Oд петок во Бугарија се укинува вонредната епидемиолошка состојба


Бугарија– Бугарија од 1 април нема да биде во сосотојба на вонредна епидемија и ќе се укинат воведените антиепидемиски мерки во таа држава. Тоа на брифинг го соопшти министерката за здравство на Бугарија, Асена Сербезова. Од тој датум се укинува носењето заштитни маски во затворени објекти. „Во Бугарија, по серија мерки за олабавување, време е да […]

Софија: Побарувачката на Русија за плаќања за гас во рубли ги прекршува договорите


 Руското барање за плаќање гас во рубли ги прекршува договорите и не треба да се прифати, изјави денеска владина портпаролка во Софија. – Ставот на Бугарија, кој е усогласен на европско ниво, е дека таквото прекршување на постоечките договори, во кои јасно е наведено дека плаќањата треба да се вршат во евра или американски долари, […]

Застојот во проширувањето на ЕУ создава дополнителна нестабилност на регионот, оптимизам за брзо надминување на спорот со Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски вчера од Софија порача дека застојот во проширувањето на ЕУ создава дополнителна нестабилност на регионот, затоа што има неколку негативни тенденции и создава простор за злонамерно влијание од трети страни. Бугарскиот премиер Кирил Петков, пак, рече дека е оптимист за брзо надминување на спорот со Скопје, порачувајќи дека Северна Македонија „припаѓа во […]

Петков најави „добри вести“ за кревање на бугарската блокада


  Кревањето на бугарската блокада изгледа реално во наредниот период. Барем така вели бугарскиот премиер Кирил Петков. Тој денеска на прес-конференција изјави дека „наскоро се очекува добра вест за кревање на бугарското вето за Македонија и започнување на процесот за пристапување во Европската унија, кој беше посочен како особено важен во контекстот на она што […]

Скопје и Софија се приближија, но уште се далеку за договор


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има одредено приближување на ставовите со Бугарија, но, како што нагласува, не до позиција да се каже дека е најден заеднички јазик за надминување на разликите. Битно е посочува тој, да се најде решение од кое подеднакво ќе бидат и задоволни и незадоволни двете страни за […]

Гир: Сакаме да видиме отворање на преговорите со Скопје и Тирана што е можно поскоро


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ја реафирмираше позицијата на Унијата дека посакува што е можно поскоро отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. – Јасно е дека ние сакаме да видиме отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Ние ги поздравуваме напорите на Скопје и […]

Војната на Путин и бугарските колаборационисти


  Од руската инвазија на Украина, сите сме поделени на пријатели и непријатели. Не само државите, туку и нациите и нивните индивидуални претставници. Како во политичката теологија на познатиот теоретичар на правото и политиката Карл Шмит, кој исто така бил истакнат нацист. За него, опозицијата непријател-пријател е во срцето на политичкото, бидејќи човештвото нема надворешни […]

Бугарија истражување „Болнички индекс“: Кадровска катастрофа во болниците во државата


Над 73 отсто од болниците во Бугарија имаат сериозен недостиг од лекари, а околу 90 отсто од медицински сестри. Ова доведува до исцрпеност на персоналот и го деградира квалитетот на обезбедената грижа за пациентите. Без навремени мерки, според повеќето раководители на болниците, во следните 5 години ќе има принудно преструктуирање и самозатворање на голем дел […]

Војната во Украина ја откри „долгата рака“ на Кремљ врз Бугарија


  СОФИЈА — „Да не стоиме поделени. Време е да се каже: Бугарија е обединета“, рече премиерот Кирил Петков пред толпата собрани на споменикот на Шипка на 3 март, денот кој за Бугарите го означува крајот на вековното отоманско владеење. Како одговор, група проруски симпатизери и поддржувачи на екстремната десница, некои од нив веејќи руски […]

Кирил Петков: Во Бугарија нема независно обвинителство


Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на состанок на Советот на министри изјави дека во Бугарија нема независно обвинителство. – Повторно се соочуваме со апсолутна саботажа од Обвинителството на Република Бугарија под раководство на Иван Гешев, изјави бугарскиот премиер – Се прикриваат обвиненија што лесно можеме да ги најдеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат […]

