Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество бара со итен ребаланс да се обезбедат 15 милиони денари за финансирање НВО


Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество бара да се направи ребаланс на Буџетот за да се предвидат средства за реализација на Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата за 2022 година, а во спротивно најавуваат дека ќе ја бојкотираат работата на ова советодавно тело. – […]

Заврши расправата за Предлог-завршната сметка на Буџетот за 2020


Пратениците денеска во рамки на продолжението на 50-та седница расправаа за Предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во второ читање. Расправата траеше два дена, а ќе се гласа дополнително. На почетокот на седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека дел од пратениците се отсутни поради тоа што […]

Во албанската државна каса минатата година се слеале рекордни 4,2 милијарди евра


Околу 510 милијарди леки или речиси 4,2 милијарди евра влегле во албанската државна каса минатата година, надминувајќи ја не само 2020 година кога приходите значително се намалија како резултат на пандемијата, туку и годишниот финансиски план. – На ова позитивно остварување влијаеја и даночните и царинските приходи. Споредено со пред една година, приходите се зголемени […]

МФ: Во буџетот за 2021 година остварени 15,3 отсто повеќе приходи од 2020-та


Во Буџетот во 2021 година е остварена реализација на вкупните приходи за 15,3 отсто повеќе во споредба со 2020 година, додека кај капиталните расходи е забележан раст на реализацијата од 45,2 процента во однос со 2020 година. Натфрлање на планираното е забележано кај приходите од даноци и придонеси за два отсто, додека дефицитот е реализиран […]

За потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4 отсто од Буџетот на државата


За оваа година буџетот на Обвинителството е зголемен за околу 14 отсто. Исто така ја гледам гаранцијата во Законот за Јавно обвинителство, каде што првпат се востанови дека за потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4 отсто од Буџетот на Република Северна Македонија. Свесни сме дека тоа не може веднаш да се оствари со оглед на […]

Најголем дел од домашниот буџет се троши на храна и пијалаци, најмалку на здравје, култура и образование


 Домаќинствата во 2020 година најмногу од домашниот буџет – 45 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 268 кг и компир – 97,7 кг, додека свинско месо – 26,8 кг и говедско, телешко и јунешко – 26,2 кг. За […]

Даночните приходи го наполнија Буџетот за два отсто повеќе во однос на планираното со ребалансот


Годината ја завршуваме со економски раст од 4,1  процент  во согласност со нашите проекции и со можност тој раст да се надмине, реализација на капиталните инвестиции  за над 40  проценти повеќе од претходната година и натфрлање во реализацијата на даночните приходи и придонеси во однос на проекциите од ребалансот на Буџетот за 2021 година. Ова го […]

Антикризните мерки спречија поголеми отпуштања, но поради пандемијата неизвесноста се уште постои


Меѓународниот монетарен фонд излезе со оценка дека антикризните мерки во земјава го ублажиле влијанието на пандемијата врз економијата и спречиле да дојде до поголеми отпуштања од работните места. Од оваа меѓународна финансиска институција очекуваат економското заздравување да продолжи и во 2022 година, но предупредуваат дека се уште постои неизвесност поради пандемијата поради што препорачуваат политиките […]

Донесен Буџетот за 2022, со 63 гласа „за“ и 36 „против“


Собранието вечерва по петдневна расправа со 63 гласа „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“ го донесе Буџетот за следната година. Вкупните приходи се планирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП, а расходите се проектирани на ниво од 272,4 милијарди денари што е за 1,4 проценти повеќе од годинава. Дефицитот […]

Американскиот Сенат го одобри буџетот за одбрана за 2022 година што ќе изнесува 768 милијарди долари


САД– Американскиот Сенат го одобри нацрт-буџетот за одбрана на земјата за 2022 година, по што овој многу битен дикумент ќе му биде испратен на потпис на претседателот Џо Бајден. „Документот беше поддржан од мнозинството сенатори“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на американскиот Законодавен дом. Со тоа финансискиот проект беше поддржан од двата […]

