Како имунизацијата да се избори со дезинформациите?


Имунизација против Ковид-19 и рутинската имунизација на децата се два исклучително значајни процеси поврзани со јавното здравје на населението. Начинот на којшто ќе се одвиваат зависи од група на фактори, вклучувајќи ја и согласноста на граѓаните, прифаќањето на вакцините и довербата во здравствените институции. А начинот на којшто граѓаните ја перципираат имунизацијата е директно поврзан […]

ДКСК го запре постапувањето за набавка на 200.000 кинески антиковид-вакцини со посредничка фирма од Хонг Конг


Антикорупциската комисија денеска на седница одлучи да го запре постапувањето по пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за договорот на Владата за набавката на 200.000 вакцини против Ковид-19 од кинеската компанија „Синофарм“ во 2021 преку посредничка „фантомска“ фирма „Стабри интернешенл“ од Хонг Конг. -Иако во јавноста провејуваше дека ова е нелегално, реално во Македонија тогаш немаше законска […]

Основачите на Бионтек најавуваат вакцина против рак до 2030 година


Вакцините против рак би можеле да се направат до 2030 година, судејќи според зборовите на коосновачите на германската фармацевтска компанија Бионтек, Угур Шахин и Озлема Тиречи, чија работа е позната по создавањето вакцина против Ковид за време на пандемијата со американскиот „Фајзер“. Германската фирма се надева дека ќе може да развие третмани за рак на […]

Хрватската Влада ни донира вакцини против Ковид-19


Хрватската Влада на денешната седница донесе одлука да донира вакцини против Ковид-19 во Македонија и државите на кои, според проценката на механизмот Ковакс, им е најпотребна. Од вакцината на Фајзер, 87.750 дози се донација за Македонија, а 734.400 дози во државите според проценката на механизмот Ковакс. Во одлуката не е наведено кому се донираат вакцините […]

Има 60.000 вакцини за грип, доволно за сезонава


fСо 60 илјади вакцини против сезонски грип ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои се таргет на Министерството за здравство, изјави ресорниот министер Беким Сали. – За прв пат по неколку години имаме навремена набавка на вакцини за сезонски грип. Имаме околу 40.000 вакцини што ги набави Министерството за здравство и 20.000 се донации од […]

ФТ: Велика Британија би можела да остане без вакцини против мајмунски сипаници на крајот на месецот


Во рок од две до три недели, Британија ќе остане без вакцини против мајмунски сипаници, бидејќи земјата има само нешто повеќе од 8.300 дози, објави лондонски Фајненшл Тајмс. Испораките на нова серија од 100.000 дози нема да продолжат пред крајот на септември, се вели во публикацијата, цитирајќи писмо од Националната здравствена служба. Минатата недела агенцијата […]

ЕУ обезбеди уште 54.000 вакцини против мајмунски сипаници


Европската комисија обезбеди дополнителни 54.000 дози вакцини против мајмунски сипаници, развиени од биотехнолошката мултинационална компанија „Бавариан Нордик“. Дополнителната набавка следи по првиот договор склучен во јуни, кога Европската унија нарача околу 110.000 дози вакцина против мајмунски сипаници од таа компанија. „Загрижена сум поради зголемениот број случаи на мајмунски сипаници во ЕУ“, наведе еврокомесарката за здравство […]

Мурал во центарот на Скопје со порака дека децата се заштитени тогаш кога се вакцинирани


За да ги потсетат родителите колку е важно да ги вакцинираат децата и за да се зголеми опфатот, УНИЦЕФ и Министерството за здравство подготвија комуникациски материјали кои беа дистрибуирани на локации кои родителите често ги посетуваат, како и во градинките, вакциналните пунктови и породилиштата. Оваа недела беше насликан и мурал во центарот на Скопје со […]

Канада уништи 15 милиони дози вакцини против Ковид со изминат рок


Канада– Властите во Канада беа принудени да уништат речиси 15 милиони дози вакцини против коронавирус поради нивниот изминат рок на траење. Според Нашнл Пост, кој цитира документ доставен до парламентот, во земјата се уништени 13,6 милиони вакцини АстраЗенека и околу 1,2 милиони дози Модерна. Изданието наведува дека Канада била подготвена да ги донира вакцините АстраЗенека […]

ЕУ купува околу 100.000 вакцини против мајмунски сипаници


Европската Унија денеска ќе потпише договор со непознат производител за околу 100.000 дози вакцини против мајмунски сипаници. Тие треба да бидат доставени до крајот на јуни. Информацијата е потврдена од еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. По состанокот на министрите за здравство на државите членки на ЕУ во Луксембург, Киријакидес изјави дека вакцините ќе бидат купени […]

