Возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол, добил 18 месеци затвор


Судот во Стара Загора осуди 47-годишен возач на 18 месеци затвор поради управување на возило со 3,04 промили алкохол во крвта, соопшти судскиот прес-центар. Осудениот, идентификуван со иницијалите Б.Е., призна вина и ќе плати казна од 500 лева (околу 250 евра), како и 2.120 лева – вредноста на возилото со кое управувал во алкохолизирана состојба. […]

Бугарија добива трампистичка влада, велат аналитичарите


  На бугарската јавност ѝ олесна затоа што по долга криза државата конечно ќе доби редовна политичка влада. За познатиот социолог Андреј Рајчев, предложениот кабинет е „идеална центристичка влада, за која треба да му се честита на Бојко Борисов“. „Во земјата се случува многу голем настан“, изјави за Бугарското национално радио основачот на Галуп интернешнал […]

Бугарија: Партијата на Кирил Петков осудена на маргинализација?


  Невозможно е трајно решение на политичката криза во Бугарија без учество на коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија, дури и ако без неа треба да се формира редовна влада. Таа ќе биде непопуларна во коалицискиот и кадровскиот состав и нестабилна во начинот на функционирање, без разлика колку долго ќе владее, пишува Веселин Стојнев […]

Во Бугарија медиумите објавија неофицијално дека се обновуваат преговорите за состав на влада


Со назнака – „неофицијално“ – бугарските медиуми утрово објавија дека одлучено да се обноват преговорите меѓу ГЕРБ, „Демократска Бугарија“, „БСП – Обединета левица“ и „Има таков народ“ за состав на влада на таа држава. Разговорите ќе се водат до петок и ќе бидат интензивни, јави БНТ. Информацијата е објавена откако ГЕРБ-СДС на 5 јануари соопшти […]

Ќе плати ли економска цена Македонија за влегувањето на Бугарија и Романија во Шенгенот?


  Првиот ден од Новата година стотици Бугари заминаа на кафе во Солун или на ручек со морски деликатеси. По влегувањето на Бугарија во Шенген зоната нејзините граѓани можат без контрола на границите да патуваат во соседна Грција. Практично, не мораат ни да застанат на граничниот премин на кој до сега се редеа колони возила. […]

Во Бугарија значајно поскапе лебот откако се врати ДДВ од 20 проценти


Во Бугарија се бележи значително зголемување на цените на лебот, откако од 1 јануари се врати ДДВ стапката од 20 проценти. – Еден од најчестите типови леб, кој до неодамна се доставуваше по цена од 1,35 лева, сега чини 1,62 лева – точно 20 отсто поскапување, изјави Марија Кабамитова, сопственичка на мала продавница во Пловдив, […]

Бугарските пратеници во нов – деветти обид – да изберат претседател на Парламентот


Бугарските пратеници претпладнево ќе остварат нов обид – деветти по ред за избор на претседател на Парламентот, јави БТА. Минатата недела тие повторно не успеаја да изгласаат шеф на законодавниот дом. Во петокот ГЕРБ-СДС ја смени тактиката – лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов објави дека ја повлекуваат кандидатурата на нивниот кандидат Раја Назарјан и ќе […]

ЕК ја суспендира исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија


Европската комисија реши да ја стопира исплатата на втората транша за Бугарија во рамки на Планот на ЕУ за закрепнување и одржливост во износ од 653 милиони евра, поради неспроведувањето на предвидените реформи.  Во соопштението на Европската комисија се посочува дека исплатата на овие средства е суспендирана на шест месеци, бидејќи Бугарија не ги исполнила […]

Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател


Пратениците во бугарскиот Парламент денеска ќе направат шести обид да изберат претседател на 51-то Народно собрание откако не успеаја минатата недела за нов избор. Новоизбраните пратеници положија заклетва на 11 ноември, но новиот парламент се уште не може да функционира поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател на законодавниот дом, јави […]

Три години од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица


На денешен ден пред три години се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“. Загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќале од организирано патување во Истанбул. Казна затвор од една година и осум месеци казна […]

Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав


Новоизбраниот бугарски парламентарен состав (51. Народно собрание) ќе ја одржи претпладнево првата седница. согласно указ од 5 ноември на претседателот Румен Радев, јави БТА. Првата седница на Националното собрание ќе ја отвори најстариот присутен пратеник – во 51-от парламент тоа е Силви Кирилов од „Има таков народ“ кој има 73 години доека најмладиот е од […]

Димитров: Се надеваме дека ќе има добра волја за заеднички јазик со македонските историчари


Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања денеска во Скопје ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата. Ангел Димитров, бугарски историчар и дипломат, по претпладневниот дел од средбата во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија изјави дека се разговарало околу претставувањето на Охридската архиепископија во 11 век, но дека разговорите за ова прашање […]

Долгот на Бугарија само 22,1 отсто од БДП, на Грција дури 163,6 отсто


На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни поени во […]

Прво апсење на важен политичар во Бугарија за купување гласови


  Бугарскиот пратеник Џејхан Ибрамов, кој е близок со Ахмед Доган, основачот на партијата на турското малцинство Движење за права и слободи (ДПС), е уапсен под обвинение за продавање влијание и примање пари за нелегално купување гласови. Ова го прави Ибрамов политичар од највисок профил кој е уапсен во Бугарија од 2022 година, кога долгогодишниот […]

Бугарија го одби предлогот на Орбан да посредува меѓу Софија и Скопје


Само неколку часа по понудата Унгарија да посредува за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, Бугарија го отфри предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан кој вчера во Охрид соопшти дека до македонската страна доставил предлог за надминување на проблемот, но побара и согласност од Бугарија за Унгарија и официјално да стане медијатор, експресно […]

Бугарија не ги спроведува одлуките на Стразбур за македонското малцинство уште од 2006


  Најстарите случаи за имплементација на пресудите на Судот за човекови права за македонското малцинство во Бугарија чекаат на имплементација од 2006 година. Ова стои во извештајот објавен минатата недела од Democracy Reporting International (ДРИ), во соработка со Европската мрежа за имплементација (ЕИН), за земјите-членки на ЕУ во кој се вели дека  земјите-членки на ЕУ […]

За бугарското МНР изјавите на Николоски се „неевропски и невоспитани“


Министерството за надворешни работи реагираше на зборовите на вицепремиерот и министер за транспорт на Република Северна Македонија, Александар Николоски, кој Бугарите ги нарече „мизерни“. „Во врска со последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на официјални лица од Република Северна Македонија, ние категорично одбиваме да се вклучиме во таков неевропски и неспоив […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се на ЛСД!


Вчера, при официјалната посета на Бугарија од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, се случи невидено погазување и понижување на достоинството на македонската држава и нејзините граѓани, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук. -За првпат во историјата на нашата држава, македонски претседател оствари средба со претседател на друга држава без никакви државни […]

Имаше ли дипломатски скандал во Софија или не?


Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова вчера беше пречекана во Софија без официјалното знаме на нашата држава – и не само таа. Како што се гледа од фотографијата од средбата на министерот за култура Зоран Љутков, и таму отсуствувало националното знаме на Македонија. Иако станува збор за неофицијална посета и бугарските медиуми пишуваа дека Давкова се […]