Хакерски напад врз сајтот на Ватикан


Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е згасната по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква. -Во тек е истрага поради големиот број обиди за пристап до сајтот, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да даде дополнителни детали. Британските медиуми наведуваат дека хакерскиот напад се случува еден ден откако Москва […]

Ватикан побарал средба на папата Франциск со Си Џинпинг во Казахстан, но Кина одбила


  Ватикан и пренел на Кина дека папата Франциск сака да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг додека двајцата се наоѓаат во главниот град на Казахстан, но Кина одговорила дека нема доволно време за тоа, изјави синоќа извор од Ватикан. Изворот не наведува други детали за тоа како и кога Ватикан ја пренел пораката […]

Папата Франциско утре востоличува нови кардинали


Папата Франциско, кој неодамна изјави дека може да се пензионира поради своето здравје, утре ќе устоличи 20 нови кардинали, од кои многумина еден ден може да го изберат неговиот наследник. Тоа ќе биде осмиот состанок на кардиналскиот совет откако 85-годишниот Франциско е избран во 2013 година и внимателно се следи за да се види дало […]

Ковачевски – Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа


Проширувањето на Европската унија е клучно за просперитет на регионот и на Европа, истакнале премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги на денешната средба во Рим. На средбата со италијанскиот премиер, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката […]

Втор ден од посетата на владино-црковната делегација на Рим, оддавање почит пред гробот на Св. Кирил и средба Ковачевски – Драги


Италија– Владино-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј, ќе одаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, каде митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил. По посетата на базиликата […]

Што облече министерката за култура на аудиенција кај папата Франциск : Црн фустан од кашмир и охридски бисери


Строг минималистички црн фустан, со долги ракави, креација на модниот дизајнер Андреј Папаз од Битола , и вел со кој се покрива главата, избра министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, на официјалната посета на Ватикан, по повод чествувањето на денот на Свети Кирил и Методиј во Рим. – Фустанот е со прикладна должина изработен од […]

Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на Денот на Светите Кирил и Методиј


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Рим и Ватикан, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, ќе има тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск. На аудиенцијата кај папата Франциск, заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како […]

Ватикан се извини за сексуалното злоставување малолетници


Италија– Ватикан денеска повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба на малолетници од страна на свештеници, по објавувањето на независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти. „Изразувајќи го уште еднаш чувството на срам и каење за насилството врз малолетниците извршено од свештениците, Светата столица ја изразува својата блискост […]

Соработниците во Ватикан приложуваат зелен сертификат за вакцинација за Ковид-19 за да добијат пристап до работните места


Ватикан –  Соработниците во Ватикан сега мора да приложат зелен сертификат за вакцинација или прележан коронавирус за да добијат пристап до своите работни места. Мерката стапи на сила вчера. Отсуството од работното место на вработените кои немаат таков документ ќе се смета за неоправдано. За време на отсуство на овие лица ќе им биде прекината исплатата […]

Папата му порача на Трамп: Ѕидот со Мексико е грешка


Ватикан – Папата Франциск изјави дека е подготвен на американскиот претседател Доналд Трамп лично во лице да му каже дека е погрешно териториите да се бранат со изградба на ѕидови долж границите. Во интервју за мексиканската телевизија „Телевиса“ емитувано синоќа, папата исто така ги отфрли критиките на ултраконзервативните католици кои го нарекуваат еретик. – Не знам […]

Џафери: Светата столица ќе продолжи да нè поддржува во евроинтегративните процеси


Државно-црковната делегација, која во Рим учествува на манифестацијата во чест на свети Кирил, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Државната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери, а црковната архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „Мирот, толеранцијата и соработката меѓу државите и народите се најдобриот пат за иднината. За соработките […]

Кардинал злоупотребувал момчиња, Ватикан покрена истрага


Ватикан денеска порача дека отвора истрага по обвиненијата против поранешниот кардинал Џорџ Пел. Пел е прогласен за виновен за сексуална злоупотреба на малолетници во неговата родна Австралија. Тој е висок службеник на Ватикан, а првата ноќ зад решетки ќе ја помине откако беше притворен поради обвиненијата дека пред две децении сексуално злоупотребувал две момчиња во […]

Папата изврши кадровски промени во медиумската дејност на Ватикан


Ватикан – Папата Франциско го смени долгогодишниот главен уредник на весникот на Светата столица и назначи познат италијански новинар да координира со редакциската политика на сите ватикански медиуми. Ватикан соопшти дека новинарот од весникот „Стампа“ Андреа Торниели, чија специјалност се прашања за католичката црква, ќе стане редакциски директор на управата за комуникации на Римската курија. Италијанскиот […]

„Телам“: Папата Франциско догодина доаѓа во Македонија


Папата Франциско во мај наредната година ќе ја посети Македонија, објави аргентинската државна новинска агенција „Телам“ повикувајќи се на извори во Ватикан. Посетата на Македонија ќе биде дел од регионалната турнеја на папата која ќе ги вклучи и Романија и Бугарија. Ова ќе биде прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Македонија, Романија и […]

Папата расчини двајца бискупи поради сексуално злоставување малолетници


Ватикан– Папата Франциско расчини двајца чилеански бискупи кои биле инволвирани во скандал со сексуална злоупотреба, соопшти денеска Ватикан. Расчинети се надбискупите Франциско Хозе Кокс Хунеус од Ла Серена и Марко Антонио Орденес Фернандез од Икике. Двајцата се расчинети бидејќи се тврди дека сексуално искористувале  малолетни лица. За случајот имало многу докази, поради што канонското судење било […]

Илир Мета на гости кај Папата Франциско


Шефот на албанската држава, Илир Мета, утре ќе оствари официјална посета на Ватикан, каде на посебна аудиенција ќе биде примен од Папата Франциско. Пред средбата со Папата, Мета во интервју за престижниот италијански весник „Ил Месагеро“ зборуваше и за посебното внимание што Папата го посветува за Албанија. – Ние сме му многу благодарни на Папата […]

Харадинај: Папата ми рече дека народот на Косово му е при срце


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај информираше денеска за посетата на Ватикан, каде што од папата Франциско и државниот секретар Пјетро Пароли побара Светата столица да ја признае независноста на Косово, јавува дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на прес-конференција изјави дека поглаварот на Католичката црква му рекол дека народот на Косово му е при срце и […]

Харадинај бара од Ватикан да го признае Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај престојува во официјална посета на Ватикан, каде што денеска се сретна со државниот секретар Пјетро Паролин. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по средбата, Харадинај објави дека побарал од Светата столица да го признае Косово како независна држава. – Косово е во потрага по дипломатско партнерство со Државата Ватикан […]

Ватикански свештеници се маваа со снежни топки на плоштадот Свети Петар


Снегот, кој ретко паѓа во Рим, денеска ги намами надвор не само децата, туку и свештениците од Ватикан кои се маваа со снежни топки на плоштадот „Свети Петар“. Во Рим ова е најголемиот снег што паднал кон крајот на февруари во последните неколку децении. Полицијата ги предупреди жителите да не излегуваат надвор доколку не мораат. […]