Вардар преку Кил ќе се обиде да стигне до Келн


Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите за ракометари, тимот на Вардар попладнево го очекува реваншот од четвртфиналето со германски Кил. „Црвено-црните“ имаат гол предност од првиот дуел и се во добра позиција, втор пат по ред да патуваат на Ф4 завршниот турнир во Келн. Сепак, во таборот на Вардар се свесни дека ништо не […]

И Барбара Лазовиќ се сели од Вардар во Букурешт


Ракометарката на ЖРК Вардар, Барбара Лазовиќ, заминува од македонскиот клуб и кариерата ќе ја продолжи во Романија каде ќе го носи дресот на ЧСМ Букурешт. Словенечката ракометарка потпиша едногодишен договор со романскиот клуб. – По четири години во Вардар се радувам што ќе се приклучам на ЧСМ Букурешт. Секоја промена е тешка, но верувам дека ја донесов вистинската одлука. ЧСМ […]

Вардарки совладани од Крим во регионалната ВРХЛ лига


Ракометарките на Вардар беа совладани од Крим сo 29:34 во последниот натпревар од регионалната женска ракометна ВРХЛ лига. Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и вчерашната победа против Будуќност на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица беа само формалност. По осумте победи и само едно реми, ова е прв пораз […]

Работнички го совлада Вардар, Шкендија ремизираше со Академија Пандев


Работнички со 1:0 го совлада Вардар во 30. коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Ангелов, кој во 56. минута постигна прекрасен гол и му донесе победа и три бода на Работнички. Академија Пандев и Шкендија одиграа без победник 2:2 во Турново. Стенио Жуниор и Бесарт Ибраими и донесоа водство на […]

Вардарки го совладаа Будуќност во регионалната ВРХЛ лига


Ракометарките на Вардар ја продолжија одличната серија и го совладаа Будуќност со 26:27 во претпоследниот натпревар во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига. Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и утрешниот против Крим на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица се формалност. Македонските ракометарки имаа предност во текот на целиот натпревар, […]

Во драматичен финиш, Вардар со пресврт до триумф кај Кил


Вардар со звукот на сирената успеа да победи со 28:29 на гостувањето кај Кил во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. По изедначениот старт на натпреварот, Вардар благодарение на одбраните на Арпад Штербик направи предност од 4:7. Во останатиот дел од првото полувреме „црвено-црните“ одржуваа минимална предност, иако во два наврати Кил изедначи. На […]

Гонзалес и пет ракометари на Вардар во конкуренција за ол-стар тимот во ЛШ


Тренерот Раул Гонзалес и уште петмина ракометари на Вардар се номинирани за ол-стар тимот во Лигата на шампионите во избор на ЕХФ. Бидејќи се гласа по позиции номинирани се Вуко Борозан како лев бек, Лука Циндриќ како среден бек, Тимур Дибиров како лево крило, Илија Абутовиќ како најдобар дефанзивец и Арпад Штербик како голман. Гонзалес […]

(Видео) Шкендија го совлада Вардар и ја завери титулата


Шкендија во Скопје го совлада Вардар со 2:3 во 28-то коло од Првата лига и се доближи на само еден бод од официјалното освојување на титулата. Натпреварот уште од самиот старт беше динамичен со пресврти. Бесарт Ибраими со гол во шестата минута донесе водство од 0:1 за Шкендија, но потоа Вардар ја презеде иницијативата. Со […]

Канељас од Вардар се сели во Унгарија


Шпанскиот ракометар Жоан Канељас по завршувањето на сезоната си заминува од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во унгарски Пик Сегед, објави специјализираниот ракометен портал „Хендбол планет“. Тој со Вардар има договор уште една година до јуни 2019 година, но сепак порано ќе го напушти Скопје. Шпанскиот репрезентативец во македонскиот клуб дојде во 2016 година […]

Вардар по петти пат на Ф4 во Будимпешта


Убедлива победа со резултат 32:25 остварија ракометарките на Вардар на својот последен настап пред домашна публика оваа сезона во меч од Лигата на шампионите. Совладан беше дански Митјиланд, по втор пат во четвртфиналната пресметка по што „црвено-црните“ изборија пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта. На првиот меч во Данска вардарки победија со 24-23, а ова […]

