Џонсон го загуби клучното упориште во Лондон на локалните избори


Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби своето традиционално упориште Вандсворт во Лондон на локалните избори во Англија, првпат по 44 години. Конзервативците го контролираат советот во Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија. Лидерот на локалната конзервативна партија Рави Говиндиа истакна дека гласачите […]

Борис Џонсон неделава во посета на Индија


Aнглија – Во услови на тековната руско-украинска војна, британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја посети Индија оваа недела, соопшти индиското Министерство за надворешни работи. Министерството соопшти дека Џонсон ќе ја посети Индија на покана на индискиот премиер Нарендра Моди, а премиерите ќе одржат интензивни консултации за време на дводневната посета. „Индија и Обединетото Кралство уживаат […]

Русија го стави британскиот премиер Џонсон на „црна листа“ за влез во земјата


Руските власти денеска соопштија на британскиот премиер Борис Џонсон и на неколку британски високи функционери им е забранет влез во Русија како одговор на британските санкции воведени кон Москва поради војната во Украина. – Овој чекор беше преземен како одговор на претераната медиумска и политичка кампања насочена кон меѓународна изолација на Русија и создавање услови […]

Џонсон доби казна од 60 евра за присуство на забава за време на карантин


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон доби фиксна казна за прекршување на Законот за Ковид – 19 со присуство на роденденската забава на Даунинг Стрит број 10. Џонсон вети дека ќе се бори како премиер и покрај жестоките повици за негова оставка. Висината на казната е 50 фунти (60 евра). Министерот за финансии Риши Сунак и […]

Зеленски: Борис Џонсон „помага повеќе од другите лидери“


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивниот одговор на руската инвазија. Во интервју за списанието Економист, тој рече дека „Британија дефинитивно е на наша страна“ и „не врши балансирачки чин“. – Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе. Лидерите на земјите реагираат според тоа како […]

Џонсон да ги смести украинските бегалци во палатите на руските олигарси


Англија– Градоначалникот на украинскиот град Лавов го повика британскиот премиер Борис Џонсон да ги смести украинските бегалци во лондонските куќи на руските олигарси. „Она што ни треба сега е Борис Џонсон да почне да ги замрзнува банкарските сметки на руските олигарси во Лондон и да ги заплени нивните луксузни вили“, изјави Андриј Садови за Гардијан […]

За Велика Британија ветувањата на Путин кон Макрон се добредојден знак за Украина


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ветувањата на рускиот претседател Владимир Путин на неговиот француски колега Емануел Макрон се добредојден знак дека тој сепак е подготвен да се вклучи во изнаоѓање дипломатско решение за украинската криза. Според Даунинг стрит, Џонсон разговарал со Макрон по неговиот вчерашен телефонски разговор со Путин и во соопштение се наведува […]

Џонсон најави укинување на задолжителната самоизолација за позитивните на Ковид-19


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека, кога во текот на овој месец ќе ја претстави владината стратегија за соживот со коронавиорусот, има намера да ја укине законската обврска за самоизолација за луѓето во Англија кои се позитивни на Ковид-19 Минатиот јули тој за малку ќе ги укинеше сите епидемиолошки мерки во Англија, а минатиот […]

По „денот на топење“ Борис Џонсон се обидува да го врати авторитетот


  ЛОНДОН – Премиерската функција на Борис Џонсон изгледаше нестабилно со недели. Во четвртокот тркалата – во форма на низа врвни помошници – навистина почнаа да се откачуваат. Долгогодишниот сојузник на Џонсон, Мунира Мирза, шеф на одделението за политика во број 10 и советник на британскиот премиер уште од неговото време како градоначалник на Лондон, […]

Соработниците го напуштаат Џонсон поради забавите во „Даунинг стрит“


Англија – Шефот на кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон, Ден Розенфилд поднесе оставка, како и неговиот главен личен секретар Мартин Рејнолдс, соопштија од кабинетот на премиерот, неколку часа откако беше објавено заминувањето на двајца други премиерски соработници.   – Ден Розенфилд му понуди оставка на премиерот, која беше прифатена. Мартин Рејнолдс исто така го информираше […]

Истрагата заклучи дека забавите кај Борис Џонсон не може да се оправдаат


  ЛОНДОН – Социјалните собири што ги одржа премиерот Борис Џонсон и неговиот персонал додека Велика Британија беше во карантин претставуваат „сериозен неуспех“ да се почитуваат стандардите што се очекуваат од владата, покажа истрагата во понеделникот. Високиот државен службеник Сју Греј заклучи дека „имаше неуспеси во раководството и расудувањето“ во владата и „некои од настаните […]

