Тајсон и Мејведер потпишаа договор и го најавија натпреварот според посебни правила


Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе одржат егзибициски натпревар во 2026 година. Продуцентската куќа CSI Sports ја потврди веста, а самите борци „го запалија огнот“ со своите изјави. Боксерските икони Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе влезат во рингот напролет 2026 година. Договорите за овој натпревар се потпишани, а тој ќе спои две генерации и […]

Светската боксерска федерација воведе задолжително утврдување на полот


Меѓународната боксерска федерација објави денеска дека ќе воведе задолжително тестирање за утврдување на полот за сите учеснички во своите натпреварувања. Новата политика стапува на сила на 20 август и прв пат ќе се применува во женска категорија на претстојното Светско првенство во бокс во Ливерпул, од 4 до 14 септември. „Ова значи дека сите спортисти […]

Битола викендов домаќин на поединечното Државно првенство во бокс


 Со настап на најдобрите македонски боксери во сите возрасни и тежински категории викендов во Битола ќе се одржи јубилејното 30 поединечно Државно првенство во бокс. Полуфиналните и финалните борби ќе се одржат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во организација на локалниот клуб „Пелистерски јунак“. „Домаќините БК Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на […]

Спорен полот на уште една боксерка во Париз – еве ја во четвртфиналето


Боксерката од Тајван Лин Јутинг се пласираше во четвртфиналето на олимпискиот турнир откако ја совлада Узбекистанката Ситора Турдибекова, но тоа не е најважната вест за оваа натпреварувачка. Прашањето за фер-плеј повторно се наметна, како претходниот ден на сега веќе познатиот меч меѓу Алжирката Иман Хелиф и Италијанката Ангела Карини, бидејќи пред една година ниту тајванѓанката […]

Унгарката  испрати порака до Иман Хелиф: „Ако е маж – поголема победа за мене“


Унгарката Ана Лука Хамори не се плаши од својот следен противник – контроверзниот Иман Хелиф од Алжир. Големо внимание на годинешните Олимписки игри привлече боксерката Иман Хелиф од Алжир, која минатата година беше дисквалификувана од Светското првенство кога тестовите покажаа дека има премногу тестостерон и дека тоа ја нарушува дозволената граница за жени. Италијанката Ангела […]

АМС ќе го награди Арсовски и ќе дава поддршка за боксот и во иднина


Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на денешната прес-конференција вети награда за Петар Арсовски кој неодамна го освои бронзениот медал на Европското првенство за млади боксери. – Честитки за младиот Петар кој дефинитивно после многу години направил одличен резултат за македонскиот бокс. После толку години имаме млад шампион кој дефинитивно се надевам […]

Кличко се враќа во рингот за да го собори рекордот на Форман


Украина- Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија Владимир Кличко објави денеска дека размислува за враќање во рингот. Два дена по објавата на британскиот светски првак Тајсон Фјури дека ја завршува кариерата, 46-годишниот Кличко во интервју за германскиот весник „Билд“ најави дека ќе се обиде да се врати во рингот. – Зошто да не, доколку […]

Куба ја укина 60-годишната забрана за професионалниот бокс


Кубанските боксери се слободни да се натпреваруваат на професионално ниво за прв пат од 1962 година, објави „ESPN“. Националната боксерска федерација ја укина 60-годишната забрана откако постигна договор со организаторот на „Golden Ring“, промотивно шоу кое ќе се одржи на 20 мај во Мексико. Во шоуто се очекува да учествуваат олимписките шампиони од Токио, Хулио Сезар […]

БК Вардар со прва победа во Регионалната лига, Железничар совладан во Скопје


БК Вардар го победи Железничар од БиХ во 4-то коло од Регионалната лига во бокс, во групата А, во Скопје црвено-црните победија со 14-6 .   За нашиот тим ова беше прва победа во лигата со која останува во игра за пласман во полуфинале. Боксерите на Вардар победија на седум борби.    Во младинска конкуренција […]

Почина боксерската легенда Марјан Бенеш


На 67-годишна возраст, почина легендата на југословенскиот бокс – Марјан Бенеш. Тој беше европски првак во аматерски и професионален бокс. Почина во својот дом во Бања Лука, пренесуваат медиумите во БиХ. Срцето на еден од најдобрите боксери на овие простори престана да чука по долгогодишната борба со болеста. Минатата година беше примен во Клиничкиот центар […]