Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години


Во Бугарија денеска се одржуваат петите вонредни парламентарни избори за помалку од две години. Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник . И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто […]

„Републиката Румен Радев“ пред нова победа во Бугарија?


  СОФИЈА – Петтите општи избори во Бугарија во последните две години во недела веројатно нема да го надминат долгогодишниот политички ќор-сокак во земјата, што значи дека енигматичниот претседател Румен Радев најверојатно повторно ќе биде главниот победник. Бугарските претседатели обично играат само церемонијална улога, но целосниот неред меѓу парламентарните партии во изминатите две години значи […]

Четврт ден дојави за поставени бомби во училишта низ Бугарија


 Четврти ден закани со бомби до училиштата во Софија и низ Бугарија. Повеќе од 45 нови закани, повторно испратени по електронска пошта, затворија училишта. Истрагата на полицијата чија цел е да се утврди каде се наоѓа испраќачот, продолжува. Директорите на локацијата одлучуваат дали часовите треба да продолжат, јавија бугарските медиуми. Неколку училишта во Бургас го […]

Дојави за бомби во 35 училишта во Софија, властите не знаат од каде доаѓаат заканите


Утринава, 35 училишта во Софија добиле заканувачка електронска пошта, во која се тврди дека во училиштето била поставена експлозивна направа. Некои од образовните институции што денеска добиле дојави сè уште не го продолжиле процесот на учење по вчерашната серија закани. Бугарскиот претседател Румен Радев ги коментира дојавите и ги опиша како хибридни напади. Шефот на државата […]

Софија била „вознемирена“ од бришењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“


  Одлуката на Централниот регистар на Македонија да го избрише бугарскиот клуб од Битола од листата на здруженија очекувано предизвика реакција во Софија. Таа реакција на свој начин е остра, но не и жестока. Заменик-министерот за надворешни работи и портпарол, Костадин Коџабашев, имаше прес конференција, но сѐ уште нема официјална реакција на Министерството за надворешни […]

ЕУ ќе одвои 600 милијарди евра за зајакнување на границата на Бугарија со Турција


Европската унија ќе одвои 600 милиони евра за зајакнување на границата на Бугарија со Турција, изјави денеска државниот секретар во бугарското Министерство за внатрешни работи Петар Тодоров. Тој рече дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја информирала Владата на Бугарија дека Комисијата одржала состанок за нов стратешки пристап за заштита на надворешната граница […]

Бугарските клубови во Македонија се најдоа во извештајот на Стејт департментот за Бугарија


  Извештајот на Стејт департментот за човековите права го потврди она што како порака стигнува изминатите денови од Европската унија на редовна основа – дека Македонија има многу подобар однос кон етничките малцинства отколку Бугарија и што е поважно, дека никој не гледа системска дискриминација во однос на Бугарите во нашата држава, нешто на што […]

Изборна кампања во Бугарија: Уморни се и политичарите и граѓаните


  Изборите се за две недели. Кампањата e на половина пат. Тоа оди без особен ентузијазам и за партиите и за гласачите, што е разбирливо – ова е петта изборна кампања во последните две години. Анкетите уште еднаш покажуваат ќор-сокак во парламентот, без посебни изгледи за стабилна влада. Ова се чини дека зацртува уште едни […]

Бугарски маки со финансиите: Дали ќе се тропне на вратата на ММФ


  Финансиите на Бугарија не се во добра состојба, буџетскиот дефицит стигна до големи размери. Затоа денеска службената влада објави дека ќе предложи пакет мерки за драстично намалување на буџетскиот дефицит за 2023 година од над 11 милијарди лева (5,5 милијарди евра) што е 6,9% од БДП, на околу 5 милијарди лева (3%) од БДП, […]

Обединување на Македонија со Бугарија- главно предизборно ветување на Преродба


  Бугарската партија Преродба, која според анкетите може да освои до 12 отсто гласови на претстојните парламентарни избори во Бугарија, ќе собира гласови играјќи на „картата“ – обединување на Бугарија со Македонија. „Македонија е втората бугарска држава на Балканот и Преродба работи на обединување на двете државни формации во една заедничка држава. Патот до ова […]

