Гори зградата на факултетот во Варшава, наредена итна евакуација


  Денеска во зградата на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава избувна пожар откако се запали електрична разводна табла.   Околу 200 луѓе беа евакуирани откако еден од техничките работници пријави чад, соопшти Општинскиот штаб на Државната противпожарна служба, објави Радио Варшава. Се забележува дека на местото на пожарот биле испратени 24 пожарникари. Во инцидентот […]

Варшава стравува дека американските власти би можеле да депортираат до 30.000 Полјаци


До 30.000 полски граѓани во САД би можеле да бидат погодени од најавената акција на американските власти против илегалните имигранти, според проценката на полската влада. – Тоа најчесто се Полјаци кои патувале во САД во 1990-тите и не се грижеле за нивниот миграциски статус, изјави денеска заменичката-министерка за надворешни работи Хенрика Мошицка-Дендис за радио станицата […]

Орбан му даде политички азил на поранешен полски министер, Варшава гневна


  Полската влада во петокот реагираше со гнев на одлуката на унгарската влада да му даде политички азил на поранешниот полски заменик министер за правда Марцин Романовски во бегство. Будимпешта го објави азилот во четвртокот навечер. Овој потег означува дополнителен пад на односите меѓу Полска и Унгарија, при што полскиот министер за надворешни работи Радослав […]

Полјачките повторно на улица поради неисполнетите ветувања за либерализација на абортусот


На повик на „Женскиот штрајк“, полјакините вечерва излегоа на улиците во поголемите градови и се собраа пред зградата на парламентот во Варшава, за да ја потсетат и „засрамат“ проевропската влада на премиерот Доналд Туск дека не ги исполнила своите ветувања дека итно ќе почне со либерализација на рестриктивниот закон за абортус. Полјачките се лути на […]

Варшава инвестира милиони во нуклеарни засолништа


Варшава ќе потроши 117 милиони злоти (околу 30 милиони долари) во следните две до три години за нуклеарни засолништа и други безбедносни мерки, додека војната во соседна Украина влегува во третата година, изјави вчера градоначалникот на полската престолнина. Иако Полска ги уверува своите граѓани дека членството во НАТО значи дека се безбедни од евентуален руски […]

Западот е чувар на демократијата во светот, изјави Бајден во Варшава


  Претседателот Џо Бајден, враќајќи се во вторникот во полскиот замок каде што зборуваше кратко по руската инвазија на Украина минатата година, рече дека војната ја зацврстила решеноста на Западот да ја брани демократијата ширум светот. Тој предупреди дека претстојат „тешки и горчливи денови“, но вети дека Соединетите Држави и нивните сојузници „ќе го чуваат […]

Бајден за Путин: „Овој човек не може да остане на власт“


  ВАРШАВА – Претседателот Џо Бајден во саботата повика на смена на рускиот лидер Владимир Путин, велејќи: „Во име на Бога, овој човек не може да остане на власт“. Бајден, исто така, го искористи говорот во главниот град на Полска за да даде гласна одбрана на либералната демократија и воената алијанса на НАТО, истовремено велејќи […]

Харис: Земја која сака да заземе друга земја без никаква цел мора да биде под истрага


Американскиот потпретседател Камала Харис денеска во Варшава, по разговорите со највисоките полски претставници, изјави дека е таму за да повтори дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија, за да се договори за понатамошно зајакнување на источното крило на НАТО и да испрати сигнал до Русија дека ќе се соочи со […]

Прв директен лет од Варшава во Скопје


На Меѓународниот аеродром Скопје денеска напладне ќе пристигние првиот директен лет од Варшава во Скопје, на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines. Според организаторот ТАВ Македонија на пречекот на авионот на LOT, предвидено е присуство и обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и комерцијалениот директор на […]

Од 1 јуни директна авионска линија Скопје-Варшава


Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и […]