Британскиот Парламент вторпат ќе гласа за договорот за Брегзит


Англија- Британскиот Парламент денеска ќе гласа за Договорот за Брегзит, кој веќе еднаш го отфрли во јануари годинава. Британската премиерка Тереза Меј синоќа во разговор со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер успеа да обезбеди „правно обврзувачки“ промени во нејзиниот договор за Брегзит, во последниот обид да добие поддршка од британските пратеници кои се заканија дека […]

За да нема царини по „Брегзит“- Македонија и Британија договараат слободна трговија


Македонија се подготвува за тврд „Брегзит“. Првичната верзија на нацрт-договорот за слободна трговија меѓу двете држави веќе се разгледува од експерти на двете страни, откако претходно биле договорени деталите на два состаноци меѓу претставниците на Велика Британија и Македонија, велат владини извори за „Независен весник“. Откако договорот ќе се усогласи, треба да помине низ парламентите […]

Јункер: Ако Лондон не замине од ЕУ до 23 мај ќе бира свои европратеници


Белгија- Велика Британија треба да ја напушти Европската унија пред европските избирачи да гласаат за нов Европски парламент меѓу 23 и 26 мај. Во спротивно ќе треба да изберат свои европратеници. Тоа го нагласува претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. – Напуштањето на Лондон треба да заврши пред европските избори кои ќе се одржат меѓу […]

Тереза Меј во Стразбур со цел да постигне компромис за Брегзит


Премиерот на Велика Британија, Тереза Меј, вечерва ќе треба да пристигне во Стразбур со цел да постигне компромис за Брегзит, кој ќе им дозволи на пратениците да го усвојат договорот за излез од ЕУ, изјави ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковенеј. – Преговорите се во тек. Многумина се надеваа дека во оваа фаза ќе […]

Брисел подготвува казни за Лондон поради одолговлекувањето на Брегзит


Брисел размислува за неколку казни за Велика Британија како компензација за одолговлекувањето на Брегзит, објави лондонскиот весник „Дејли телеграф“. Весникот посочува дека членките на ЕУ бараат правни и финансиски компензации, кои ќе се додадат на веќе планираните „исплати на трошоци за разводот“ во износ од 39 милијарди фунти. Неименуван европски пратеник за „Дејли телеграф“ рекол […]

Меј размислува за одлагање на гласањето за Договорот за Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј разгледува можност за одлагање на гласањето во Парламентот во Лондон за Договорот за Брегзит, превидено за утре, во услови на ќорсокак во разговорите меѓу Велика Британија и ЕУ, тврди во денешното издание лондонски „Тајмс“. Весникот наведува дека високи претставници на владејачката Конзервативна партија вршат притисок врз Меј да го одложи утрешното […]

Британскиот Парламент во вторник ќе гласа за договорот за брегзит


Британската Влада денеска објави дека во вторник во Долниот дом на Парламентот ќе се одржи второто гласање за договорот за брегзит, што е договорено со Брисел, изјави министерката за парламентарни прашања Андреа Ледсом. Доколку договорот биде повторно отфрлен, премиерката Тереза Меј ќе дозволи да се гласа истата недела за тоа дали треба Британија да излезе […]

BMW го сели производството од Велика Британија во Австрија


BMW може да пресели делот за производство на мотори од Велика Британија во Австрија во случај да се случи неконтролиран Брегзит, изјави денеска член на управата на германската компанија Петер Шварценбауер. „Имаме одредена флексибилност кога станува збор за мотори со Steyr во Австрија. Би било потребно да извршиме некои измени. Подготвени сме да го направиме […]

Британската опозиција ја обвинува Меј дека се обидува да ги подмити


Британските опозициски политичари ја обвинија денеска премиерката Тереза Меј дека се обидува да ги подмити за да гласаат за нејзината спогодба за Брегзит. Владата најави пакет од 1,6 милијарди фунти за финансирање обнова на „пропаднатите“ заедници, пренесе АП. Многу заедници се наоѓаат во Англија, каде гласаа за опозициската Лабуристичка партија и тој потег се гледа […]

Меј: Ако Парламентот го одбие договорот, за Брегзит ќе одлучат пратениците


Британската премиерка Тереза Меј изјави дека пратениците, доколку британскиот Парламент го одбие нејзиниот договор за Брегзит, ќе одлучат дали да ја напуштат ЕУ без договор или да се обидат да го одложат излегувањето на земјата од Европската унија. Меј истакна дека Парламентот ако го отфрли нејзиниот договор со ЕУ следниот месец, тогаш пратениците ќе гласаат […]