Полицијата ќе ги истражува постапките на Борис Џонсон за време на карантинот


  Нови големи неволји за британскиот премиер Борис Џонсон. Комесарот на лондонската Метропилитен полиција, Кресида Дик, пред малку објави дека ќе се истражуваат настаните во Даунинг стрит 10 за време на тешкото заклучување. Гневот на јавноста се зголеми уште повеќе кога вчќера беше објавена информацијата дека на Џонсон му била приредена и роденденска забава со […]

Борис Џонсон имал и роденденска забава во затворено за време на строгиот карантин


  На Борис Џонсон му беше организирана роденденска забава за време на првото заклучување на коронавирусот во Велика Британија и покрај строгата забрана за дружење во затворени простории, објави во понеделникот телевизијата ИТВ. Телевизијата објави дека сопругата на премиерот на Велика Британија, Кери Џонсон, организирала ненадејно дружење за него попладнето на 19 јуни 2020 година, […]

Борис Џонсон ѝ се извини на кралицата за забавите пред погребот на принцот Филип


  Британскиот премиер ѝ се извини на кралицата за двете забави што се одржаа во Даунинг стрит во пресрет на погребот на принцот Филип минатата година, изјави портпаролот на Борис Џонсон. „Дејли Телеграф“ објави дека две одделни забави за заминување, за поранешниот директор за комуникации Џејмс Слек и за владиниот фотограф, биле одржани на 16 […]

Борис Џонсон се извини што бил на забавата за време на тешкиот карантин


  ЛОНДОН – Премиерот Борис Џонсон се извини во средата што присуствуваше на забава во градината за време на заклучувањето со корона вирус во Британија во 2020 година, но ги отфрли барањата на опозицијата да поднесе оставка поради кршење на правилата што ги наметна неговата сопствена влада. Џонсон се соочува со наплив на гнев од […]

Борис и Кери Џонсон објавија божиќна фотографија со кучето и новороденчето Роми


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери објавија божиќна фотографија со нивното куче Дилин и новороденчето Роми. Премиерот одржува серија видео повици додека неговата сопруга Кери седи покрај него и ја држи нивната двенеделна ќерка во  нивниот дом во Чекерс. Миленикот од расата Џек-Расел блажено спие покрај нив на софата. Со  светлосна кутија […]

Џонсон ја спореди вакцинацијата со божиќен подарок во традиционалната божиќна порака


Англија –  Британскиот премиер Борис Џонсон во својата божиќна порака ги повика Британците да се вакцинираат против коронавирусот и на тој начин да направат неверојатен подарок за себе и за своите најблиски. „После две години пандемија, не можам да ви кажам дека сме излезени од неа“, рече Џонсон во пораката, извадоци   објавенисиноќа, но кои ќе […]

Нов удар за Борис Џонсон – фотографија од дружба во мај 2020


  Новообјавената фотографија може дополнително да ја влоши позицијата на поткопаниот британски премиер. На снимката, која британски „Гардијан“ ја објави во понеделникот, Борис Џонсон се гледа на маса во градината на Даунинг стрит со неговата сегашна сопруга Кери и двајца вработени. Во позадина има други луѓе кои стојат заедно во мали групи, има вкупно околу […]

Борис Џонсон го загуби местото што конзервативците го држеа 200 години


Британските либерал-демократи постигнаа огромна победа на вонредните избори во Северен Шропшир во четвртокот, заземајќи место што конзервативците го имаат од своето основање пред речиси два века. Либерал-демократите го соборија мнозинството од речиси 23.000 гласови на претходните избори за да го освојат мандатот во четвртокот, со излезност од над 46 отсто. Нивниот кандидат Хелен Морган освои […]

Борис и Кери открија дека новородената ќерка се вика Роми Ајрис Шарлот Џонсон


Англија– Борис Џонсон и неговата сопруга Кери во четвртокот објавија дека својата новородена ќерка ја нарекле Роми Ајрис Шарлот Џонсон. Бебето, родено на 9 декември, е второто заедничко бебе на двојката по раѓањето на синот Вилфред во април 2020 година, а седмо на премиерот. Г-дин Џонсон, зборувајќи во центарот за вакцинација во Кент, го откри […]