Возило на БРАКО стана единствен македонски производ сертифициран за меѓународен квалитет во лабораторијата на TUV во Германија


Возилото за урбана хигиена на „Брако“, моделот 636, доби сертификат за меѓународен квалитет од германскиот институт TUV од Минхен.   Како што информираше денеска сопственикот на „Брако“, Кочо Анѓушев, возилото 636 е единствен производ од земјава сертифициран директно од TUV Германија, чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија. – „Брако“ и својата […]

Заварувачките работи во БРАКО ќе се изведуваат во целосно реновирана и модерна хала вредна 300 илјади евра


Пуштена е во употреба целосно реновираната хала за заварување во БРАКО, инвестиција од околу 300 илјади евра, со што продолжува модернизацијата на производствените погони во фабриката. Реновирањето на халата, која е со површина од над 2400 m² траеше над 2 месеци, а како дел од модернизацијата поставена е и фотоволтаична електрична централа на кровот на […]

Започна со работа реконструираната течна фарбара во БРАКО во Велес – инвестиција од 150 илјади евра


  Вчера започна со работа новиот објект на „Течна фарбара“ во БРАКО, како една од седумте инфраструктурни единици од комплексот „Фарбара“ на БРАКО, за чија целосна реконструкција инвестирани се околу 150 илјади евра. Со пуштање во функција на новата течна фарбара се заокружува процесот на инвестиции од над 250 илјади евра во погони на Одделот за финална […]

Идните инженери со голем интерес за можностите за пракса и вработување во БРАКО


Студентите од Машинскиот факултет, ФЕИТ, ФИНКИ и Технолошко – металуршкиот факултет во изминатите четири дена изразија огромен интерес и во голем број го посетуваа штандот на македонската компанија БРАКО за време на Саемот за практикантство и вработување. Младите идни инженери од различни струки се интересираа за производствените процеси кои се одвиваат во БРАКО, особено за […]

„Брако“ со нова инвестиција за подобрување на производството во фабриката (фото)


    Велешки „Брако“ инвестира 250 илјади евра за целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ.   Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се намали вкупното време […]

Осум „Грин Машинс“ возила на „Брако“ тргнаа за Велика Британија


Осум електрични возила за одржување хигиената во урбана средина тргнаа од „Брако“ за Велика Британија и во следните денови ќе бидат испорачани до нивните корисници. Осумте машини се изработени во фабриката „Грин Машинс“ во склоп на „Брако“, во специјална, нестандардна изведба според желбите и потребите на нарачателите и се испорачани во рекордно време од неполни […]

„Грин Машинс“ на велешки „Брако“ се претстави на саемот во Бирмингем


  На 14 и 15 септември „Брако“ со својот бренд на возила за одржување на хигиена во урбани средини „Грин Машинс“ учествуваше на RWM&LetsrecycleLive во Бирмингем, Велика Британија. На овој водечки настан во Велика Британија, на кој што учествуваа реномирани компании и врвни професионалци од сферата на управување со отпад, ресурси и одржливост, „Грин Машинс“ […]

„Брако“ на саемот „Wire – Join the best“ во Дизелдорф


„Брако“ од Велес од денес ја претставува Програмата за жица и жичани производи во Диселдорф, на водечкиот саем од областа на жичаната индустрија во светски рамки, „Wire Dusseldorf“ 2022 . Жичаното производство е една од првите производствени програми во „Брако“, која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Со најновите […]

„Брако“ од понеделник на саемот за жичани производи во Диселдорф


Во понеделник „Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица ижичани производи на саемот „Wire“ во Диселдорф, Германија. Очекувањата се дека презентацијата на „Брако“ на престижниот саем во Диселдорф ќе придонесе во реализирањето на целта за производство на 3.000 тона месечно, жичани производи во следните четири години. „Наша цел, како […]

(Фото) „Брако“ со возилата „Грин Машинс“ од утре учествуваат на престижниот ИФАТ саем во Минхен


Во тек се последните подготовки пред утрешниот старт на саемското претставување на “Грин Машинс” на престижниот саем за еколошки напредни технологии ,ИФАТ во Минхен, Германија. На најиновативниот штанд,одготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата, ќе бидат претставени најновите револуционерни решенија имплементирани во единствените „грин машинс“ возила и машини за чистење надворешни […]

