Захариева: Правиме се Македонија да започне преговори за членство во ЕУ


Договорите меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција се многу важни и сметам дека новиот со Грција нема да се одрази на нашиот, рече министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева одговарајќи на прашање на МИА како потпишувањето на доворот меѓу Македонија и Грција ќе се одрази на веќе потпишаниот договор меѓу […]

Изложба на македонски автори во Созопол во рамки на проектот „Поврзување“


Во Центарот за уметности, локални занаети и традиции, сместен во стариот дел на Созопол, синоќа во 18.30 часот беше отворена групна изложба на автори кои се од Македонија но живеат, работат или студираат во Бугарија. Се работи за проектот „Поврзување“ со кој Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија четврти пат учествува на Меѓународниот франкофонски […]

Ѓорѓиев: Разговорите со историчарите од Бугарија ќе бидат долги


Во третата декада од јуни се очекува да се одржи првиот состанок на заедничката мултидисциплинарана комисија на Македонија и на Бугарија која треба да работи на отворените историски и образовни прашања меѓу двете земји, откако владите во Скопје и во Софија го потпишаа Договорот за добрососедство. Нашите и историчарите од Бугарија со тоа ќе ги […]

Епидемија на птичји грип во Бугарија


Бугарската агенција за безбедност на храна соопшти денеска дека на фарма за патки во село на севроисток во државата е регистрирана епидемија на птичји грип. Околу фармата е поставена затштитна зона од околу три километри и властите почнале со уништување на живината. Тоа е втора епидемија на птичји грип во селото Стефаново од октомври кога […]

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на св. Кирил


Премиерот, Зоран Заев со делегација на владини претставници, како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“. Како што соопшти владината прес служба, денеска, премиерот Заев и делегацијата ќе […]

Захариева: Средбата за Западен Балкан беше неоспорен успех


Кога има непобитен успех, нешто што не се случило 15 години на европска сцена, а тоа се случува во Бугарија, по идеја и иницијатива на Бугарија, апсурдно е да се каже дека ништо не се случило. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по повод Самитот меѓу лидерите на Европската унија и […]

Каракачанов: Бугарија нема проблем со предлогот „Република Илинденска Македонија“


Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска изјави дека за неговата земја нема проблем една од варијантите за ново име на Република Македонија да биде „Република Илинденска Македонија“. – Нам не ни пречи. На 1 август минатата година потпишавме договор со кој се обврзуваме заедно да ги славиме заедничките празници. Илинден е денот […]

Ангел Димитров, историчар и дипломат: Мит е дека Македонија се ослободила сама


Кога зборуваме за генезата, треба да знаеме дека во современата Македонија постои неизвесен идентитет поради неколкуте луѓе кои ја создаваат генезата, потеклото на македонската нација, вели бугарскиот историчар и долгогодишен дипломат во Македонија, професор Ангел Димитров. Бугарската влада го назначи Димитров да ги води разговорите со македонската страна за спорните прашања и заедничката историја. Формирањето […]

Галуп: Бугарите застануваат зад Република Македонија во спорот со Грција за името


Бугарите не загубиле свој пријателски однос кон Македонија. Деликатните односи во изминатите децении не успеале сосема да заличат на блиски врски, но регистриран е позитивен пробив во изминатите неколку месеци. Тоа се податоци од најнова анкета на Галуп спроведена меѓу 9 и 16 март врз 772 лица. Во анкетата се нагласува дека Бугарите ја поддржуваат […]

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историски и образовни прашања


Владите на Македонија и на Бугарија ги утврдија составот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и на Заедничката меѓувладина комисија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, а се очекува деновиве во Софија експертската комисија да ја има првата средба. Како што изјави за МИА владиниот портпарол Миле Бошнаковски, Владата за […]

Црна Гора и Бугарија меѓу државите со наголем број жртви во сообраќајни несреќи


Црна Гора е меѓу државите со најголем број жртви во сообраќајни несреќи, пишува весникот „Дан”. Статистиката покажува дека во Црна Гора бројот на загинати во сообраќајки во 2016 година бил 10 на 100.000 лица. Истата година толку жртви имало и во Бугарија, во Србија тој број бил 9, во Хрватска 7, во Словенија 6, во […]

Орце Камчев ќе се изначека да стане почесен конзул на Бугарија во Македонија


Бизнисменот Орце Камчев најверојатно нема да дочека да стане почесен конзул на Бугарија во Македонија. Според неофицјални информации, многу малку е веројатно Министерството за надворешни работи да одговори позитивно на барањето на официјална Софија. Со оглед на тоа дека при дипломатските именувања важи максимална дискреција, се очекува МНР да ја остави постапката отворена толку долго […]

Ќе биде отворен четврти граничен премин меѓу Бугарија и Македонија


До крајот на 2020 година се очекува да биде готов патот кон граничниот премин „Клепало” меѓу Бугарија и Република Македонија, најави синоќа, за време на парламентарната контрола бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи Николај Нанков. – Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани […]

Борисов: Бугарија, Романија и Романија да помогнат за Србија да стане членка на ЕУ


Бугарија, Грција и Романија треба да направт се што е можно за Србија да стане дел од Европската унија. Тоа го нагласи денеска премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прес-конференција во Будимпешта, по средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција. Третата средба меѓу лидерите на четирите држави се […]

Изгоре бугарски автобус на пат за Македонија


Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир. Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија. Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18. 30 часот, но причините не се соопштуваат. Според првичните сознанија, […]

Бугарија го назначи Орце Камчев за почесен конзул во Македонија


Бугарија го назначи бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул во Македонија и барањето за егзекватура е стигнато во македонското Министерство за надворешни работи, пишува СакамДаКажам.мк Според процедурата, барањето се разгледува во МНР, а потоа се бараат мислења од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата. Кога ќе се комплетира документацијата, министерот за надворешни […]

Уапсена градоначалничка на софиска општина поради поткуп


Бугарската полиција денеска ја уапси градоначалничката на софиската општина Младост, Десислава Иванчева, под обвинение за примање поткуп. Софиското јавно обвинителство соопшти дека кај Иванчева биле пронајдени 70.000 евра, кои таа ги добила како поткуп. Како што јави БТА, покрај Иванчева, приведени се и нејзиниот заменик, како и човекот што и го дал поткупот. Иванчева беше […]

Бугарија ги поддржа нападите во Сирија-Протести во Атина


Бугарија, која моментно претседава со ЕУ, соопшти дека нападите на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија претставуваат одговор на воените злосторства. – Бугарија отсекогаш го застапувала ставот дека ништо не може да го оправда убивањето на невини луѓе, вклучувајќи и деца, дека употребата на хемиско оружје е воено злосторство, а нападот врз цели во […]

Владата ќе потпише меморандум за заеднички настап на пазарот на струја со Бугарија


Владата на Република Македонија на денешната  седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на  Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија, и го прифати усогласениот текст на овој меморандум. Една […]

Повеќе од половина Бугари веруваат дека ќе има Трета светска војна


Мнозинството од Бугарите, односно 53 отсто, сметаат дека во моментов постои реална опасност од глобален воен конфликт. Тоа значи дека такво мислење имаат 2,9 милиони полнолетни Бугари, од вкупно 5,5 милиони кои живеат во земјата, го коментира резултатите „Галуп Интернешнл“ од најновата социолошка анкета. Вкупно 34 отсто од анкетираните (околу 1,9 милиони лица) ценат дека […]