Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година


Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс […]

Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот, еве кој колку добива


Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, […]

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да […]

Германија најави зголемување на буџетот за одбрана


Германија му ветила на НАТО дека до 2024 година ќе ги зголеми средствата од буџетот наменети за одбраната на ниво од над 1,5 проценти од бруто домашниот производ, јави ДПА повикувајќи се на извори во седиштето на Алијансата во Брисел. Според истите извори, германската најава за зголемување на средствата за потребите на Армијата, била содржана […]

Собранието го донесе Буџетот за 2019 година


По три дена расправа, со 61 глас „за“ и 15 против, Собранието на Република Македонија попладнево го изгласа Буџетот за 2019 година. Вкупните планирани приходи во државната каса се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 процента, додека стапката на инфлација на два отсто. […]

Следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Македонија следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2018 година. Во понеделник е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Согласно деловникот на Собранието, седницата на Комисијата трае 10 работни денови. Владата го усвои предлог ребалансот на седница на 13-ти овој месец. Според предлогот на Владата, со ребалансот […]

Ребалансот на Буџетот вечерва на владина седница


Владата вечерва ќе ја одржи 94-та седница на која ќе се стави на разгледување и на усвојување Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Како што информираат од владината прес-служба, постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година се иницира во овој период за да се запазат […]

Буџетот за бесплатното болничко лекување ќе изнесува 7,6 милиони евра


Буџетот за бесплатното болничко лекување кое, како што најави премиерот Зоран Заев, ќе стартува од 1 јануари 2019 година, ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. – Според досегашните проценки буџетот ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно за останување во болница. Тие пари ќе ги покрие државниот буџет и […]

Тевдовски: Одлична наплатата на приходите и ликвидноста во Буџетот


Во Буџетот на Република Македонија има одлична наплата на приходите, има одлична ликвидност, а настојувањето на Владата е реализација на капиталните расходи. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарско прашање дали се подготвува ребаланс на буџетот. – Секоја година претходно се правеше ребаланс на Буџетот.  Нема година кога Македонија не направила […]

Заврши амандманската расправа за Предлог буџетот за 2018 година


Комисијата за финансирање и буџет два дена пред крајниот рок ја заврши амандманската расправа по Предлог буџетот за 2018 година и од вкупно 279 амандмани поднесни од опозицијата усвои шест од кои четири од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не беа присутни на денешната седница. Од четирите амандмани од ВМРО-ДПМНЕ два се целосно прифатени, а два […]