Пратениците трет ден расправаат за Предлог-буџетот за 2022, Алијанса на Албанците нема да даде поддршка


Пратениците денеска трет ден расправаат за дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година. Претпладневниот дел помина во меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата за тоа дали доволно средства се одвојуваат за образованието, а беа упатени и критики за слабата реализација на капиталните инвестиции. Алијанса на Албанците се изјасни дека нема да даде поддршка на Предлог-буџетот за следната […]

Продолжува пленарната расправа по Предлог-буџетот за 2022 година


Пратениците денеска во рамки на 54. седница ќе ја продолжат расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година во второ читање. Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на […]

Собраниската седница на која се разгледува Предлог-буџетот за 2022 продолжува в понеделник


Попладневното продолжение на расправата за Предлог-буџетот за 2022 година помина во меѓусебни препирки меѓу пратениците од владеачкото мнозинство и опозициските пратеници. Според првите, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и ќе има историско највисоко учество на капиталните инвестиции во вкупните буџетски расходи, а според вторите, во буџетот не се мислело за граѓаните за да излезат од […]

Митрески: За Буџетот прифатени амандмани на опозицијата во вредност од 350 милиони денари


Специфика на Предлог-буџетот за 2022 година е што има најмалку амандмани поднесени од опозицијата, која претходно поднесувала од 900 до илјада амандмани, при што се прифатени амандмани за одделување на средствата во висина од 350 милиони денари, што е најголема сума во последните 15 години, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во „Утрински брифинг“. Тој […]

Хрватска го донесе буџететот за следната година, од 450 амандмани прифатени само девет


Хрватскиот Сабор во средата со мнозинство гласови го изгласа државниот буџет за следната година со проекции за 2023 и 2024 година, јави Хина. За буџетот гласаа 77 пратеници од парламентарното мнозинство, еден повеќе од потребните 76, а против беа 49 опозиционери. Со неколкучасовно гласање, Саборот ја потврди одлуката на Владата да прифати само девет од […]

Буџетот!


Буџетот продолжува да биде инструмент за клиентелизам во јавните финансии (иако се превземени некои иницијативи за зајакнување на неговите перформансите, но ефектите би ги очекувале во некоја далечна иднина) кои го еродираат пазарниот амбиент и фискалниот простор на државата и води до натамошни идни задолжувања и до економски раст кој не генерира развој. Не може […]

Буџетот во тесна кожа


Уште неизлезен целосно од фиоката на министерот за финансии и усвоен „тајно“ на седница на Владата спроти вториот круг локални избори (иако станува збор за почитување на законските рокови), Предлог–буџетот за 2022 година се најде пред она што во народот најдобро се опишува со „угоре високо, удолу длабоко“. Веројатно никој ниту во Министерството за финансии […]

Буџетарите ќе добијат плус 5 отсто плата


Платите за вработените во јавниот сектор ќе се зголемат за 5 проценти, почнувајќи со исплата на платите за месец септември 2019 година. Владата ја најави оваа корекција на платите на буџетарите уште лани, при носењето на Буџетот за годинава. Нацрт-измените на Законот за исплата на плати се веќе ставени на електронскиот регистар на прописи, ЕНЕР. […]

Пратениците расправаат за Завршната сметка на Буџетот


Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 106. седница ја почна расправата по Завршната сметка на Буџетот за 2018 година. Во претпладневниот дел, расправата помина со низа реплики и контрареплики меѓу опозицијата и парламентарното мнозинство околу тоа колку фискалните политики во изминатата година се исправни. Опозицијата обвини дека економијата е во слободен пат […]

Буџетот за 2018: ВМРО-ДПМНЕ за дното, СДСМ за криминалите


Ова треба да ви биде завршна сметка за освестување, ѝ порача опозицијата на власта на комисиската расправа за завршната сметка на Буџетот за 2018. Не можете да се соочите со историски најниската невработеност од 17,8 отсто и со нерасчистени криминали уште долго ќе останете опозиција, врати Костадин Костадинов од СДСМ. Во атмосфера на пресликани дневнополитички […]