Психолозите објаснија зошто сме привлечени од луѓе кои се во брак или врска


Дали некогаш сте почувствувале силна привлечност кон некој кој е во брак или врска иако никогаш не би одлучиле да изневери? Психолозите наведуваат дека ова е феномен на „копирање на изборот на партнер“. Психологот Елоиз Скинер изјави за Metro.co.uk дека ова е дефинирано како веројатност за избор на партнер што се зголемува ако таа личност […]

Психолог тврди дека соодносот 5:1 е клучот за функционирање на секоја врска


Ниту една врска не е без конфликти, но успешниот брак зависи од балансирањето на позитивните и негативните интеракции. Познатиот американски психолог Џон Готман опширно проучувал што ги прави врските успешни и открил принцип познат како „сооднос 5:1“, или магичен сооднос. Овој сооднос сугерира дека за секоја негативна интеракција, како што е критиката, одбранбеноста, отфрлањето, па […]

Кипарската полиција открила 133 лажни венчавки


Кипарската, латвиската и португалската полиција уапсија 15 лица поврзани со десетици лажни бракови од интерес на Кипар, остров во источниот дел на Медитеранот, соопшти синоќа кипарската полиција. На 29 јануари во акција на полициската агенција Европол, предводена од кипарската полиција, на Кипар беа уапсени 13 лица, додека истиот ден во Португалија и Латвија беа уапсени […]

Попис 2021: Дури 98,4 отсто живеат во брачна заедница


Државниот завод за статистика денес објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата. Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23,8 отсто се неженети/немажени, 65,3 отсто се мажени/женети, […]

Најдобрата возраст за брак е 26 години


САД – Луѓето се различни и секој има различно разбирање за тоа кога е вистинското време за брак, но сепак, научници тврдат дека, со помош на алгоритам, откриле кои години од животот се најблиску до идеалноста за стапување в брак. Според оваа теорија, откако „ќе минете 37 отсто од временската рамка од 18 до 40 години […]

Како се однесуваат хороскопските знаци во бракот? – Лавот посакува кралски живот, а вие?


За да успее врската или бракот меѓу двајца има многу услови кои треба да се исполнат, а за почеток партнерите да се договорат, да имаат ист поглед на светот. Дали ќе се согласат, во голема мера зависи од карактерот, вредностите во кои веруваат, целите што сакаат да ги постигнат… Еве како се однесуваат хороскопските знаци […]

Дали Хали Бери се омажи за Ван Хант?


САД– Оскаровката Хали Бери е опсипана со честитки. Причина: актерката објави фотографии на која таа и нејзиниот партнер – пејач и текстописец Ван Хант, се на некое егзотично место, се бакнуваат, а на главата има венец од цвеќе. До фотографијата пишува: „Па, официјално е!“   Честитките почнаа да пристигнуваат веднаш по објавата на Инстаграм, веста […]

Папата Франциско: Трите клучни зборови во бракот се – „Молам, благодарам и извини“


Во обид да ги охрабри брачните двојки, папата Франциско рече дека пандемијата ги влошила постоечките проблеми во некои семејства, ги повика двојките да побараат помош и потсети дека трите клучни зборови во бракот се: „Молам, благодарам и извини“. Папата напиша писмо до брачните двојки, што беше објавено денеска, на католичкиот празник на Светото семејство, со […]

(Видео) Ја запроси на стадион, а таа не го ни погледна


На дербито од фудбалскиот шампионат на Албанија меѓу Тирана и Партизани „падна“ барање за брак, но помина прилично неславно. Навивач на гостинскиот тим се симна од трибините, клекна и ја отвори кутијата со прстен пред атрактивната новинарка Геа Браха. Таа, за жал, не го ни погледна, сконцетрирајќи се на работата. Имено, таа во секој момент […]

Расте бројот на склучени, но и разведени бракови во Македонија


Бројот на склучени бракови во Македонија бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.4 отсто и изнесува 13.781 склучен брак. Најмногу бракови, 1. 771 или 12.9 […]

Во втор и трет брак почесто стапуваат мажите


Во Македонија лани биле склучени 13.781 брак, а регистрирани се 1.994 разводи. Бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со 2016 година, е зголемен за 4,4 проценти. Најмногу бракови, 1.771 или 12,9 проценти се склучени август, а најмалку во март, 764 или 5,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Најчесто е стапувањето […]