Раул: Одигравме одлично, сега треба да се фокусираме на финалето


Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез по победата против Мешков Брест во полуфиналето од СЕХА лигата изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим и за пласманот во финалето, каде „црвено-црните“ ќе го бранат трофејот од лани. Вардар немаше проблеми со противникот откако оствари победа со 33-24, но шпанскиот стратег сепак имал грижи пред натпреварот, […]

Вардар лесно до пласман во финалето на СЕХА


 Европскиот и регионален ракометен шампион, Вардар оствари лесна победа против Мешков Брест со 33-24 (17-14) во полуфиналето на СЕХА лигата, кое се одигра во „СЦ Јане Сандански“. „Црвено-црните“ одиграа силен натпревар, а противникот имаше сили само во првите десетина минути од мечот. Во второто полувреме ја одржуваа предноста за конечен триумф од плус девет. Најефикасен […]

Циндриќ: Имаме квалитет да ги одбраниме титулите


Организаторот на играта на актуелниот македонски, сеха и европски ракометен шампион Вардар, Лука Циндриќ, смета дека „црвено-црните“ имаат квалитет да ги одбранат трофеите освоени мината сезона. Хрватот во интервјуто за официјалниот магазин на СЕХА Газпром лигата очекува тешки натпревари, бидејќи противниците на средбите со Вардар сега ќе пристапат многу посериозно и помотивирано. – Први сме […]

Минимална, но битна победа на ЖРК Вардар против Митјиланд во Данска


ЖРК Вардар славеше на гостувањето во Данска против Митјиланд со минимална преднсот 23:24. Иако во првото полувреме Митјиланд одигра одлично и имаше четири гола предност, Вардар се разбуди во второто полувреме. Оствари серија од 6-0 и од три гола негатива дојде до водство од три разлика. На крајот македонскиот тим победи со 24:23. Драгана Цвијиќ […]

ЕХФ ги објави термините за четвртфиналната фаза од ЛШ


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините за натпреварите од четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Победниците од овие натпревари ќе се пласираат на Ф4 турнирот, што ќе се одржи на крајот од мај во Келн. Актуелниот европски шампион Вардар за пласман ќе се соочи со германски Кил. Првиот натпревар се игра во Германија на […]

Вардар преку Кил ќе ја брани титулата


Европските ракометни прваци го дознаа противникот во 1/4-финалето на Лигата на шампиони. Германскиот Кил ќе му биде противник на Вардар откако Германциве пред малку го елиминираа унгарски Пик Сегед. Во првиот меч, Кил победи со 29-22, а попладнево загубија со 28-27. Првиот меч ќе се игра од 18 до 22 април, а реваншот од 25 до 29 […]

Одложен натпреварот меѓу Скопје и Шкендија во ПМФЛ


Натпреварот од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Скопје и Шкендија, што требаше да се игра во четврток, е одложен. Ова е втор меч од ова коло, што нема да се игра во предвидениот термин, откако утрово актуелниот шампион Вардар побара одложување на дербито против Пелистер. Како причина за барањата за одложување и […]

Одложено дербито Пелистер – Вардар


Вечното дерби во македонскиот фудбал меѓу екипите на Пелистер и Вардар што беше предвидено да се игра в четврток е одложено. Барање на актуелниот шампион Вардар натпреварот да доби нов термин поради голем број репрезентативци е прифатено од страна на ФФМ. Другите четири натпревари од 25.коло во ПМФЛ се закажани за четврток (29 март) од […]

Станиќ: Имав сериозна понуда од Вардар, но не прифатив


Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ, во интервју за „Ало.рс“ открива дека трансферот во Вардар бил во завршна фаза, меѓутоа на крај одлучил да не ја прифати понудата. Тој наведува дека понудата од српското Министерството за млади и спорт му била далеку попримамлива и затоа решил да стави крај на својата голманска кариера. – Имав […]

ФФМ ќе поведе дисциплинска постапка против Вардар


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе поведе дисциплинска постапка против Вардар поради однесувањето на неговите навивачи. Дисциплинската комисија ќе постапува поради недолично скандирање, како и за истакнувањето на парола со политичка содржина за пратениците од СДСМ на натпреварот против Ренова од 24. коло во ПМФЛ. Натпреварот кој се одигра во Скопје одредено време беше во прекин. […]