Австралија ќе биде погодена од бура со налети на ветер над 285 км/ч


Австралиското биро за метеорологија (БОМ) предвидува дека масивен циклон кој се приближува до западниот брег на Австралија ќе падне на копно како бура од 5-та категорија, најсилната категорија на национално ниво. Се очекува циклонот Илса да го погоди регионот Пилбара во четврток навечер или петок наутро по локално време, со налети на ветер над 285 […]

Бурата „Фреди“ усмрти над 60 лица во Мозамбик и Малави


Тропската бура „Фреди“ во текот на викендот предизвика смрт на повеќе од 60 лица и повреди други десетици во Мозамбик и Малави, во вториот налет на истата бура што ја погоди јужна Африка во последниот месец. Светската метеоролошка организација смета дека бурата „Фреди“ е една од најсилните што некогаш биле регистрирани на јужната хемисфера и […]

(Видео) Силна бура во Франција – паѓаа дрвја, снема струја, сообраќајот во хаос


  Паднати дрвја останаа зад бурата која донесе ветришта со брзина од 100 км/ч денеска во поголемиот дел од северозападна Франција, каде во 14-тиот арондисман огласен е портокалов аларм, а во некои делови прекинато е снабдувањето со струја и нарушен е железничкиот сообраќај. Околу 75.000 потрошувачи утрвото се без струја на западот и средишните делови, […]

(Видео) Зимската бура во САД и Канада однесе 60 животи


Најмалку 56 лица досега ги загубија животите во силната зимска бура која ги погоди САД и Канада за време на празничниот викенд и се уште трае, јавува Би-Би-Си. Официјални лица соопштија дека 28 лица загинале во американската сојузна држава Њујорк, од кои повеќето во Бафало, бидејќи застрашувачката зимска бура продолжува да ја зафаќа Северна Америка. […]

Големи зимски бури и торнада во САД: „Ова се случува еднаш во пет години“


  Околу 15 милиони луѓе во десетина американски држави погодени се од снежни бури и силни ветрови, додека низ земјата стигнуваат предупредувања за зимски временски услови. Силната зимска бура продолжува да се движи од едниот до другиот брег на САД, од запад кон исток, а веќе предизвика големи снежни врнежи во Калифорнија, додека прогнозите покажуваат […]

На Куба се евакуираат туристи, тропската бура се претвори во ураган


Тропската бура Иен ја погоди западна Куба, а властите ги евакуираа туристите бидејќи се очекува денеска ветровите да достигнат сила на урагани, соопшти Националниот центар за урагани на САД, пренесе „Ројтерс“. Властите ги евакуираа туристите од Исла де ла Хувентуд и работниците од Кајо Ларго, една од најголемите туристички дестинации. Пристаништата на западниот брег на […]

Силните бури предизвикаа огромни штети во Чешка


Чешка синоќа ја погоди силно невреме, што во некои делови од земјата беше проследено со град, а на повеќе места се предизвикани големи штети и има прекин во сообраќајот, јави ДПА. ДПА претходно вечерта јави и за 30 до 40 повредени лица во торнадото во градот Падерборн, во западниот дел на Германија. Ветерот достигнал брзина […]

Во поплавите и свлечиштата во Филипините, предизвикани од бурата Меги, досега 121 жртва


Најмалку 121 лице загина при лизгање на земјиште и поплави, предизвикани од првата бура што ги погоди Филипините годинава. Поради бурата, раселени се над 200.000 жители, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА. Повеќето од жртвите се од градот Бејбеј Сити во провинцијата Лејте, 599 километри јужно од Манила. Оттаму беа извадени 81 тело. Триесет и […]

Расте бројот на загинати во тропската бура на Филипините


Најмалку 43 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи денеска трагаа по 28 лица, а потрагата била затоа што се стемнило. Невремето предизвика свлечишта, како и порои од кал и врнежи. Повеќе од 17.000 луѓе ги напуштија своите поплавени куќи каде беше исклучена струјата. Меги, позната на Филипините по локалното […]

Едно лице загина, а 17.000 ги напуштиле домовите по налетот на тропската бура Меги на Филипини


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 17.000 мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од првата тропска бура на Филипините оваа година. Тропската бура Меги, локално наречена Агатон, во неделата го погоди источниот брег на земјата, а обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во погодените области. […]