Приведен најбогатиот бугарски градежен претприемач


Градежниот претприемач и бизнисмен Велико Желев е приведен, а бугарското Министерство за внатрешни работи, во негово присуство, извршило претреси во неговите канцеларии, јавува Еуроњуз Бугарија. Според првичните информации, се работи за истрага за принуда. Повеќе детали се очекуваат утре. Според првичните податоци, бизнисменот го натерал својот вработен да потпишува документи со невистинита содржина, додаваат од […]

Бугарија уништува големо количество вакцини против Ковид-19 со истечен рок


Бугарските здравствени власти денеска објавија дека оваа година ќе бидат уништени 2,8 милиони дози вакцини против Ковид со поминат рок. Претходно, 2,3 милиони дози вакцини веќе беа уништени во земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ. Министерот за здравство Асен Меџидиев рече дека Бугарија има премногу вакцини, слаб опфат со вакцинација и дека нема […]

Бугарија: ЕППО истражува измама од повеќе милиони евра во врска со емисиите на стакленички гасови


 Европското јавно обвинителство (ЕППО) денеска во Софија, Бугарија,  спроведува десетици претреси и истражни мерки, во истрага за можна измама во врска со системот за тргување со емисии на ЕУ (ЕУ ЕТС), што довело до загуби од милиони евра за ЕУ и националните буџети, наведе ЕППО на својата веб страна. Приватна компанија одговорна за верификација на […]

Бугарското ВМРО се откажа – нема да учествува на изборите на 2 април


  Партијата на Красимир Каракачанов ВМРО изгледа оди кон неповратно и целосно маргинализирање во Бугарија. Денеска таа соопшти дека нема да се појави на претстојните предвремени парламентарни избори на 2 април, иако се пријави да учествува на нив. Наместо тоа, партијата ќе ги бојкотира со кампања дека учеството во нив е беспредметно, бидејќи „кога странските […]

„Мудис“: Усвојувањето на еврото во Бугарија може да се одложи до 2025 година


Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ го потврди долгорочниот рејтинг на Бугарија во странска и домашна валута со стабилна перспектива, објави Министерството за финансии (МОФ), цитирано од БТА. Според „Мудис“, Бугарија сѐ уште може да ја исполни својата цел за усвојување на еврото од 2024 година, но во главното сценарио за земјата се претпоставува дека овој процес […]

Официјална Софија: Македонските власти се однесуваа понижувачки кон бугарскиот народ и Бугарија


  По денешните настани на граничниот премин Деве Баир, кога стотина бугарски државјани останаа заглавени на границата поради дефект со струјата, Министерството за надворешни работи на Бугарија преку долго соопштение објави дека македонските власти се однесувале понижувачки и неприфатливо кон бугарскиот народ и кон Бугарија. Во соопштението се наведува дека денешните настани нанеле сериозна штета […]

Вашингтон ги повика Софија и Скопје да ја деескалираат реториката и да ги решат билатералните спорови


  САД ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови. Ова за Гласот на Америка го соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје. – Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД […]

Бугарија не го враќа амбасадорот во Скопје и ќе ги суспендира меѓудржавните проекти со Македонија


  Бугарија ќе ги прекине сите заеднички меѓудржавни проекти со Македонија поради претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, објави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по седницата на собраниската Комисија за надворешни работи. Нема да се врати и бугарскиот амбасадор во Скопје додека Софија не видела вистински напредок во борбата против говорот на омраза и […]

Бугарија оди на предвремени избори, петти во две години


Бугарите напролет ќе излезат на парламентарни избори по петти пат во две години, откако социјалистите денеска се откажаа од плановите за формирање нова влада. Социјалистите, кои имаа трета и последна шанса да формираат влада по изборите без победа на 2 октомври, рекоа дека направиле сериозни напори да добијат поддршка поставувајќи јасни национални приоритети, но не […]

Бугарија праќа авион по претепаниот Пендиков во Охрид


Бугарската влада започна операција за евакуација на тешко повредениот Христијан Пендиков, кој е секретар на нашиот културен клуб во Охрид, дознава bTV од бугарското дипломатско претставништво во Северна Македонија. За таа цел ќе биде испратен владиниот авион „Фалкон“ заедно со екипа од Воено-медицинската академија – двајца лекари и медицинска сестра за реанимација. Шефот на државата […]