог ќе биде презентиран од страна на француската Влада до крајот на годината, а се очекува да стапи во сила во 2020 година. Секој кој ќе одлучи да […]

Велосипедско дефиле во Скопје


Во рамките на Европската недела на мобилност 2018 година, денеска во Скопје ќе се одржи велосипедско дефиле. Велосипедистите ќе тргнат од Порта „Македонија“ и ќе возат до Школка во Градскиот парк, каде ќе следи забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, како симбол на користење на алтернативни превозни средства. На велосипедското дефиле ќе […]

Со велосипеди од Нова Градишка до Крушево во чест на Тоше


Група кавадарчани денеска стартуваше со велосипедска тура „Од срце за Тоше”. Со велосипеди тргнаа од Нова Градишка, каде што загина македонскиот пејач и ќе возат 7-8 дена, околу 1.100 километри до неговото Крушево. Пред стартот на акцијата, кавадарчаните положија свежо цвеќе пред споменикот на Тоше во Нова Градишка. – Екипа сме од четворица велосипедисти, членови […]

Во Европа тренд- во Скопје не заживеа проектот за изнајмување велосипеди


Жителите на Скопје во 2010 година за првапат добија можност да изнајмат еден од 120-те достапни велосипеди распоредени на пет локации низ градот. Проектот „Изнајми велосипед“ беше воведен со примарна цел велосипедот да се користи како превозно средство, особено во централното градско подрачје, како и со цел за покревање на јавната свест за промена на […]

Град Скопје распиша повик за субвенции за велосипеди


Со цел да ги стимулира скопјани да користат велосипеди, Градот Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Граѓаните кои ќе купат велосипед заклучно со 31 август 2018 година, ќе им надомести 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 […]

Општина Центар дел од акцијата „На работа со велосипед“


Општина Центар по повод Меѓународниот зимски ден на одење на работа со велосипед кој се одбележува утре, ги повикува сите жители и своите вработени да ги извадат велосипедите и со нив да дојдат на работа. „На работа со велосипед“ („Bike to Work“) е годишен настан кој се одржува на различни денови насекаде во светот, со […]

Нови патеки и паркинг за велосипеди во Аеродром  


Општина Аеродром ќе гради паркинг за велосипеди и нови велосипедски патеки. Ова го договорија општинарите и претставници од неформалното здружение „НаТочак“ на вчерашната средба. Заеднички констатирале дека неопходни се и нови сообраќајни решенија за намалување на брзината на движење на автомобилите. „Ќе се организираат и кампањи за поттикнување на граѓаните да го користат велосипедот како […]