Владата ѝ даде 2,5 буџети на Општина Вевчани за девет проекти


Девет проекти во вредност од 26 милиони денари директна помош од Владата се реализираат во општина Вевчани, информира при денешната посета министерот за локална самоуправа Златко Перински, која е во рамките на караванот „Каде што срцето е дома“. По средбата со градоначалникот Спасе Кочовски, министерот заклучи дека Вевчани инфраструктурно е добро покриена општина и оти […]

Вевчанци ќе ги запалат „Максим Димитриевски, Путин, Трамп, мигрантите…“


Со палење на маските и традиционалното василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, […]

Вевчани и околните села в среда и четврток без струја


Неселните места Вевчани, Октиси, Лабуништа и Добојвани ќе останат без струја на 26 и 27 февруари поради инвестициски зафати во дистрибутивната мрежа, информира градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски. Според соопштението, в среда на 26 февруари во периодот од 9 до 16 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Вевчани, Октиси, Лабуништа […]

Кочовски: Снегот нема да е пречка за доживувањето на Вевчанскиот карневал


Се е подготвено за годинашното издание на Вевчанскиот карневал што на 13 и 14 јануари се одржува низ улиците во Вевчани. Традиционално, манифестацијата почнува вечерва со забавна програма, а вевчанци и гостите ќе ги забавуваат „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“. Обилните снежните врнежи, според градоначалникот Спасе Кочовски, нема да бидат пречка за новото карневалско доживување. […]

Оштетен муралот „Вевчанска епопеја“ во Вевчани два дена по промоцијата


Само два дена по официјалната промоција оштетен е муралот „Василичарска епопеја“ во Вевчани, проект на академските сликари Ангелина Спировска и Владо Муковски, а финансиран од Министерството за култура. Вандалскиот чин го осуди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, според која, монументалното дело е израз на почит кон вевчанската традиција, историја и култура и треба да […]

Едукативна тура во природа за најмладите во Вевчани


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, подружница Вевчани во соработка со националниот парк „Галичица“ организираше едукативна тура во природа со ученици од основното училиште „Страшо Пинџур“ и дечињата од градинката „ПЛанински цвет“ од Вевчани, со прошетка низ Споменикот на природата „Вевчански извори“. Учениците, како што соопшти „Еко-свест“ учеле бонтон во природа и […]

Василичарите си го кажаа своето: Со палење на маските заврши Вевчанскиот карневал


Последиците од економската и енергетската криза и лошото владеење во општеството претставени преку креативните вевчанци попладнево симболично изгореа во центарот на Вевчани, во рамките на завршниот дел од Вевчанскиот карневал. Василичарите го изиграа традиционалното оро и ги запалија маските со што, според верувањето, го избркаа злото и прочистени ќе имаат среќна и бериќетна Нова година. […]

Во Вевчани отворена канцеларија за одржливо управување на заштитеното подрачје Вевчански извори


Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест денеска во Вевчани отвори канцеларија во рамките на проектот „Поддршка на одржливо управување на заштитеното подрачје Вевчански извори“. Целта на тригодишниот проект е да се обезбеди поддршка за одржливо управување со заштитеното подрачје Споменикот на природата „Вевчански извори“, а ќе се реализира со поддршка на PONT […]

Општина Вевчани дел од листата на најдобрите сто приказни за зелени дестинации


Општина Вевчани соопшти дека со проектот за развој на одржлив туризам „Vevcani Green” е вклучена во натпреварот сто прикзани за зелени дестинации Top 100 Good Practice Stories на Green Destinations. Секоја година, натпреварот собира одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот за да бидат споделени како инспиративни примери, а дестинациите добиваат признание за […]

Со монодрамата „Кармен“ ќе биде отворено „Вевчанско културно лето 2022“


  Со монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска на Драмскиот театар – Скопје вечер ќе биде отворено „Вевчанското културно лето 2022“. Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а премиерно беше изведена во мај минатата година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, […]

Со палење на маските завршува Вевчанскиот карневал


Со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва од Горна и Долна Маала во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал. Со палењето на маските вевчанци веруваат дека го избркале злото и оти ќе имаат среќна и бериќетна година. Уште од утре тие ќе почнат да планираат […]

Почнува вевчанскиот Фестивал за народна култура „Пображење“


Околу 500 уметници од повеќе држави ќе ја презентираат својата култура на деветтиот Фестивал за народна култура „Пображење“ во Вевчани, кој почнува денеска. Фестивалот е во организација на Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани. Фестивалот почнува вечерва во Домот на културата со презентација на етнолошки документарни филмови. Како учесници оваа година со свои авторски дела ќе […]

Фирмата на Мукоски нема што не прави за државата


Стадиони, игралишта, училишта, прифатилишта за кучиња, домови на култура, центри за вработување… Семејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски нема каде не е влезена во бизнис со државата. Основана во 1994 година со непаричен долг од околу пет илјади евра, две и пол децении подоцна, „Атриум“ може да се пофали со милионска заработка само од тендери […]

Музика и сатира на Вевчанскиот карневал од 12 до 14 јануари


Вевчани и оваа година од 12 до 14 јануари ќе биде театар на отворено со изобилство од креативност и импровизација и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година. Вевчанскиот карневал ќе има и многу музика – годинава со македонски изведувачи. Карневалот, со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар, […]

Премиера на Патувачкиот театар од Вевчани „Поклони се и падни“


Патувачкиот театар „Поклони се и падни“, кој работи во КУД „Дримкол” од Вевчани, вечер од 18 часот во Домот на културата во Вевчани премиерно ќе ја изведе мултимедијалната претстава „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од Виктор Иго, во режија на Ѓорѓи Ризески. Претставата е наменета за деца и младинци и е спој на видеоанимации, […]

Колективна оставка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани


Сите четворица претстаници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Вевчани денеска поднесоа колективна оставка на функцијата, во знак на протест, како што појаснија, против политиката и начинот на владеењето на СДСМ како и во знак на поддршка на нивниот сопартиец во Собранието Крсто Мукоски. Тие најавија дека целосно ќе ја бојкотираат работата на општинскиот совет […]