„Брако“ со инвестициски циклус од 10 милиони евра


Велешката компанија од метало-преработувачката индустрија „Брако“  стартува нов инвестициски циклус во износ од 10 милиони евра. Денеска таму присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски и заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и со раководството на „Брако“, ја истакнаа важноста од новите инвестиции во технологија и човечки ресурси за […]

(Во живо) Нова инвестиција на „Брако“


Велешката компанија од метало-преработувачката индустрија „Брако“ денеска ќе ги промовира новите производствени погони во кругот на фабриката. Менаџментот ќе информира за последните инвестициски активности на компанијата, како и за плановите за развој и проширување на производствените капацитети. На промоцијата присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, како и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кои заедно со […]

„Брако“ отвора нови погони, Ковачевски и Битиќи во посета на компанијата


Велешката компанија од метало-преработувачката индустрија „Брако“ денеска ќе ги промовира новите производствени погони во кругот на фабриката. Менаџментот ќе информира за последните инвестициски активности на компанијата, како и за плановите за развој и проширување на производствените капацитети. На промоцијата ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, како и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кои заедно […]

„Брако“ стартува со нова производствена програма, 450 тона метални конструкции годишно ќе се испорачуваат во Австрија


По испорачаните прототипови и нулта серија, за само неколку месеци, „Брако“ започнува со сериско производство и неделни испораки на шасии за мини дампери наменети за  австрискиот пазар Металните конструкции (шасии) за мини дампери, наменети за австрискиот пазар, веќе прераснуваат во прецизно дефинирана производствена програма. Моделот на системот, од суровина до финален производ, кој е во […]

„Брако“ започна со производство на машини за индустријата за обработка на стакло наменети за германскиот пазар


Од неодамна, производствените капацитети на „Брако“ се ангажирани и за производство на машини кои се дел од машинскиот парк за обработка на стакло. Станува збор за компактен дизајн на машина, која што е совршенo самостојна работна позиција за одвојување на претходно софтверски исечено стакло.  Овие машини се изработуваат во различни димензии и се наменети за […]

„Брако“ во 2022 – План за нови вработувања и проектиран раст од 35 отсто


По успешната 2021 година кога компанијата забележа раст од над 50 отсто во споредба со претходната година, се вработија повеќе од 150 нови лица, „Брако“ и во 2022 година најавува интензивен раст на приходите и зголемување на бројот на вработени. Извршниот директор на  „Брако“, проф. д-р Кочо Анѓушев вели, очекувањата за 2022 година за фабриката […]

„Брако“ го освојува пазарот во Швајцарија со машините за додавање лим на CNC ласери


Брзиот развој на ласерската технологија и индустриската употреба на CNC машините (Computer Numerical Control) ја зголеми потребата од машини кои го автоматизираат производствениот процес. Речиси и да не постои современ машински парк без машини за додавање лимови на CNC ласери. Станува збор за машини кои го автоматизираат процесот на ласерско сечење на лим. Тие го […]

„Грин Машинс“ од Велес годинава стартува со испорака на возила во Франција


И оваа година, успешен старт на „Грин Машинс“од Велес. Одржувањето хигиена на најразлични надворешни површини , веќе по дефиниција им припаѓа на возилата од брендот „Грин Машинс“. Овие еколошки се поатрактивни возила ги исполнуваат сите  критериуми на системот за управување со квалитет и животна средина. Во светски рамки, „Грин Машинс“ преку овие возила ја промовира […]

Високите критериуми на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во основата на бизнис – стратегијата на „Брако“


Со имплементирањето на ISO стандардите во производствените процеси, со опсег на сертификација: развој и производство на жичани производи, производи од метал, медицински мебел, машини за чистење надворешни површини, „Брако“ директно одговара на високите критериуми и барања од меѓународната организација за стандардизација (ISO). „Со имплементација на ISO9001:2015, ISO14001:2015 и ISO45001:2018, „Брако“ сигурно и долгорочно ги исполнува […]

„Брако“ – втора година по ред компанија – партнер во спроведувањето на Дуалното стручно образование


„Брако“ е сертифицирана компанија што веќе втора учебна година по ред спроведува дуално стручно образование според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK). Компанијата ги пренесува практичните знаења и вештини во создавањето на идни квалификувани кадри од областа на современото машинство. На овој начин, по завршувањето на средното образование, се отвора […]