Ребаланс на буџетот во текот на летото, сега ќе има мини прераспределба


Ребаланс на буџетот ќе има и очекувано е тоа дека ќе се случи, но очекувам да биде во летниот период. Сега ќе имаме мини прераспределба, откако ќе заврши јавниот повик за општините, а прераспределбата што ја планираме е бидејќи не можевме однапред да ги предвидиме парите во кое Министерство да се доделат, вели министерката за […]

По речиси 22-часовна седница пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025


Пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025 година по пленарна седница која траеше речиси 22 часа, јави БТА. Во буџетот за оваа година не е предвидено зголемување на даноците, а буџетскиот дефицит е утврден на три отсто од БДП. Пратениците гласаа утврдување на вкупната годишна квота за обезбедување ваучери за […]

Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти


 Советот на Општина Центар на 43. седница со 18 гласа „за“,  два „воздржани“ и ниеден „против“, го усвои буџетот за 2025 година. Проектираниот основен буџет е рекорден, со вкупна сума од 1.086.250.000 денари. Од овој износ, дури 45 проценти се наменети за капитални проекти, додека преостанатите 55 проценти ќе се користат за тековно и оперативно […]

Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година – тежи 140 милиони евра


Со 28 гласа „за“ и два „против“ Советот на Град Скопје на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година. За Предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени […]

Дали Илон Маск станува клучна личност во носењето на американскиот буџет?


На патот кон постигнување двопартиски договор за финансирање на американските федерални институции, се случи ситуација, чиј еден од главните актери е мултимилијардерот Илон Маск. Како што објави Би-би-си, републиканците, во чии редови е и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој е поддржан од Маск, го отфрлија предложениот двопартиски договор и тоа го направија под влијание на […]

Штип со историски најголем буџет од над 30 милиони евра за 2025 година


ШТИП – Општина Штип за 2025 година ќе има историски најголем буџет. Вкупниот буџет кој Советот на општината го усвои на денешната седница е проектиран на 1.886.896.000 денари, што е нешто над 30 милиони евра. Буџетот пред советниците го елаборираше градоначалникот Иван Јорданов кој рече: „Изминатите три години успеавме да генерираме развој на општината со […]

Општина Карпош го усвои Буџетот за 2025 година – најмногу пари од трансфери и донации


Советот на Општина Карпош, по деталната презентација на структурните компоненти на финансиската конструкција, со мнозинство гласови од советниците беше изгласан Буџетот на Општина Карпош за 2025 година. – Оттука, Министерството за финансии ја извести Општината дека максималниот износ на сопствените приходи на основниот буџет за 2025 година ќе изнесува 722.056.000 денари, а средствата кои општината […]

Собранието го донесе Буџетот за 2025 година


Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 […]

Почна собраниската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година


 Собранието во рамки на 22. пленарна седница денеска ја започна петдневната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Согласно Деловникот на Собранието, на седницата пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, […]

Погледнете за каде сѐ се пренаменуваат пари од Буџетот за 2024 година


Предлог одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Целта на предложената одлука е соодветна реалокација на средствата помеѓу буџетските корисници со цел финансирање на приоритетните потреби на буџетските корисници во функција на подобрена реализација […]

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година


 Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година.  По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по што, согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа година. Се очекува седницата за носење на Буџетот за […]

Комисијата за финансирање и буџет денеска разгледа над 30 амандмани


На денешното продолжение од амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година не беа прифатени над 20 амандмани поднесени од СДСМ, три амандмани од ДУИ и два од Левица. Пратениците од СДСМ повлекоа осум амандмани.  Амандманите што се разгледуваа денеска во најголем дел се однесуваа на изградби на водоводни и фекални канализации во населени места, изградба […]

Во српскиот Парламент ќе се гласа за предлогот за државниот буџет за 2025 година


Пратениците во српскиот Парламент денеска ќе гласаат за предлог-буџетот за 2025 година на седница што ќе почне во 10:00 часот. Пратениците ќе гласаат за повеќе од 50 други точки на дневниот ред, јави Бета. Собраниската седница почна во понеделникот, но беше прекината по неколку инциденти и тепачка меѓу претставниците на власта и опозицијата, кои побараа […]

Усвоен амандман за пренамена на финансиски средства за Собранискиот канал


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година. Пратеникот Сали Мурати поднесе група амандмани со барања за обезбедување финансиски средства од 11 милиони денари за зајакнување на институционалните капацитети на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со барања за нови вработувања во институцијата и финансиска конструкција […]

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, вчера не поминаа четири амандамани


 Во Собранието денеска продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Поднесени се вкупно 307 амандмани од кои 204 се на опозициската СДСМ. На првиот ден од амандманската расправа не беа прифатени четири амандмани од кои еден од СДСМ и три од Движењето на Турците на Македонија. Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво […]

„Фајнанс тинк“ смета дека растот на приходите во Предлог-буџетот од 12,8 отсто е нереален


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think) оцени денеска дека Предлог-буџетот 2025 покажува знаци на благи структурни поместувања во споредба со претходните години, поголема реалистичност на макроекономските претпоставки, како и одредена но ограничена фискална консолидација, додека критичните точки на проектирањето бараат понатамошен напор кој ќе ја оптимизира развојната компонента и ќе демонстрира […]

За Предлог – буџетот доставени над 300 амандмани, СДСМ бара негово враќање во Владата на доработка


И четвртиот ден од собраниската комисиска расправа со кој е исцпрен општиот претрес, пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите околу Предлог-буџетот за 2025 година. Според едните, буџетот е развоен, домаќински и базира на дисциплина, мерење резултати, анализи, проверки и стратешко планирање, а според другите е нереален, покажува немање визија и треба да се врати […]

Буџетот за 2025 година ќе надмине 6,5 милијарди евра


Владата денеска на седница го усвои Предлог-буџетот за 2025 година, со кој, како што информира министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска, се поставуваат темелите за стабилизација на јавните финансии и економски раст.  Вкупните приходи во Буџетот за 2025 се планирани на 358 милијарди денари (или околу 5,8 милијарди евра), што е за 13 проценти повеќе […]

Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница


Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции. – Капиталните инвестиции […]