Во фокусот е Хрватска, но и Црна Гора не заостанува многу: Во Будва, магнетите чинат и до 20 евра


Иако високите цени на хрватскиот брег традиционално се дискутираат, се чини дека Црна Гора не е далеку зад себе, што е потврдено од објава на Твитер која привлече значително внимание, во која се наведува дека еден магнет во Стариот град на Будва чини дури 20 евра. Гореспоменатата објава содржи фотографија од штанд со магнети над […]

Црна Гора ќе користи сателитски снимки за откривање дивоградби


Министерот за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора Славен Радуновиќ денеска потпиша договор со компанијата „Веком Гео“, избрана на јавен тендер, за изработка на сателитски снимки од територијата на државата и испорака на комплетен софтверски пакет за автоматско откривање на бесправно изградени објекти. Како што соопшти Министерството, снимањето ќе започне веднаш со […]

Македонска државјанка загина во сообраќајка во Будва


Македонска државјанка на возраст од 73 години загина во сообраќајна несреќа во Будва, откако синоќа во нејзе удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на комуналната полиција. Како што пишуваат црногорските медиуми, несреќата се случила по полноќ кога на нејзе налетал автомобил управуван од 28-годишно лице од Тиват на стотина метри од […]

Температурата на морето во Будва е 28,1 степен, највисока во последните 10 години


Температурата на морето во Будва денеска изнесуваше 28,1 Целзиусов степен и е највисока во изминатите 10 години. Најтопло, морето во Будва на денешен ден било во 2012 година и неговата температура изнесувала 27,7 степени, а најстудено било во 2022 година, кога температурата била 23,3 степени Целзиусови, јавија локалните медиуми. Просечната температура на морето во јули […]

Македонски производители претставени на економска конференција во Будва


Повеќе од дваесет македонски производители од прехранбената индустрија во изминатите два дена ги претставија своите производи на „Македонскиот корнер“ во рамки на економската конференција во Будва организирана од Стопанската комора на Црна Гора. Македонските компании имаа можност да остварат средби со претставници на најголемите синџири на маркети во Црна Гора, како и дистрибутери и претставници […]

Будва и оваа сезона е атрактивна за летен одмор


Според официјалните податоци што Туристичката организација на општина Будва ги добива еднаш неделно директно од будванските хотелиери и од системот за пријавување престој од бироата за туристички информации кои се наоѓаат на територијата на целата Будванска ривиера, во Будва престојуваат 36.346 гости, што е 22% повеќе во споредба со претходната недела. Во хотелско сместување, престојуваат […]

Македонци притворени во Будва: Пустошеле на „Словенска плажа“


Црногорската полиција ги уапси македонските државјани Шаип Р. (58) и Тони Т. (52), кои што се сомничат дека изминатите две недели извршиле шест кражби на будванските плажи. Тие, како што пишуваат подгорички „Вијести“ биле откриени откако на туристите на познатата „Словенска плажа“ им rи краделе торбите, а потоа ги оставале под чадорите додека се бањале […]

Џафери на Конференција на Јадранско-јонската иницијатива во Будва


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе учествува на 16. Конференција на претседатели на Парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, која денеска се одржува во Будва, Црна Гора. Во рамките на конференцијата, спикерот Џафери ќе се обрати на тема „Парламентарните тела како значаен ресурс за јакнење на соработката во приоритетните области за државите членки […]

Македонец крвнички претепал Македонец во Будва


Судот во Котор му одреди едномесечен притвор на македонскиот државјанин З.Д. (50) поради сомневање дека вчеравечер крвнички претепал свој сонародник во Будва. Според црногорските весници, инцидентот се случил околу 19 часот во населбата Велји Виногради, каде З.Д. со метална шипка го нападнал својот цимер – исто така, македонски државјанин. „Од силината на ударот, претепаниот маж […]

Министерот Бектеши на конференција „Балкан и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре ќе учествува на економската конференција „Балкан и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, која се одржува во Будва – Црна Гора. На панел дискусијата на тема „Регионалната соработка како сегмент на европските интеграции/Економијата – генератор на целокупниот развој“, тој ќе го претстави напредокот на Република Македонија […]