(Видео) Бура предизвика хаос во Европа – илјадници без струја


Поради силни бури во многу европски земји, меѓу кои Велика британија, Белгија, Холандија, Полска, Германија и Франција, настана значителна материјална штета. Оштетени се бројни станбени објекти и возила, а многу домаќинства се без електрична енергија, додека сообраќајот е отежнат, пишува Анадолија. Бурите во некои европски земји почнаа минатата недела и уште траат. Во многу градови […]

Три бури за една недела: Ветар со бризна од 196 km/h во Велика Британија


  Во текот на ноќта од неделата кон понеделникот трета бура за само една недела помина низ Велика Британија. Со налети на ветрот од 140 километри на час, бурата Френклин го продолжи кошмарот низ земјата. Издадени се вкупно 185 црвени предупредувања за веројатни поплави концентрирани во средиштето и во северниот дел од земјата, како и […]

Бурата Јунис остави 75.000 домови без електрична енергија во северо-западна Франција


Околу 75.000 домови се без електрична енергија утрово во Норд и Па-де-Кале по поминувањетона бурата Јунис, што предизвика значителна штета во регионот, јави дописникот на МИА. Бурата Јунис, чии ветрови достигнаа брзина ос 140 километри на час во Кале и 130 километри на час во Лил предизвика значителна материјална штета во Горна Франција, при што […]

(Видео) Голема бура во Германија, во Берлин вонредна состојба


Бурата Иленија ја погоди Германија во текот на ноќта, посебно северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви од куќи. Откажани се бројни летови, а железницата „Дојче бан“ го прекина сообраќајот во неколку сојузни држави. Германската метеоролошка служба издаде црвени предупредувања за северот на земјата се до денеска навечер. Најавуваат можност […]

Мадагаскар повторно на удар на бура – населението евакуирано


  Силен ветар и дожд го погодија источниот брег на Мадагаскар, а циклонот Бацираи веќе удри и на копно. Циклонот стигна на копно синоќа околу 20 часот по локално време, а само еден час подоцна раселени се речиси 27.000 луѓе, покажаа податоците на државната агенција за управување со катастрофи, наведувајќи дека имало и прекин на […]

Снежна бура во САД, температури до минус 17 – откажани летови


  Поради снежна бура која погоди дел од САД стотици илјади домови и фирми останаа без струја во петокот, додека лошите временски услови претставуваат опасноснт за делови од Големата низина и Нова Англија. Повеќе од 330.000 корисници се без струја се од Тексас, Арканзас и Тенеси до Охајо и Њу Јорк, обави страницата на Poweroutage.us […]

Повеќе од 1.400 летови откажани поради зимска бура во североисточниот дел на САД


САД– Повеќе од 1.400 летови во Соединетите Американски Држави беа откажани во неделата откако еден ден претходно зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку држави прогласија вонредна состојба.   Според веб-страницата за следење летови FlightAware.com, вкупниот број откажани летови внатре, во или надвор од САД изнесуваше околу 1.450 во неделата попладне. […]

Силна зимска бура ја погоди северна Европа, загинаа четири лица


Силна зимска бура го погоди северниот дел на Европа за време на викендот, при што загинаа најмалку четири лица. Бурата Малик денеска е проследена со силни налети на ветер, обилни врнежи од дожд и снег во Данска, Финска, Норвешка и Шведска. Невремето доцна синоќа ги зафати нордиските земји и северниот дел на Германија откако предизвика […]

Орканска бура во Германија, железничкиот сообраќај во прекин


Поради бура со оркански ветер во западниот дел на Германија, железничката компанија „Дојчебан“ го прекина регионалниот сообраќај, како и сообраќањето на возовите на долгите дестинации. Компанијата соопшти дека возовите се запрени во станиците во Северна Рајна Вестфалија поради тоа што неколку линии се блокирани откако паднало дрво на шините. Метеоролошката служба издаде предупредување за делови […]

Евакуација на Калифорнија поради бура


Бура ја погоди северна Калифорнија, а населението доби наредба за евакуација. Илјадници луѓе долж надојдената река, добија наредба за евакуација откако снежна бура ја погоди северна Калифорнија, го натопи подрачјето на заливот Сан Франциско, а Сиера Невада ја прекри со снег. Неколку десетина заедници долж Руска река во подрачјето на Сонома доби наредба за евакуација […]