„Витаминка“ објасни зошто поскапе маслото „Брилијант“ – суровото масло сега чини 2.200 евра за тон


Цената на суровото масло за јадење која ја набавува „Витаминка“ за производство на „Брилијант“ сега чини по 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца изнесуваше од 1.200 до 1.500 евра за тон, па поради тоа мораше да дојде до зголемување и на цената во малопородажбата. Вака од „Витаминка“ ги образложуваат причините […]

Поскапе маслото за јадење на „Брилијант“


„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари. Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на суровината. Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до […]

Нема проблем со производството на маслото за јадење, велат од „Витаминка“


За наредните месеци нема проблем со обезбедување на суровините за масло за јадење, а прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ успешно го снабдува, со 40 насто, домашниот пазар, рече генералниот директор Сашо Наумоски пред премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши кои денеска ја посетија компанијата. Според Наумоски, нема проблеми со производството на масло за […]

Бектеши во посета на фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и направи увид како се спроведуваат одлуките кои што ги донесе Владата по предлог на Министерството за економија за заштита на домашното производство на основни прехранбени производи. Бектеши истакна дека домашните капацитети за производство на оснoвни прехранбени […]

Брендот Брилијант се проширува, маслото Брилијант Омега 3 во продажба


Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места. Со појавата на Брилијант Омега 3, се зголемува производниот асортиман на фабриката во Штип, а брендот Брилијант ја зацврстува својата позиционираност на пазарот. Воведувањето на ова масло е инвестирање во проширување на производниот асортиман а преку воспоставување на новиот […]

Витаминка го купи имотот на штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра


Прехранбената компанија „Витаминка“ од Прилеп потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална Банка АД Скопје. Во сопственост на „Витаминка“ АД Прилеп преминува недвижен имот, објекти од 4.956 метри квадратни и земјиште со право на сопственост од 21.592 метри квадратни, подвижни ствари како и пренос на права од индустриска сопственост (трговски […]