Лабуристи ќе поддржат втор референдум за Брегзит


Лидерот на лабуристичката партија Џереми Корбин изјави дека тие ќе поддржат втор референдум за да го спречат, како што рече, „штетниот ториевски Брегзит“. Тој рече дека ќе поднесе или поддржи „амандман во корист на јавно гласање“. – На овој или оној начин, ќе сториме сè што е во наша моќ за да спречиме напуштање на […]

Холанѓаните се шегуваат со влакнесто чудовиште Брегзит


Додека Британците имаат потешкотии да си претстават како ќе изгледа излегувањето на земјата од Европската Унија, Холанѓаните покажаа како тие гледаат на тој процес, со изработка на кукла наречена Брегзит. Станува збор за сино „влакнесто чудовиште“ облечено во бела маичка со црвен натпис „Брегзит”. Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок на Твитер објави фотографија […]

Меј: Нема одложување на Брегзит, 29 март ја напуштаме ЕУ


Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека нејзината Влада не го променила својот став и оти не сака да го одложи датумот за Брегзит- 29 март, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ. –  Многу е јасно дека позицијата на Владата, од кога сме го покренале членот 50, е дека имаме временски рок од […]

Меј: Непоколеблива сум, без тврда граница меѓу двете Ирски


Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е „непоколеблива“ нејзината посветеност да не додје до примена на таканаречената „тврда граница“ меѓу двете Ирски. Меј вчера во Белфаст рече дека дека многумина во Северна Ирска и Република Ирска се загрижени, откако британските пратеници го отфрлија договорот за Брегзит. Би-Би-Си потсетува дека клучниот камен на сопнување е таканаречениот […]

„Сони“ поради Брегзит ја преместува европската централа во Холандија


Англија– Јапонскиот технолошки гигант „Сони“ одлучи својата европска централа да ја премести во Холандија од Велика Британија, поради излегувањето на земјата од Европската унија. – Ќе ја преместиме нашата европска централа во Амстердам, изјави претставник на компанијата и додаде дека целта е избегнување царински процедури. „Сони Јуроп“  така ќе премине под нова филијала основана во […]

Британскиот Парламент и изгласа доверба на премиерката Тереза Меј


Пратениците во британскиот Парламент изгласаа денеска доверба на конзервативната премиерка Тереза Меј и покрај тоа што ден претходно нејзиниот план за брегзит претрпе историски пораз. За нејзина поддршка гласаа 325 пратеници додека 306 беа против. Меј доживеа вчера пораз на клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор со кој Велика Британија треба да ја напушти Европската […]

Почна гласањето за Брегзит во Парламентот на Британија


Англија– Почна гласањето во Долниот дом на британскиот Парламент за спогодбата за Брегзит на премиерката Тереза Мај. Резултатите од гласањето треба да бидат објавени околу 22 часот по МКД време. По објавувањето, главниот европски преговарач Мишел Барние ќе се сретне со пратеници во Европскиот парламент. Последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката и […]

Меј: Ако пропадне договорот, се наоѓаме на непозната територија


Англија – Доколку Парламентот не го прифати договорот за Брегзит, Британија ќе се најде на непозната територија, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј. – Ако договорот не биде усвоен на претстојното гласање, тогаш всушност ќе бидеме на непозната територија. Не мислам дека некој може точно да каже што ќе се случи во врска со реакцијата […]

Тереза Меј го закажа гласањето за Брегзит за јануари


Британските парламентарци ќе имаат можност да гласаат за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ во третата недела од јануари, соопшти премиерката Тереза Меј. Гласањето требаше да се одржи минатата недела, но беше одложено откако Меј призна дека има шанси да ја изгуби поддршката од мнозинството. Таа денеска рече дека Брисел бил јасен дека […]

Се повеќе Британци сакаат германско државјанство со приближувањето на Брегзит


Германија– Се повеќе Британци сакаат да имаат германско државјанство, како што наближува излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Над 500 молби биле поднесени лани, што е огромен пораст во споредба со претходните години. Процесот на Брегзит се очекува да започне во март 2019 година, а порастот на барањата за германското државјанство е сигнал дека Британците, кои […]