Истрагата за автобуската несреќа во Бугарија е при крај, се чекаат резултатите од вештачењата


Истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 лица е при крај. Се очекуваат само резултатите од вештачењата – судско-медицинска, техничка и пожарно-техничка. Тие би можело да бидат готови пред Божиќ, (з.а. на 25 декември), изјави денеска за БНТ шефот на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов. Според Сарафов, податоците […]

Генчовска: Во оваа фаза нема да има промена на позицијата на Бугарија кон Северна Македонија


За време на примопредавањето на должноста од техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, новата министерка за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска рече дека во оваа фаза нема да има промена на ставот на Бугарија и дека ќе се придржува до Договорот од 2017 година и декларацијата за Националното собрание, јави дописникот на МИА од […]

Засега без официјална потврда од надлежните бугарски власти за националноста на загинатиот возач 


Бугарија – Возач на камион со турски регистарски таблички загина при судир на два камиона на автопатот Тракија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора во Бугарија, јави бугарската Нова ТВ. Портпаролката на Секторот на бугарското Министерство за внатрешни работи од Стара Загора, во изјава за дописникот на МИА од Софија нагласи дека засега не е […]

Загинатиот возач во денешната сообраќајка во Бугарија не е македонски државјанин


Бугарија– Возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, не е македонски државјанин, јави дописникот на МИА од Софија. Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал било со црногорски регистарски таблички. Сообраќајната […]

Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението, нема регистриран случај со сојот омикрон


Бугарија – Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението, изјави за БНР епидемиологот проф. Мира Кожухарова, советник на Министерот за здравство. Смртноста, според неа, се намалува, но и натаму таа е висока поради лошата здравствена состојба на Бугарите и проблемите во здравствениот систем. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кожухарова смета дека во […]

Борисов: ГЕРБ нема да ја поддржи владата на Кирил Петков


Лидерот на најголемата парламентарна опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека в понеделник, кога ќе се гласа за новата влада на Бугарија во Народното собрание, тие нема да ја поддржат. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Борисов, владата во која е Бојко Рашков (технички министер за внатрешни работи) и мрачен шеф на […]

Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста


Мандатарот за новата бугарска влада, Кирил Петков, денеска го претстави идниот кабинет за кој треба да се гласа в понеделник во собранието. Одговарајќи на прашањето каква ќе биде политиката на новата влада кон Македонија Петков одговори дека бугарската позиција останува каква што е, но дека треба да се надогради со комуникација на тимовите од двете […]

Петков: Прва задача ќе ни биде контрола на цената на струјата


Бугарија – Откако го доби мандатот за формирање нова бугарска Влада од претседателот Румен Радев, копретседателот на „Промените продолжуваат“ и мандатар,  Кирил Петков, изјави дека прв чекор ќе им биде контрола на цената на струјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, втората задача на новиот бугарски премиер ќе биде да ја контролира кризата со […]

Радев му го врачи мандатот на Кирил Петков за состав на новата бугарска Влада


Бугарија– Бугарскиот претседател, Румен Радев, претпладнево му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска Влада на Кирил Петков, копретседател на победничката партија на изборите од 14 ноември „Промените продолжуваат“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот Радев му посака успешен мандат во слободна, европска и просперитетна Бугарија. Мандатарот Петков, од своја страна, […]

Радев денеска го врачува мандатот за состав на новата бугарска Влада


Бугарија– Бугарскиот претседател Румен Радев утринава ќе му го врачи мандатот за формирање нова влада на мандатарот предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание – „Промените продолжуваат“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, церемонијата ќе се изврши во 10 часот во бугарското Претседателство. Коалицискиот договор вечра го потпишаа победниците од „Промените […]

Ѓоргиев: Рамковната позиција од 2019 го предизвика застојот во историската комисија


Историчарите не можат да излезат од ќор-сокакот за цар Самоил. Бугарија инсистира само на нејзиниот поглед на историјата   Застојот во работата на Заедничката експертска македонско-бугарска историска комисија датира од октомври 2019 година со донесувањето на Рамковната позиција на Бугарија за старт на преговорите со Северна Македонија, вели копретседателот од македонска страна на Заедничката историска […]

Дипломатите го отпишаа декември, Македонија сѐ уште се надева на позитивен сигнал


Може ли Емануел Макрон да изврши влијание да се крене бугарското вето, откако тој пред две години ефективно го запре проширувањето   Слободанка Јовановска Наспроти НАТО, за кое важеше дека секоја среда може да ни даде членство (на состанок на Северноатлантскиот совет), за ЕУ и натаму важи правилото – не оваа среда, туку идниот петок. […]

Бугарија ќе ја добие новата влада в понеделник


Министерка за надворешни работи треба да биде Теодор Генчовска предложена од Има таков народ, откако во последен момент отпадна Димитар Гардев поради фалсификување на дел од неговата биографија   Ден пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, кога треба да се расправа за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија, Бугарија ќе ја […]

Мицкоски едно, Николоски друго за блокадата на Бугарија


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека Бугарија не е проблем за Македонија на патот кон ЕУ, а Мицкоски вели Македонија е жртва во спорот со Софија, но дека за една недела ќе ги почнела преговорите со ЕУ   Нејасно е кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за блокадата на Бугарија на патот на Македонија кон […]

Тешко на ЕУ со вакви земји-членки


Како Бојко Борисов, па и Красимир Каракачанов, звучеше вчера претседателот Румен Радев, кој го искористи самитот во Брдо за да си го поправа рејтингот во Бугарија пред трката за нов претседателски мандат. Несвојствено за еден шеф на држава, и тоа од Европската унија, половина час редеше услови што треба да ги исполни Македонија како да […]

Интелектуалците ѝ го обелија образот на Софија


ГОРАН АДАМОВСКИ Во деновите кога Македонија го прославуваше Денот на народното востание во 1941 година против фашистичкиот окупатор, Бугарија ни испрати нови услови што мора да ги исполниме за да добиеме зелено светло во процесот на преговори со Европската Унија. Земјата што влезе во Унијата во 2007 година, иако заедно со Романија ни од далеку […]

Началникот на ГШ на бугарската армија во посета на Скопје


Висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, од денеска е во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија. Генералот Боцев, како што е најавено, денеска во Министерството за одбрана и во Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со […]

Ѓоргиев не прифаќа вонреден состанок на заедничката комисија со Бугарија


По најавите од претседателот на Комисијата за историски прашања од бугарска страна, Aнгел Димитров дека ќе побара вонреден состанок до крајот на август, историчарот Драган Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели дека такво нешто не прифаќа. – Не прифаќаме вонреден работна средба. […]

Бугарија ќе купи борбени авиони Ф-16, откако Собранието го отфрли ветото на претседателот Радев


Бугарија – Народното собрание на Бугарија го отфрли ветото на претседателот Румен Радев за набавка на борбени авиони Ф-16 за Военото воздухопловство. За отфрлање на ветото гласаа 128 пратеници, додека 73 беа против. За потврда за купување на авионите беа доволни 121 глас. Расправата траеше околу два часа, а опозицијата претежно не се согласуваше со условите […]

Бугарски синдикати: Околу 21 отсто од економијата е во „сивиот“ сектор


Бугарија– Околу 21 отсто од бугарската економија е се уште во „сивиот“ сектор. Тоа го нагласи денеска Пламен Димитров, претседател на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија. Според него, во пари тоа значи дека се околу 23 милијарди лева годишно (11,5 милијарди евра). Податоците на Синдикатот укажуваат дека секторите со највисок дел во „сивата“ економија се […]