Белгија ќе фрли над милион вакцини до крајот на летото


Белгискиот дневен весник „Ле Соар“ открива дека Белгија ќе фрли 436.800 дози на вакцината на АстраЗенека затоа што им е поминат рокот, јавува дописничката на МИА од Брисел. На половина милион дози им поминува рокот на 31 мај, додека во текот на летото уште 800 илјади дози на Модерна и 90 илјади на Фајзер ќе […]

Црна Гора уништува 80.000 дози вакцини против Ковид-19


  Во Црна Гора ќе бидат уништени 80.000 дози вакцини против вирусот корона поради истек на рокот на траење, соопштија од подгоричкиот „Монтефарм“. До крајот на јуни, од истата причина и со досегашното темпо на вакцинација, може да бидат пратени на уништување повеќе од 100.000 дози вакцини „фајзер“. Од околу милион дози вакцини од различни […]

ЕМА се надева дека до септември ќе ги одобри прилагодените вакцини за омикрон сојот


Европската агенција за лекови денеска соопшти дека се надева дека вакцината, адаптирана за одредени варијанти на коронавирус, како што е омикронот, ќе биде одобрена до септември. -Наш приоритет е да се осигураме дека приспособените вакцини потенцијално ќе бидат одобрени најдоцна до септември за да бидат подготвени за новите есенски кампањи за имунизација во ЕУ, рече […]

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус


Германската агенција ДПА јави дека рокот на употреба на повеќе од десет милиони дози вакцини ќе истече до крајот на јуни, а до крајот на третиот квартал оваа бројка ќе достигне 50 милиони. Германија нарача 677 милиони дози вакцина за периодот 2021-2023 година, вклучително и повеќе од 375 милиони вакцини на БиоНТек /Фајзер. Германското Министерство […]

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон


Американската Управа за храна и лекови (ФДА) денеска соопшти дека моментално достапните вакцини против Ковид-19 не штитат најдобро од сојот омикрон на коронавирусот. Во соопштението се додава дека без оглед на тоа, дополнителните дози помагаат во заштитата од потешки исходи, објавија американските медиуми. Се наведува дека ваквиот заклучок следел на состанокот на надворешни експерти од […]

Активни 1.715 случаи, караванот за вакцинирање против Ковид-19 во Кичево


Караванот за вакцинирање против Ковид-19 денеска ќе биде во Кичево, а ќе заврши утре во Струга. Надлежните апелираат граѓаните да се вакцинираат со цел да се заштитат од тешки форма на болеста, хоспитализација и смрт поради инфекција со Ковид-19. Заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за земјава, Ерик Јановски, заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Артур […]

ОН: Ковид-19 пандемијата може да се пролонгира поради нееднаквата дистрибуција на вакцините низ светот


Епидемијата на Ковид-19 две години подоцна се уште не е завршена и може дополнително да се пролонгира поради „скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцините низ светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Трагичниот биланс од пандемијата се повеќе од 446 милиони заразени ширум светот, со потврдени повеќе од шест милиони смртни случаи, а безброј луѓе […]

Словенија досега на вакцини потрошила 68,5 милиони евра


Словенија досега за вакцини против Ковид-19 платила 68,5 милиони евра, а поради истечен рок или несоодветно чување фрлени се околу 2,5 отсто или 74 илјади дози, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје на Словенија со краток рок, или до почетокот на април, во моментов има уште 3.300 дози АстраЗенека и 14.800 дози од […]

ЕУ ќе донира уште 125 милиони евра за Африка за вакцини


Европската унија вети уште 125 милиони евра за кампања за вакцинација против Ковид-19 во Африка, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Парите ќе бидат искористени за квалитетна дистрибуција на дозите на вакцини и обука на медицински тимови, изјави таа во Институтот Пастер во сенегалскиот главен град Дакар. Донираните средства ќе бидат инвестирани […]

Германската Комисија за вакцини препорачува втора засилувачка доза вакцина против Ковид за одредени групи луѓе


Германија–  Германското официјалното тело за вакцинација препорача да се даде втора засилувачка доза вакцина против коронавирус на особено ризичните групи, јави ДПА. Постојаната Комисија за вакцинација, (STIKO), е независен панел од експерти кои ја советуваат владата за време на пандемијата. Комисијата денеска соопшти дека луѓето над 70-годишна возраст, лицата во установи за нега, оние со […]