Водата од изворите во Елшани и Велестово не е за пиење – има бактерии


По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење, информираат од Општина Охрид. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и […]

„Поетска ноќ во Велестово“, ќе учествуваат 30 поети и уметници од пет земји


На повеќе локации во Велестово и Охрид од денеска до недела ќе се одржи 35. издание на Интернационалниот поетски фестивал „Поетска ноќ во Велестово“, а ќе учествуваат околу 30 поети и уметници од пет земји. Годинава, во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока фестивалот вечерва ќе започне со промоција […]

Во Велестово откриена скулптура „Раката на поетот“ од Никола Пијанманов


Во питоресткното, надезерско, село Велестово, денеска, во пресрет на триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“, на сретселото кај кладенецот, беше откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов. Пред присутните на настанот, мештани на селото, поети, ликовни уметници и бројни љубители на поетската реч, говореше заменик градоначалникот на општина Охрид, Перчо […]

Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“


Спроти отворањето на 35. издание на „Поетската ноќ во Велестово“, денеска во 13 часот во Велестово свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“. Како што информира програмскиот директор на манифестацијата, Јулијана Величковска, станува збор за дело на уметникот Никола Пијанманов кој е инспириран од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата […]

Велестово: Поетска  ноќ – восхит на возвишениот дух


Источно од градот Охрид, врз падини на планината Галичица и на над 1.000 метри надморска височина, распослано е селото Велестово. Неговата местоположба измамува величествен поглед кон езерото, градот и западните планини, а бајковитите зајдисонца и вечерното ѕвездено небо, посебно во летните ноќи, разбудуваат лирски трепети и отвораат митски простори на задоволство и наслада. Неговото постоење […]

Триесет и прва „Поетска ноќ во Велестово“ од 16 до 18 август


Во охридското село Велестово на 16 август ќе биде отворена 31-вата „Поетска ноќ во Велестово“, годинава посветена на поезијата на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска. По пауза од една година, манифестацијата е повторно интернационална и ќе има гости од Бугарија и од Ирска. Отворањето на 16 август ќе биде во 21 часот со […]

Излезе монографијата „30 години поетска ноќ во Велестово“


Деновиве во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации-Скопје од печат излезе монографијата „30 години Поетска ноќ во Велестово“ со материјална поддршка на Општина Охрид. Книгата за печат ја подготви Славе Ѓорѓо Димоски, основачот на манифестацијата. Покрај текстуалниот материјал, монографијата богато е илустрирана со фотаграфии кои хронолошки го претставуваат нејзиниот развој во изминатите […]