Брнабиќ: ЕУ и САД се загрижени за Косово, јасно им е дека Курти не почитува ниту еден договор


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денеска дека на ЕУ и на САД им е „целосно јасно дека косовскиот премиер Албин Курти не почитува ниту еден договор и загрижени се што ќе се случи во наредниот период“, јави дописникот на МИА од Белград. -Дури и германскиот пратеник за Западен Балкан и дијалог меѓу Белград и […]

Брзата пруга ќе го приближи Скопје до Белград и до Будимпешта


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека во јуни се завршени преговорите за капиталниот проект, железничко поврзување на коридорот 10 преку како што нагласи, брза модерна пруга помеѓу Белград, Ниш, Прешево, односно граница со Северна Македонија, до Скопје и понатаму кон Грција. – Тоа е проект којшто ќе го финансира ЕУ и дел од бесповратните […]

Патарините во Македонија и во Србија електронски може да се плаќаат со еден уред


Поминувањето на патарините во Македонија и во Србија од сега ќе биде многу поедноставно и побрзо откако денеска на наплатната рампа „Прешево“, беше промовиран заедничкиот интегриран електронски систем за наплата како еден од проектите во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. За сега ваквиот начин на електронско плаќање со еден уред може да се користи во […]

(Во живо) Ковачевски и Брнабиќ го промовираат интегрираниот електронски систем за наплата на патарините


Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го промовираат заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините. Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува […]

Брнабиќ: Посетата на Пленковиќ е позитивен импулс за во иднина


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Суботица по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Србија смета дека односите со Хрватска се многу важни и дека е искрено заинтересирана за развој на севкупните односи и подобрување на соработката. „Оваа посета на премиерот Пленковиќ денес, како и мојата неодамнешна посета на Загреб, се многу важни […]

Брнабиќ ја повика БиХ да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан, а Црна Гора да се вклучи повеќе


Српската премиерка Ана Брнабиќ ја повика Босна и Херцеговина да размисли за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан, наведувајќи дека иницијативата нема никаква врска со политика, туку дека ќе придонесе за намалување на тензиите. „Ги замолувам сите од Босна и Херцеговина да размислат за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан. Тоа нема никаква врска со политика, освен […]

Курти бара имплементација на договорот од Охрид, а Брнабиќ формирање на ЗСО


 Премиерот на Косово, Албин Курти денеска побара целосна имплементација на договорот Белград – Приштина за нормализација на односите, додека српската премиерка Ана Брнабиќ се заложи за имплементација на Бриселскиот договор и формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), јави БЕТА. – Високиот претставник на ЕУ (за надворешна и безбедносна политика) Жозеп Борел официјално го објави договорот на […]

Србија ќе се приклучи на интерконекторот со Грција, од лето една патарина за двете држави


  Нема поголема глупост од границите на Балканот. Ние сме биле држави кои меѓу себе единствени сме немале граници, а сега сме единствени кои меѓу себе имаат граници. Ако излезете на север од овде на Хоргош, граници нема до Скандинавија. Ако сакате да одите на Балканот, на секои 100 километри имате граници. Ако некои проекти […]

Ковачевски на прошетка со Вучиќ и Брнабиќ покрај Сава во Белград


Премиерот Димитар Ковачевски вечерва заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ ја започна својата официјална посета на Белград со прошетка на шеталиштето покрај Сава во Белград.   -Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу […]

Македонија – Србија: Меморандуми за соработка во рударството и енергетиката, за проток на лица и стоки и електронски систем за патарина


  Премиерот Димитар Ковачевски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Во владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација […]

Ковачевски утре во Белград на средби со Вучиќ и Брнабиќ


Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе се состане во Белград со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски во зградата на Генералниот секретеријат на претседателот на Србија, соопштија од службата за соработка со медиумите на претседателот Вучиќ. Во соопштението се наведува дека средбата ќе се одржи во 09:00 часот, а по средбата ќе биде проследено соопштение. […]

Брнабиќ: Србија е секогаш подготвена за дијалог, но ЗСО мора да се формира


 Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека Србија е секогаш подготвена за дијалог и секогаш ќе биде тука да разговара со Приштина, но дека Заедницата на српските општини мора да се формира и овојпат тоа е заеднички став на Србија и нејзините западни партнери, пред се ЕУ и САД. Одговарајќи на новинарско прашање дали Србија е […]

Брнабиќ со Шоле: Конструктивната улога на САД во зачувувањето на мирот во регионот


Премиерката Ана Брнабиќ денес во Белград разговараше со политичкиот советник на државниот секретар на САД, Дерек Шоле. Премиерката се заблагодари за отворениот и конструктивен пристап што Соединетите Американски Држави го имаат во однос на отворените прашања во регионот, а особено за конструктивната улога на САД во зачувувањето на мирот во регионот, соопшти Владата на Србија. […]

Брнабиќ: Срамна реакција на ЕУ, Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана


  По срамната изјава на ЕУ, само уште една во низа, Србија веќе нема никаква потреба да учествува на самити за Западен Балкан. ЕУ или ќе ги почитува вредностите што ги пропагира или Србија веќе нема да има потреба да учествува во оваа фарса, порача српската премиерката Ана Брнабиќ во соопштението на Владата. Како што […]

Брнабиќ: Новата влада ќе биде влада за кризни времиња, ќе има 25 министерства, 4 повеќе од сегашната


 Новата српска влада сигурно ќе биде влада за кризни времиња, изјави денеска мандатарката Ана Брнабиќ и оцени дека „за жал постојано работиме во кризи“, но дека она со што ќе се соочи новата влада не е видено од Втората светска војна – енергетската криза, почетокот на третата светска војна „на прокси начин“, инфлацијата и борбата […]

Брнабиќ: Хрватска покажа дека е отворено непријателска кон Србија


Мандатарката за состав на новата српска влада, Ана Брнабиќ денеска изјави дека Хрватска со барањето да спречи увоз на руска нафта преку Јанаф покажа дека е „отворено непријателска“ кон Србија, јави српската новинска агенција Бета. – Единствениот нафтовод на кој сме поврзани, за жал, минува низ Хрватска. Таа покажа дека е небезбеден партнер, небезбеден снабдувач […]

Брнабиќ очекува дека владата ќе биде формирана во септември


Мандатарката за состав на новата влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември.   Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во владата, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.   „Од моментот кога ќе […]

Брнабиќ: Енергетиката е наш врвен приоритет, размислуваме и за интерконктор со Северна Македонија


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ смета дека денес, 65 години после Римскиот договор, не може да се каже дека Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана, без целосна интеграција, односно како што посочува, опфаќање на Западен Балкан. Тоа е логично бидејќи, вели, целиот регион е опкружен со земји членки на ЕУ. – Ние сме опколени […]

Брнабиќ: СПЦ се обидува да реши прашања што придонесуваат за соработка и поврзување


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска во Скопје не сакаше да ги коментира односите и разговорите за црковните прашања меѓу Српската православна црква и МПЦ – Охридска архиепископија, но им се заблагодари на СПЦ и на српскиот патријарх Порфирије, затоа што, како што оцени, се обидуваат да решат прашања што придонесуваат за регионална соработка, разбирање […]

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој


  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ. Премиерот Ковачевски и премиерката Брнабиќ на оваа средба, на која присуствуваа и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ги потврдија долгогодишните и традиционално добри […]