Огромен скок кај расходите за субвенции и трансфери во ланскиот Буџет, голем пад кај капиталните инвестиции, оценува ДЗР


Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај на Буџетот на Република Северна Македонија, при што нотира дека буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет, според макроекономските индикатори објавени од страна на МФ за 2024 година изнесува 4,4% од БДП и е понизок во однос на 2023 година кога изнесуваше 4,8% од БДП. Државниот […]

Грчкиот Парламент вечерва ќе го гласа буџетот – синдикатот на вработените во јавниот сектор започна 24-часовен штрајк


Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција (АДЕДИ) утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис […]

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година, државата ќе потроши 6,73 милијарди евра


Собранието денеска го усвои Буџетот за 2026 година, којшто е планиран како консолидиран и реален инструмент за одговорно управување со јавните финансии, одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг, соопшти Министерствот за финансии. Вкупните приходи во Буџетот за 2026 година се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари (околу 6,09 милијарди евра, заб.), расходите […]

Герасимовски: Општина Центар го отвори електронскиот Анкетен прашалник за креирање на Буџетот за 2026 година


Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала. „Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник […]

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница


Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20-тина амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани. Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот […]

Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства


Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и девет против, ја донесе Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Како што рече претходно заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, со Одлуката се врши алокација на 12,5 милијарди денари во рамки на веќе утврдената буџетска рамка, односно во рамки на утврдениот […]

Мицкоски не дава 0,8 отсто од БДП за правосудството: Кој вели дека барањето не е за плати не зборува вистина


Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека барањето за поголем буџет во правосудството е исклучително само заради зголемување на платите. Секој, нагласува Мицкоски, кој вели дека станува збор за платите, не ја говори вистината. Смета дека доколку им се потребни средства за вработување персонал како што велат, треба да направат список и преку Министерствто за финансии […]

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен и нема капацитет да издржи криза


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, посочи дека централниот буџет, така како што е конструиран, не е социјален, нема развојна компонента и нема капацитет континуирано да го сервисира продлабочениот дефицит во Фондот за пензиско осигурување, се наведува во соопштението од СДСМ. Тоа, како што кажа […]

Европарламентот го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година


Европскиот парламент денеска со 419 гласа „за“, 185 „против“ и 53 „воздржани“ го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година, со кој се обезбедува поголема поддршка за истражувања, развој на прекуграничната инфраструктура, контрола на границите, климатски активности и за надворешната политика. Во Буџетот вкупно 192,8 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,1 милијарди евра […]

Германија троши 41 отсто од својот буџет за социјала, повеќе од Скандинавците


Германија го издвојува најголемиот дел од својот буџет од сите европски земји за социјални програми – дури 41 процент, според нова студија на Институтот за германска економија (IW), за која делови денес објавуваат германските медиуми. Според „Рајнише пост“, ова вклучува трошоци за пензии, социјална и здравствена заштита и надоместоци за невработеност. Во однос на социјалните […]

Советот на ЕУ го одобри Буџетот на Унијата за 2026 година


Советот на ЕУ денеска формално го усвои Предлог-буџетот на Европската Унија за 2026 година, којшто беше усогласен со Европскиот парламент на 15 ноември во раните утрински часови. Во Буџетот вкупно 192,8 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,1 милијарди евра во „исплати“. „Обврските“ се трошоци за активности што се спроведуваат во текот на неколку […]

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана


Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното гостување во Дневникот на МРТ. -Факт е дека Буџетот за […]

Буџетот на Албанија за идната година 8,8 милијарди евра, со планиран дефицит од 637 милиони евра


Албанскиот парламент по 16-часовна дебата, со 83 гласови „за“ оние на владејачкото мнозинство, околу 3 часот утрово го усвои Предлог-буџетот за идната година. Буџетот е проектиран на 8,8 милијарди евра, со планиран дефицит од 637 милиони евра. Во заедничките фондови, околу 100 милиони евра се планирани за зголемување на пензиите, 135 милиони евра ќе се […]

За пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на ОТА, амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре


За време на амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2026 година на собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево беше делумно прифатен амандман со кој за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Пратениците поднесоа 203 амандмани, но попладнево неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Разгледувањето на […]

Следниот повеќегодишен буџет и декемврискиот Самит на ЕУ главни теми на денешниот ГАК


Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година и подготовките за Самитот на Унијата предвиден за 18 и 19 декември, ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на блокот.  Според најавите, состанокот ќе започне со дискусија за утврдување на дневниот ред на декемвриското заседание на Европскиот совет, […]

Битиќи: Новиот буџет носи рекордно задолжување


На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати. „Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи. Тој […]

Мицкоски „капитулираше“ пред судиите, ќе им даде повеќе пари за да добие „петка“ од Брисел


  Премиерот Христијан Мицкоски, по категоричните најави дека нема намера да им ги зголеми платите на судиите бидејќи не ги заслужиле, денес излезе со друга „песна“ – дека ќе добијат финансиска независност и очекува од Брисел да излезат и да кажат му кажат „браво“. Поконкретно Мицкоски најави дека до крајот на годината ќе бидат донесени […]

За Левица предложениот Буџет е „ризичен“, ја турка држава во нов циклус на задолжувања


Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст. Вака планираниот не […]

Стојаноски: Со Буџетот за 2026 ќе обезбедиме повисоки плати и пензии, капитални инвестиции и економски раст


Во вчерашната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, кој во фокусот го стави Буџетот за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра, при што нагласи дека се обезбедени повеќе средства за плати и пензии како и реална сума за капитални инвестиции, со кои […]

Капиталните инвестиции и годинава мали, догодина ќе бидат уште помали


  За десет месеци од годинава, капиталните расходи од Буџетот не се реализирани ниту половина од предвидените, односно заклучно со 30 октомври, за кога се последните податоци на интернет страницата на Министерството за финансии, потрошени се 21,5 милијарди денари (околу 350 милиони евра) или само 45,47 отсто од предвиденото за годинава. Со ребалансот на Буџетот, […]