СПЦ: Шизматици од Поранешната Југословенска Република Македонија


Српската Православна Црква и Бугарската Православна Црква размениле писмена комуникација за иницијативата на МПЦ-ОА, да побара признавање на нејзината автокефалност од страна БПЦ-ОА. „Религија.мк“ од извори во Српската Патријаршија го доби писмото одговор што Српскиот Патријарх Иринеј му го испратил на Бугарскиот Патријарх Неофит. Писмото почнува токму со моментот дека СПЦ со голема запрепастеност го […]

БПЦ: Ќе им помогнеме на браќата во Македонија


Подготвени сме да сториме се што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија. Во посланието, објавено на веб страницата на Светиот синод на БПЦ, се вели […]

Протести во Софија против одлуката на БПЦ да не дојде во Македонија


Пред седиштето на Синодот на Бугарската православна црква во Софија денеска се одржува протест поради одлуката на бугарските владици да не учествуваат на одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, што на  27 мај ќе биде одржано во Охрид. Претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ Милен Врабевски, кој го организира протестот изјави дека зад грбот […]

Синодот на БПЦ не ја прифати поканата на г.г. Стефан за заедничко одбележување на 1000-годишнината од Охридската архиепископија


Претставници од Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија нема да учествуваат на одбележувањето на  1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија, што ќе се одржи на 27 и 28 мај во Охрид. Ова го одлучи Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница, а во врска со поканата од поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан […]

Г.г. Стефан до БПЦ: Заедно да ја прославиме 1000-годишнината на Охридската архиепископија


Охридската архиепископија е важна за сите православни народи. На прославата по повод 1000-годишнината, ги поканивме шефовите на Бугарската православна црква и на државата. Се надеваме дека заедно ќе го прославиме овој ден. Ова ги рече г.г. Стефан, архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Оваа година се одбележува 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. […]

Саборот на СПЦ ќе расправа за МПЦ-ОА и односите со БПЦ


Барањето на МПЦ-ОА до БПЦ да и биде мајка црква и новата територијална организација на СПЦ што ја засега и Македонија, се очекува да бидат дел од темите на пролетното заседание на Светиот архиерејски сабор на Српската православна црква што викендот почна во Пеќката патријаршија, а продолжува денеска во Белград. Иако нема официјална потврда од […]

Патријарх Неофит: БПЦ може да сподели Свето миро со МПЦ


Бугарската православна црква ќе ја разгледа можноста да го сподели своето Свето миро со Македонската православна црква, ако тоа биде побарано, изјави денеска бугарскиот патријарх Неофит. Поглаварот на БПЦ, кој во софискиот храм „Св.Александар Невски“ присуствуваше на преземањето на новоосветеното миро, рече дека БПЦ досега не го споделувала своето миро со други цркви, но ако […]

Неофит: Кога ќе треба да се исполни должноста, тоа и ќе го направиме


Кога ќе треба да ја исполниме должноста, тоа и ќе го направиме, изјави бугарскиот патријарх Неофит за Бгнес, во врска барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија до Бугарската православна црква да и биде црква-мајка и да се бори за нејзината автокефалност. Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на […]

Патријарх Иринеј: Барањето на МПЦ до БПЦ е доказ за незрелост


Српскиот патријарх Иринеј смета дека барањето на македонската православна црква од бугарската православна црква да ѝ биде мајка црква е доказ за незрелост. Според него, ваквото барање нема ниту канонска ниту историска основа. „Не сакам да навредам никого, но факт е дека тоа што го направија барајќи мајка црква да им биде бугарската е само […]

Тимотеј: Треба да продолжат разговорите меѓу МПЦ-ОА и БПЦ


Светиот архиерејски синод на Македонската правосалвна црква-Охридска архиепископија го прифати извештајот од почнатите разговори на црковните комисии на МПЦ и на Бугарската православна црква и донесе став разговорите меѓу двете црковни комисии да продолжат, изјави денеска портпаролот на Синодот, г.Тимотеј по синодската седница која се одржа денеска и на која беа разгледани повеќе актуелни прашања […]

Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан се сретна со бугарскиот патријарх Неофит


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан денеска бил примен од патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит, јавува бугарската агенција БГНЕС. Ова е прва средба на поглаварите на двете цркви, откако БПЦ прифати да и биде мајка црква на МПЦ, како чекор кој треба да доведе до признавање на нејзината […]

БПЦ не ја „посвои“ МПЦ


Бугарската православна црква реши делумно да го прифати барањето на Македонската православна црква да ѝ биде црква мајка. На вчерашното заседание Синодот на БПЦ – Бугарска патријаршија заклучи дека негова света должност е на МПЦ да ѝ понуди целосна соработка, посредување и застапување пред другите православни цркви, односно да преземе сѐ што е потребно за […]

Митрополитот Агатангел се оградува од соопштението на Синодот на МПЦ-ОА


Митрополитот Повардарски г. Агатангел во пишана реакција наведува дека се оградува од соопштението на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија по повод одлуката и решението на Светиот синод на Бугарската православна црква. „Изненаден сум од веста дека постои соопштение на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – ОА […]

Заев: Одлуката на БПЦ e исклучително позитивна


Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја оцени како исклучително позитивна. „Како православен верник сум радосен, но уште еднаш ќе повторам Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во […]

БПЦ ја прифати понудата на МПЦ


Бугарската православна црква ја прифати понудата на Македонската православна црква – Охридска архиескопија да и стане црква – Мајка. На денешното заседание на Синодот на БПЦ, беше заклучено дека „БПЦ никогаш не била рамнодушна кон страдањата на МПЦ“. „Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија за своја црква […]

БПЦ ќе се консултира со останатите цркви пред да одлучи за барањето на МПЦ


Светиот синод на Бугарската православна црква ќе се консултира со останатите 14 православни цркви, меѓу кои и руската, српската и грчката, пред да донесе одлука за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од секретаријатот на БПЦ за бугарски „Дневник“ изјавиле дека предлогот најверојатно ќе биде разгледан на седницата закажана за 27 ноември, но […]

Ромфеа.гр: Шизматската МПЦ подготвена да ја признае БПЦ за мајка-црква


Популарниот грчки црковен сајт „ромфеа.гр“ под наслов „Шизматската Македонска црква е подготвена да ја признае Бугарската патријаршија како своја мајка-црква“, информира за писмото и барањето на МПЦ-ОА за евхаристиско единство со БПЦ со укажување дека тоа ќе предизвика реакции во грчкото општество и во грчката црква. „Во писмото се говори за воспоставување евхаристиска заедница, но […]

Бугарската црква да го прифати барањето на МПЦ


Бугарската православна црква треба да ја искористи историската шанса и да стане мајка црква на Македонската православна црква, коментираат дел од аналитичарите во Бугарија по барањето на МПЦ за евхаристиско единство со БПЦ. Милен Врабевски, претседател на фондацијата „Бугарска памет“ во изјава за Бугарската национална телевизија, вели дека дека БПЦ треба да го прифати барањето […]