Македонски државјанин приведен во Бугарија врз основа на европска потерница


Бугарската полиција на граничниот премин „Ѓуешево/Деве Баир“ го привела 53-годишниот македонски државјанин Н.Е. врз основа на европска потерница издадена од Суд во чешкиот главен град Прага. Како што соопшти софиското Јавно обвинителство, при проверка на документите за лична идентификација, полициските службеници на граничниот премин утврдиле дека прашкиот Суд издал европска потерница за апсење и екстрадиција […]

Во Скопје идната недела продолжуваат разговорите со Бугарија, македонската страна со јасни усогласени ставови


Разговорите со Бугарија за отворените политички прашања продолжуваат следната недела, со посетата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје на 23 и 24 март. Северна Македонија во процесот на разговори настапува со јасни усогласени ставови во однос на отворените прашања. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера на средба со новинарите, најавувајќи ја […]

Грковска: Има сигнали за одблокирање на процесот во Меѓувладината група со Бугарија


Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска оцени дека соработката со колегите од Бугарија при работата во меѓувладината работна група за европска интеграција и зелени политики е одлична и се одвива во позитивна атмосфера, при што во разговорите се чувствува поинаква енергија отколку во изминатиот период. – Интересно е што и […]

Вучиќ: Ќе биде „целосна катастрофа“ ако Бугарија ја запре испораката на гас од Русија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека за Србија ќе биде „целосна катастрофа“ најавата на Бугарија дека ќе го затвори гасоводот доколку Русија почне да плаќа транзит во рубљи, јави Бета.  – Тоа за нас е целосна катастрофа. Сите други ќе добијат нешто. А ние немаме каде да добиеме ништо, освен преку Берегово од […]

Бугарин починал додека чекал ред да купи зејтин во супермаркет


Бугарија– 77-годишен маж почина додека чекал ред да купи зејтин во супермаркет во Бургас, Бугарија, објавија бугарските медиуми. Кога дошла Брзата помош само констатирала смрт.   „Човекот почина во супермаркетот. Го турнаа и му се слоши. Беше лудница, тој падна, посине и почина. Редот беше огромен“, кажа жена која пазарувала во супермаркетот за бугарската телевизија […]

Бугарија ќе даде експертиза за животната средина во преговорите со ЕУ


  СОФИЈА – Бугарија е подготвена да го сподели со македонската страна искуството во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина, било потврдено на вториот состанок на меѓувладината работна група со Бугарија „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото“ што се одржа вчера во бугарското Министерство за животна […]

Познат бугарски бизнисмен и политичар, наклонет кон Кремљ, осуден на четири години затвор


  Бизнисменот и лидер на проруската популистичка партија Волја, Веселин Марешки е осуден на четири години затвор поради случајот со изнуда што трае осум години. Казната не е конечна и може да се обжали до Врховниот суд. Доколку Марешки конечно биде осуден, тој ќе стане највисокиот бугарски политичар кој ќе добие затворска казна. Пред две […]

Во Софија успешен состанок на работната група за евроинтеграции, договорени активности важни за двете земји


 Македонска владина делегација составена од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерoт за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерoт за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити  и генералниот директор на Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули, денеска […]

Петков свика вонредна седница на бугарскиот Совет за безбедност заради Украина


Бугарскиот премиер Кирил Петков одржа вонредна седница на Советот за безбедност, соопшти владината прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на седницата се разговарало за состојбите во регионот на Источна Европа и на Балканот во врска со ризиците кои произлегуваат од војната во Украина, како и можните сценарија за развојот на ситуацијата. Министерот […]

Лидерот на бугарската партија „Преродба“ доби 10-годишна забрана за влез во Украина


Бугарија – На лидерот на бугарската националистичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, му е забранет влезот во Украина. -Забраната е изречена за период од 10 години, кажа  Костадинов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на најмалата парламентарна партија во бугарскиот Парламент викендов бил во посета на Украина и Молдавија меѓу Бугарите од Бесарабија. Костадинов […]